Алатката за управување со твојата дозвола за користење на колачиња е привремено недостапна. Затоа, може да недостасуваат некои функционалности за кои се бара да добивање согласност за користење колачиња.
ОДРЖЛИВОСТ ВО BMW.
Преку конзистентна стратегија за одржливост, BMW Group ги поставува новите стандарди во автомобилската индустрија.
За BMW Group, задоволството во возењето се протега многу подалеку од мобилноста. Затоа што прашањето за одржливост е суштинско прашање за нас, она за кое ние не правиме компромиси. Напротив, одиме во иднината со сосема нова и конзистентна стратегија која не само што ја надминува нашата директна сфера на влијание, туку и го подигнува прашањето за одржливост на сосема ново ниво.
Во изминатите години и децении, веќе поставивме важни стандарди за еколошката рамнотежа на нашите возила – почнувајќи од користењето на ресурси, преку потрошувачката на енергија, до содржината за рециклирање. Во следните години ние континуирано ќе ја прошируваме нашата далекусежна стратегија за електрификација и ќе понудиме 25 електрифицирани модели во 2023 година.
Меѓутоа, целта за климатска неутралност и мобилност без емисија може да се постигне само преку разни технологии со електричен погон. Затоа, и со цел да постигнеме уште поголема флексибилност во однос на потребите на нашите клиенти, ние дополнително ќе ја унапредиме нашата посветеност за развој на водородни ќелии за гориво на технолошки неутрален пристап. Веќе го претставивме BMW i Hydrogen NEXT на IAA 2019 година. Во следниот чекор, ќе претставиме мала серија на BMW i Hydrogen NEXT во 2022 година. На овој начин, чекор по чекор, пробиваме нови терени кон еколошка иднина и без штетни емисии.
Оливер Ципзе – Претседател на Управниот одбор на BMW AG„ НИЕ НЕ КРЕИРАМЕ ОДРЖЛИВОСТ ВО BMW. НИЕ ГО ПРАВИМЕ BMW ОДРЖЛИВ. “
ОДРЖЛИВОСТ ВО BMW iX.
80%
Намалување на емисија на CO2 генерирана
по возило до 2030.
ПОСТАВУВАЊЕ СТАНДАРД ВО ЛАНЕЦОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ.
Ние знаеме како да размислуваме холистички за одржливоста.
Тоа е причина за поддршката која ја даваме во развојот и производството на
нашите возила. Нашата цел е одржлив синџир на вредности што ќе ги покрива
сопствените потреби преку рециклирање и обновливи суровини – вклучувајќи го и
снабдувањето со енергија. Сè уште не сме стигнале таму, но веќе постигнавме
пионерски успеси на патот до таму. Не само користењето на ресурсите, туку и
намалувањето на емисиите на CO2 игра централна улога во бизнис моделот на BMW
Group. Поради зголемениот процент на електрични модели и производството на нивните
високонапонски батерии и интензивна употреба на енергија и ресурси потребни за
тоа, мораме да интегрираме далекосежни мерки за намалување на отпечатокот на CO2
долж синџирот на додадена вредност. За таа цел, BMW Group, меѓу другото, ќе го
воспостави критериум за отпечатокот на CO2 во синџирот на снабдување со
материјали, како основа за склучување на договори со добавувачите и на тој
начин ќе преземе пионерска улога како прв производител на автомобили со
конкретни цели за CO2 во својот синџир на снабдување. Доколку ние не го сториме
тоа, зголемувањето на електрификацијата ќе доведе до нагло зголемување на
емисиите на CO2 во синџирот на снабдување. Го иницираме пресвртот и си
поставивме цел да ги намалиме емисиите на CO2 во синџирот на снабдување за 20%
во 2020 година во споредба со 2019 година.
20%
Намалувањето на емисијата
на CO2 од 20% генерирано во синџирот на добавувачи на групацијата BMW
по возило произведено до 2030 година. Без овие мерки, зголемената
електрификација ќе доведе до зголемување од 40% во емисија на CO2 во
синџирот на добавувачи за секое произведено возило. Ние го иницираме пресвртот
РЕОСМИСЛЕНО ПРОИЗВОДСТВО.
Со потпишување на Програмата на Обединети нации
за околина, „Меѓународна декларација за почисто производство“, се обврзавме
дека ќе го намалиме влијанието на околината и потрошувачката на ресурси во
нашето производство ширум светот. Групацијата BMW со своите локации и капацитети веќе е репер за
ефикасно искористување на ресурсите со оглед на ниските емисии на CO2. Бидејќи не сакаме само да
бидеме дел од одржливата иднина – туку сакаме да бидеме движечка сила која стои
зад тој процес. Затоа си ги поставивме нависоките цели во индустрија за 2030
година. За да ги следиме и анализираме сите далекосежни мерки, воведовме
системи на управување со околината во сите наши постоечки производни погони,
кои непрекинато се развиваат и оптимизираат. Само на тој начин можеме да ја
исполниме својата заложба за проверена ефикасност на нашите стандарди и
прописи.
