Придружете му се на брзото возење кон иднината - искусете ги ефикасната динамика и спортскиот дизајн со потполно електричните модели на BMW.
Откријте го широкиот опсег на електрични возила на BMW.
Искусете ја иднината на Е-мобилноста со електричните модели на серијата BMW i. Нашите електрични автомобили ги комбинираат импресивниот дизајн, иновативните технологии и максималната ефикасност. Од елегантни лимузини до SUV возила со високи перформанси - пронајдете го автомобилот што одговара на Вашиот животен стил.
Премини на нови патеки.
Често поставувани прашања за електромобилност.
BEV возилата (возила на електричен погон со батерија) работат исклучиво на електрична енергија, придвижувани од електричен мотор. Поради тоа, возилата немаат мотор со внатрешно согорување што ќе служи како погон. Електричната енергија се складира во високонапонска батерија. Покрај другите фактори[1] главно капацитетот е тој што го определува опсегот на е-возилото или, со други зборови, растојанието што може да го помине со едно полнење на батеријата. Електричниот автомобил е значително поефикасен од возилата со мотори со согорување, меѓу другото и поради тоа што погонскиот мотор ја враќа енергијата што се ослободува при сопирање во батеријата, процес што се нарекува рекуперација. Освен тоа, електричните возила возат без емисии на пократки патувања или при градско возење. Ова е значителна разлика од моторите со внатрешно согорување.
Целосно електричните автомобили се идеални за корисници што може да ја полнат батеријата на електричните автомобили на работа или дома. Истовремено, јавната инфраструктура за полнење забрзано се развива. Поради тоа, често се појавуваат нови станици за полнење за ултрабрзо полнење на подолги патувања, како што се станиците за полнење со кои управува нашиот партнер IONITY во Европа. Долгите патувања стануваат уште поедноставни.
Веќе нудиме опсег на електрични автомобили што одговараат на Вашиот животен стил - од лимузини до SUV возила со високи перформанси.
Електричниот автомобил Ви нуди сосема ново и емоционално искуство при возењето. Ќе доживеете извонредна возна динамика, благодарение на максималниот вртежен момент од мирување со беспрекорно забрзување.
Истовремено, речиси бесшумниот електричен мотор создава ново и релаксирано искуство при возењето. Исто така, возилото на електричен погон со батерија не испушта емисии кога се вози на пократки патувања или при градско возење.
Температурата е клучен фактор што влијае врз перформансите и капацитетот на батеријата. Ова несомнено е фактор што можеби сте го искусиле со Вашиот мобилен телефон: неговиот капацитет исто така е ограничен при многу ниски температури. Исто е и со Вашето возило. Влијанието на температурата е минимизирано со оптимизирање на оперативните стратегии. А дали знаевте дека капацитетот на батеријата укажува и на можниот достапен опсег? Освен температурата, опсегот во голема мера е под влијание на вашиот личен стил на возење, како и на факторите за потрошувачка на енергија, како што се климатизацијата, оптовареноста на приколката, багажот итн. Далеку најважен фактор во однос на стилот на возење е брзината на возење на автопат што ќе ја изберете. Ако треба да наполните во возење, Вашето BMW електрично возило ќе биде предусловено кога ќе внесете DC станица за полнење како Ваша дестинација. Ова значи дека високнапонската батерија ќе биде приспособена на оптималната оперативна температура кога ќе пристигнете на Вашата дестинација, со што се зголемува капацитетот за полнење и се скратува времето за полнење.
Електричните автомобили функционираат со примање енергија од батеријата, која електричниот мотор ја претвора во моќност. Оваа моќност се користи за придвижување на тркалата. Електричниот мотор генерира поголем вртежен момент и ја елиминира потребата од традиционален пренос, па така моќноста оди право во тркалата за директно забрзување.
Возење без емисии.
Намалете ги Вашите CO2 емисии и ниво на бучава во град и поставете пример за еколошки свесна мобилност.
Лесно полнење.
Користете го домашниот полнач за да го наполните Вашето возило лесно во удобноста на Вашиот дом. Полнете го преку ноќ за да го започнете денот со полна батерија. Придобивките од домашниот полнач: штедите време и Вашиот електричен автомобил се полни сигурно дома.
Ниски оперативни трошоци.
Тековните трошоци за електричен автомобил се општо пониски во споредба со автомобил со мотор со внатрешно согорување, бидејќи имаат помалку потрошни делови, како што се свеќички, филтри за масло или систем за издувни гасови.