BMW Finance

AВТОМОБИЛСКИ КРЕДИТ

НАМЕНА И ПАРАМЕТРИ НА КРЕДИТОТ

 

Кредитот е наменет за полнолетни и деловно способни физички лица граѓани на Република Македонија, вработени на неопределено работно време, за купување нови лесни патнички возила до 3,5 тони и 8 седишта и товарни возила со вкупна тежина и носивост до 3,5 тона од овластен продавач.

 

Максимален износ на кредитот - До 5 550 000 МКД (90 000 ЕУР во денарска противвредност) но не повеќе од 50 нето месечни нето доходи

Рок на искористување - До 90 месеци

Автомобилскиот кредит можете да го одберете доколку:

  • сте вработен со статус на неопределено работно време; 
  • Вашата возраст не надминува 65 години на денот на достасување на кредитот

Учество:

  • Минимум 10% од вредноста на автомобилот со цена до 15000 ЕУР
  • Минимум 15% од вредноста на автомобилот со цена од 15000 до 20000 ЕУР
  • Минимум 20% од вредноста на автомобилот со цена од 20000 до 25000 ЕУР
  • Минимум 25% учество при купување на автомобили со цена од 25000 до 50000 ЕУР и рок до 36 месеци, односно минимум 30% учество за сите други рокови над 36 месеци 
  • Минимум 35% учество при купување на автомобили со цена над 50000 ЕУР

РЕДОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ

 

Камата која важи за сите марки на автомобили кои се продаваат од М Кар дооел Скопје, без оглед на тоа дали кредитобарателите платата ја примаат или не ја примаат преку сметка во Банката

 

4,40% фиксна каматна стапка за првите 3 години, за одобрени денарски кредити

5,20% променлива каматна стапка по истек на периодот со фиксна каматна стапка (референтна каматна стапка од 1,12% + 4,08% фиксен дел,важечка од 01.01.2023) или 4,80% променлива каматна стапка за целиот период, но не пониска од 4,80% (референтна каматна стапка од 1,12% + 3,68% фиксен дел,важечка од 01.01.2023)

 

 

ПРОВИЗИИ И НАДОМЕСТОЦИ

 

  • 1% провизија за обработка еднократно врз одобрениот износ 

(Важи за сите марки на автомобили кои се продаваат од М Кар дооел Скопје)

 

СТАПКА НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ

5,07% - за кредит во износ од 1 537 500 МКД (25 000 ЕУР), со рок на враќање од 90 месеци со фиксна каматна стапка од 4,40% за првите три години, а потоа 5,20% променлива каматна стапка.

 

 

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

 

Обезбедување:

  • Договор за невладетелски залог од прв ред на автомобилот што е купен со кредитот;
  • Меница потпишана од кредитобарателот и авалирана од сопруг/сопруга;
  • Каско-осигурување на возилото со 200 ЕУР франшиза до четвртата година од кредитот и 500 ЕУР во останатите години со важност и за Р.Бугарија;
  • Банката си го задржува правото да побара дополнително обезбедување.

Потребни документи:

  • Барање за кредит;
  • Потврда од работодавач за редовен работен однос во последните 6 месеци,
  • образец М1 и М2
  • административна забрана од плата;
  • фотокопија од лична карта на кредитокорисниците и жирантите;
  • извод од трансакциска сметка на која се прима платата за последните 6 месеци

Дополнителни продукти - Одобрена златна картичка со лимит од 300 000 мкд, на сите кредитобаратели чии месечни доходи се над 40 000 мкд или семејни доходи над 50 000 мкд.

 

Дознајте повеќе