Со континуирано ширење и користење на обновливи
извори на енергија и рециклирани суровини во нашето производство, поставуваме и
важен патоказ за нашиот процес на рециклирање. Денес 99% од отпадот, генериран
со глобалното интензивно производство од 2,5 милиони возила годишно, се
рециклира и преработува. Уште повеќе, непрекинато работиме на подигање на ова
ниво. Па затоа, не е случајност што нашите бројки за емисија на CO2 по произведено возило, на пример, се далеку под оние на остатокот од
германската автомобилска индустрија.
КОРИСТЕЊЕ НА ОБНОВЛИВИ МАТЕРИЈАЛИ.
Дрво со FSC сертификат.
Кенаф.
Природна гума.
Econyl.
Алуминиум.
99 %
од отпадот генериран во нашето внатрешно производство
на светско ниво, за производство на 2,5 милиони возила годишно, се рециклира и
повторно се користи
РЕЦИКЛИРАЊЕТО Е КЛУЧЕН ФАКТОР.
На патот кон одржливо производство, заштеда на ресурси
и безбедност на иднината, клучен фактор е рециклирањето на материјалите, кој
ние го користиме како потпора. Покрај интелигентното планирање на нашите производи,
повторната употреба на рециклираните материјалите е цврсто втемелена во нашиот
ланец на вредности. Сè на сè, сега веќе можеме да рециклираме 99% од отпадот
генериран во нашето внатрешно производство.
ОДРЖЛИВОСТ ВО BMW iX.
BMW iX е возило кое поставува нови стандарди во
однос на одржливоста. Во поглед на емисијата на гасови кои предизвикуваат ефект
на стаклена градина, во текот на целиот работен век на возилото, BMW iX генерира
45% помала емисија споредено со SAV со дизел мотор. Ова се должи на мерките,
како што се, употребата на 100% обновлива енергија при неговото производство, или
транспарентно набавените суровини во целиот процес на набавка. Благодарение на
холистичкиот концепт, одржливоста може да се види насекаде во BMW iX во форма
на природни или рециклирани материјали. На пример, кожата употребена во
внатрешноста е затемнете со помош на природен екстракт од листовите на маслинка
и затоа е без остатоци од хром. Контролата меѓу седиштата кај дополнителната
опција 'Clear & Bold' е изработена од дрво со FSC сертификат, додека
подните облоги и патосниците се изработени од Econyl.
РЕЦИКЛИРАЈТЕ.
Кога и да има техничка, еколошка или економска
смисла и кога е изводливо, ние користиме рециклирани материјали како суровина –
со што сакаме значително да го зголемиме уделот на овие материјали до 2030
година. Во случај на нашите два најзначајни ресурси, целиме кон фактор 4-6 за
алуминиум и фактор 2-5 за челик. Денес веќе користиме околу 25% секундарен
челик, и до 50% секундарен алуминиум за одредени компоненти и до 20% секундарна
термопластика. На тој начин, се залагаме за одржливо ориентирано проектирање за
ефикасно рециклирање, бидејќи употребата на рециклираните материјали значително
го намалува отпечатокот на CO2.
РЕЦИКЛИРАЊЕ НА НАШИТЕ „ОТПИШАНИ“ ВОЗИЛА.
Дури и кога ќе заврши патувањето на BMW, тој и
натаму останува важен дел од ланецот на додадена вредност. На крајот на
краиштата, нашите користени возила, одредени нивни компоненти и материјали не
ги сметаме за отпад кој се отстранува, туку како значаен извор на секундарна
суровина. Со враќање на користените возила, нивните делови и материјали назад
на рециклирање, рециклирањето на нашите производи за нас претставува една од
најважните заложби во остварување на целта за еколошко прифатливо производство
и заштеда на ресурси. За таа цел веќе во 30 земји, заедно со локалните компании
за продажба, го регулиравме преземањето на користените возила на повеќе од 3000
локации ширум светот и нудиме еколошки компатибилно рециклирање. Уште повеќе, сакаме
да бидеме сигурни дека нашите електрични возила ќе се рециклираат транспарентно.
Долгорочно, електромобилноста не може да се потпира само на нови суровини,
причина поради кој основниот тек на ресурсите мора да се промени. Нашите
купувачи имаат можност да го вратат своето старо возило во Минхенскиот центар
за рециклирање и демонтажа (Munich Recycling and Dismantling Centre, RDZ). Тука,
не само што ги преземаме искористените возила, туку и постојано работиме на
нови концепти и мерки за постојан развој на нашиот процес за рециклирање.
