BMW Серија 4 Coupé се карактеризира со моќна естетика и спортска динамика. Нив ги надополнува уникатниот впечаток при возење кој се добива поради нискиот центар на гравитација, идеална распределба на тежината врз оската, висока крутост на каросеријата и на моторите со TwinPower турбо технологија. BMW линиите Sport, Luxury и Modern заедно со М Спорт пакетот даваат опција за лично обележување на вашиот BMW Серија 4 Coupé. Еден важен детаљ, во буквална смисла на зборот, се новите адаптивни предни светла со целосна LED технологија кои вклучуваат BMW селективен зрак (со функција против заслепување на предните светла). Иновативните предни отвори за воздух не само што даваат возбудлив акцент на дизајнот туку и ја намалуваат потрошувачката на гориво и емисиите на СО2. За уште поголемо задоволство при возење тука е и спортската трансмисија со 8 брзини Steptronic и системите за помош при возење како што е BMW Head-Up дисплејот.
 

Природна елеганција: BMW Серија 4 Gran Coupé ја комбинира волшебната естетика и типичните BMW перформанси со досетлива функционалност. Важни детали вклучуваат одличен простор над главата на возачот и патниците и простор за нозете, голема задна врата од багажникот и уникатни дизајнерски елементи. Карактеристиките на динамичното возење на возилото се нагласени со опционалното адаптивно М потпирање и ефикасните TwinPower турбо моторите со високи перформанси. Сето ова го прави BMW Серија 4 Gran Coupé еден совршен спој на динамика, елеганција и комфор.
 

BMW Серија 4 Convertible влегува во една нова димензија на возбудлив спортски дух споен со стилска елеганција. Атлетскиот карактер на BMW Серија 4 Convertible потекнува од неговиот брановиден преден дел, широкото меѓуоскино растојание и впечатливиот заден дел. Тврдиот покрив што се повлекува создава едно силно искуство на отворен простор и единствено чувство на возење во текот на целата година. Неговиот флуиден стил и двојнатa вдлабната линија по страните на возилото го нагласува неговото елегантно присуство. Специјалните важни елементи ги вклучуваат адаптивните предни светла со LED технологија, BMW селективен зрак (со функција против заслепување на предните светла) и иновативните отвори за воздух на полукружните делови од предните тркала, една аеродинамична мерка која помага да се намали потрошувачката на гориво и штетните емисии. TwinPower турбо технологијата на моторите гарантира одлични перформанси, а внатрешноста на возилото од висок калибар е скроена според потребите на возачот, со врвен комфор и интелигентна функционалност за еден активен животен стил, го заокружуваат целосниот концепт.

Дознајте повеќе