100% ЗЕЛЕНО
Од 2020 година, своите локации ширум светот ги
снабдуваме исклучиво со електрична енергија од обновливи извори.
ЕФИКАСНО ПРОИЗВОДСТВО НА ЕНЕРГИЈА.
Групацијата BMW има директно влијание на
емисијата на CO2 во своите погони и локации и веќе претставува
пример за ефикасно искористување на ресурсите. До крајот на 2030 година, сакаме
емисијата на CO2 на нашите локации да ја намалиме за 80%. За таа цел,
вкупната електрична енергија што ја користиме е од обновливи извори. А од 2021
година, нашите постројки и локации ќе бидат комплетно климатско неутрални: прво,
преку намалување на вкупната потрошувачка енергија, и второ, со користење само
на обновливи извори на енергија кои во најголема мера сами ќе ги произведеме. За
да го постигнеме тоа, систематски инвестираме во оптимизација на енергетската
ефикасност на нашите локации и на лице место спроведуваме истражувања како
најдобро да ја обезбедиме енергијата – дали тоа ќе биде преку користење
водород, биогас, биомаса, или геотермална енергија. Користењето на зелениот
водород може да одигра клучна улога на одредени локации, и во моментов се вршат
истражувања за неговата ефикасност за добивање топлина во тест постројки. Истовремено,
ја оптимизираме ефикасноста во нашето производство: ја намалуваме потребата од
енергија за загревање, преку повторно искористување на отпадната топлина од
процесите обезбедување топлински циклус. Употребата на дигиталните техники,
како што е анализа на податоците, ни овозможува да ја намалиме потрошувачката
на електрична енергија преку интелигентна контрола и истовремено ја намалуваме
количината на отпад.
ОДРЖЛИВОСТА ВО ПРАКСА ВО НАШИТЕ ПРОИЗВОДНИ ПОГОНИ.
BMW Group производен погон во Лајпциг.
Воздухот е полн со ефикасност – производниот
погон на BMW Group во Лајпциг е еден од најмодерните и одржливи погони за
производство на автомобили во светот. Од 2013 година автомобилите со електричен
погон и возилата со лесни CFRP шасии се тркалаат на овие производни ленти. Погонот
е прва фабрика за автомобили во цела Германија која во значителна мера работи
со електричен погон од четири наменски изработени ветерници на истата локација.
Со иновативната фарма од батерии која се состои од 700 високонапонски BMW i3
батерии, истовремено преземаме низа мерки за да постигнеме ефикасно
искористување и управување со енергијата во производството. Најпрво, континуирано
работиме на продолжување на работниот век на батериите. Понатаму, фармата со
батерии ја складира вишокот на енергија од ветениците кога понудата ги
надминува потребите, а потоа тој вишок на енергија може да се користи за
напојување кога се јавува недостаток. На тој начин, придонесуваме во
стабилноста на јавната електроенергетска мрежа.
BMW Group производен погон во Динголфинг.
Предводник благодарение на
радикалните мерки: како најголем производствен погон на BMW Group во Европа, погонот
во Динголфинг забележи намалување од една третина во потрошувачката на ресурси
и истовремено во штетни емисии во последните десет години, благодарение на
употребата на иновативните производствени технологии и опрема за производство. Новиот
енергетски центар за високо ефикасно производство на електрична и топлинска
енергија со користење на комбинирана постројка за топлина и електрична енергија
(CHP) претставува пресвртница во намалувањето на потрошувачката. Природниот гас
се користи за добивање на електрична енергија а ослободената топлина во тој
процес се користи за загревање. Благодарение на термоелектраната и топланата (ТЕ-ТО)
и еден од најголемите фотоволтаични кровни системи во Германија, погонот
произведува речиси половина од неговата потребна енергија. Остатокот од
потребите го дополнува исклучително од обновлива зелена електрична енергија од
надворешни добавувачи. Барањата на стратегијата за одржливост на целата
компанија се особено високи кај управувањето со отпадот и депонирањето. И овде,
во погонот во Динголфинг, постигнавме врвни вредности во стапката на
рециклирање со извонредни 99,8% благодарение на ефикасните мерки за
рециклирање, како што е иновативната преса.
BMW Group производствен погон во Шенјанг
Повеќе иновација, помалку емисии. Покрај напите
производствени погони во Европа и Бразил, за кои веќе купуваме електрична
енергија исклучително од обновливи извори, нашите погони во Шенјанг ја имаат
досега најефикасната фотоволтаична плантажа на BMW Group со максимална моќ од
15,1 мегавати.
ОДГОВОРНОСТА Е НАЖАТА ДВИЖЕЧКА СИЛА.
Со проектите како што е ‘Cobalt For
Development’ чекор по чекор ја воведуваме нашата стратегија за одржливост во
нашето опкружување, а со тоа и во сите фази од нашиот ланец на додадена
вредност. Преку нашите упатства, но и преку подршка и промоција, можеме да
обезбедиме партнерите во ланецот на снабдување, исто така, системски да ги исполнат
нашите високи социјални и еколошки стандарди.
100%
зелена електрична енергија се користи,
регулирано во договор, од страна на нашите добавувачи за производство на
батериските ќелии кои ги користиме.
НАШИТЕ ВИСОКОНАПОСНКИ БАТЕРИИ: УСПЕШНА ПРИКАЗНА.
Повторно користење на ќелиите од батеријата.
Искористување до последниот волт: Ги преземаме
назад сите искористени високонапонски BMW батерии во светот – дури и онаму каде
што немаме законска обврска за тоа. За време на нивниот „втор живот“ батериите
од нашите возила се користат во стационарните системи за складирање, со кои
сукцесивно ги опремуваме нашите локации ширум светот. На овој начин, ги
интегрираме обновливите енергии во електричната мрежа, зголемувајќи ја
нејзината стабилност и намалувајќи ги трошоците за потрошувачка. И натаму
напредуваме кон целта за локално производство без емисија на CO2. Најдобар
пример за тоа е производствениот погон на BMW Group во Лајпциг со фарма од
приближно 700 батерии од BMW i3. Како капацитет за складирање на обновливата
енергија, тие помагаат во чување на вишокот енергија произведен од ветерниците,
а потоа го враќаат назад во електричната мрежа. Дополнително, исто така и ги
намалуваат трошоците за енергија во производството.
Recycling our battery cРециклирање на нашите батериски ќелии.ells.
Во случај кога батериите ќе
го надминат својот работен век, дури и како стационарни батерии за складирање,
постигнуваме постојан раст во процентот на рециклирање на вредните ресурси. Овој
процес дава висококвалитетни рециклирани материјали за производство на нашите
нови литиум-ионски батерии. Во партнерство со германскиот специјалист за
рециклирање Duesenfeld развиваме метод со кој ќе достигнеме рециклирање на 96% од
материјалите – вклучително графит и електролити. Во моментов, по процесот
останува само термопластика натопена со електролити.
Ефикасност на ресурсите на нашите добавувачи.
Поставување трендови и пред
производството: Како пионер во одржливоста, нашиот збор исто така носи голема
тежина кај нашите добавувачи – и ние тоа го користиме. Имаме потпишано договори
со нашите производители на ќелии дека само зелената електрична енергија ќе се
користи во надворешното производство на нашата петта генерација на батериски
ќелии. Ова ќе доведе до вкупна заштеда од околу 10 милиони тони CO2 до 2030
година и е приближно еднакво на количината на CO2 што град со еден милион
жители, како што е Минхен, ја испушта секоја година. Како учесник во Проектот
за откривање на јаглерод (CDP), ги поддржуваме нашите добавувачи во преземањето
мерки за намалување на емисиите на CO2 и зголемување на уделот на обновливите
извори на енергија.
НА ПАТ КОН ОДРЖЛИВОСТА: УРБАНА МОБИЛНОСТ.
Нашата цел е секогаш да даваме 100% – особено
кога станува збор за уживање во одржливо возење. Затоа, со нашите корпоративни
цели и нивна имплементација пробиваме нови патишта во автомобилската индустрија
– кои исто така ги отвораме за нашите клиенти со најголемата флота од електични
автомобили во светот.
Развиваме BMW eDrive Zone за да овозможиме и
охрабриме возење низ урбани еколошки зони со што е можно помалку издувни гасови.
Тоа значи дека вашиот BMW plug-in хибрид автоматски ќе препознае кога минувате
низ ваква еколошка зона и автоматски ќе премина на комплетно електричен погон,
режим без штетна емеисија. Со програмата BMW Points, собирате бонус поени за
секој километар изминат на електричен погон – а двојно повеќе во еколошките
зони. Поените можете да
ги прегледате и искористите преку апликацијата My BMW app*. Притоа, поените од BMW
Points можат да се претворат во корисни награди, како што се квоти за беспланто
полнење.
4,100
станици за полнење на електрични возила ќе
поставиме на наши локации во Германија до 2021 година. Тоа ќе им овозможи на
нашите вработени лесно полнење по поволни услови. Приближно половина од овие
станици за полнење ќе бидат отворени за јавноста.
*BMW Concept i4:
The BMW Concept i4 is a pure concept car that is not available for sale. The later series version of a BMW Concept i4 does not yet have a general type-approval, consumption figures are not yet known.