Алатката за управување со твојата дозвола за користење на колачиња е привремено недостапна. Затоа, може да недостасуваат некои функционалности за кои се бара да добивање согласност за користење колачиња.
BMW CONNECTED DRIVE.
Доживејте еден сосема нов свет.
Дигиталните производи и поврзани услуги од BMW ConnectedDrive* отклучуваат свет на леснотија со широк спектар на корисни функции. Со иновација и интелигенција, го претвораат секое патување во занесно доживување.
Дигиталните производи и поврзани услуги од BMW ConnectedDrive* отклучуваат свет на леснотија со широк спектар на корисни функции. Со иновација и интелигенција, го претвораат секое патување во занесно доживување.
АТРИБУТИ НА BMW CONNECTED DRIVE.
My BMW апликација.
- Нов дизајн со интуитивно водење на корисникот и паметни функции.
- Проверете го статусот на возилото.
- Испратете му ја дестинацијата на автомобилот.
- Контролирајте го автомобилот од далечина.
- Лоцирајте го возилото преку паметен телефон.
Интеграција на паметен телефон.
- Безбеден и интелигентен начин да го користите паметниот телефон во вашиот BMW.
- Пристап до вашите омилени апликации на екранот во возилото.
- Диктирајте и преслушувајте пораки додека возите.
- Добивајте ажурирани насоки за навигација од Apple Maps или Google Maps.
BMW Дигитален клуч.
- Претворете го паметниот телефон во дигитален клуч.
- Отклучувајте го и заклучувајте го вашиот BMW, па дури и стартувајте го без физичкиот клуч.
- Овластете до пет други луѓе да го користат вашиот BMW.
Проверете го статусот на вашиот BMW, искористете некоја од многубројните функции за управување на далечина, испланирајте ги патувањата однапред, закажете го следниот сервис или откријте го светот на BMW – сето тоа лесно преку вашиот паметен телефон.
ИСКУСЕТЕ ГИ ФУНКЦИИТЕ НА My BMW АПЛИКАЦИЈАТА ВО ВИДЕАТА.
Откријте ги новите карактеристики за полнење во апликацијата My BMW.
Директен пристап до вашиот BMW сервис.
Секогаш во тек со најновите вести од светот на BMW.
НАЈВАЖНИТЕ ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА АПЛИКАЦИЈАТА MY BMW.
Што може да направи апликацијата My BMW?
Апликацијата My BMW е универзалниот интерфејс до вашиот BMW. Апликацијата My BMW ви овозможува да бидете во тек со статусот на вашето возило во секое време. Во зависност од инсталираната опрема, ги овозможува и функциите за пристап на далечина, како што се лоцирањето на возилото, отклучување и заклучување на вратите или снимање на околината на возилото (Remote 3D View). Со My BMW апликацијата може да испраќате адреси за дестинацијата од вашиот паметен телефон до системот за навигација на вашето возило и да ги интегрирате услугите на Amazon Alexa*. Апликацијата нуди и широк опсег на корисни функции за електрифицирани возила - на пример, секогаш имате преглед на електричниот опсег.
* Amazon, Alexa и сите поврзани имиња на брендови се заштитни знаци на Amazon.com или неговите поврзани друштва.
Можам ли да ја користам My BMW апликацијата без да поседувам возило?
Во демо-режим, My BMW апликацијата може да се користи и без да поседувате возило. Изберете атрактивно BMW демо-возило од гаражата на апликацијата и откријте ги најразличните функции на апликацијата, на пример, во областа на електричната мобилност.
Како да ја инсталирам апликацијата My BMW?
My BMW апликацијата е достапна за iOS и Android оперативните системи и може да се преземе бесплатно од Apple App Store или Google Play store.
За кои модели на BMW е достапна апликацијата My BMW?
- My BMW апликацијата е оптимизирана за возила произведени по 2014 година.
- Достапноста на поединечните функции на апликацијата зависи од опремата на вашето возило и вашиот BMW ConnectedDrive договор.
- Достапноста на функциите на апликацијата може да се разликува во зависност од државата.
Дали мојата My BMW апликација користи пренос на податоци од мојот договор со мобилниот оператор?
Да, користи. Ако не е достапно WiFi, My BMW апликацијата го користи преносот на податоци од вашиот договор со мобилниот оператор. На пример, го користи преносот на податоци за да пребарува дестинации преку интегрираната мапа и за да ги пренесе до вашето возило.
ИНТЕГРАЦИЈА НА ПАМЕТЕН ТЕЛЕФОН.
Со интеграцијата на паметниот телефон, вашето возило ги поддржува Apple CarPlay и Android Auto преку безжична врска помеѓу вашиот паметен телефон и вашиот BMW. Ова ви овозможува пристап до омилените апликации на екранот на возилото без да го тргнете погледот од патот. Насоките за навигација од Apple CarPlay и Android Auto се прикажуваат и на вашиот head-up дисплеј (ако е вграден).
Пристапете до омилените апликации во вашиот BMW преку Android Auto или Apple CarPlay преку интеграција на паметниот телефон. Со секогаш ажурираните апликации за навигација, на пример, ќе ја добиете најбрзата рута, вклучително и можните застои поради метеж во сообраќајот. Вашиот BMW ќе ги покаже насоките за навигација од Apple Maps (само во CarPlay) или Google Maps (само во Android Auto) на целосно дигиталната Кабина и на head-up дисплејот (ако е вграден), така што можете да патувате безбедно користејќи ги апликациите на вашиот паметен телефон.
Интеграцијата на паметен телефон нуди и решение за диктирање и преслушување пораки додека возите.
Дали би сакале да користите и други услуги со гласовна контрола? Разговарајте со Siri (само во CarPlay) или Google Assistant (само во Android Auto) и завршете ја работата само со вашиот глас за да можете да останете фокусирани на возењето. Гласовното управување е специјално дизајнирано за сценарија на возење, кои ви овозможуваат да прашате за работното време на некои од местата на вашата дестинација, да го дознаете резултатот на натпреварот на вашиот омилен тим или да прашате за следните состаноци на календарот.
With smartphone integration, your vehicle supports Apple CarPlay and Android Auto through a wireless connection between your smartphone and your BMW. This allows you to access your favourite apps in the vehicle display and keep your eyes on the road. Navigation instructions from Apple Maps or Google Maps are even shown on your head-up display (if fitted).
Access your favourite apps in your BMW via Android Auto or Apple CarPlay with smartphone integration. With the constantly updated navigation apps, for example, you will receive the fastest route, including possible delays due to traffic jams. Your BMW will show the navigation instructions from Apple Maps (only in CarPlay) or Google Maps (only in Android Auto) on the fully digital Cockpit and in the head-up display (if fitted), so that you can travel safely while using apps on your smartphone.
Smartphone integration also offers a solution for dictating and listening to messages while at the wheel.
Would you also like to use other services with voice control? Talk to Siri (only in CarPlay) or Google Assistant (only in Android Auto) and get things done with your voice so you can keep your focus on driving. The voice steering is specially designed for driving scenarios, which allow you to ask about opening hours of certain sights at your destination, find out the latest score of your favourite team or ask about your next appointments in the calendar.
Дигиталниот клуч за вашиот BMW - практично на вашиот паметен телефон.
Создадете BMW Дигитален клуч
Користете BMW Дигитален клуч
Споделете го BMW Дигиталниот клуч
НАЈВАЖНИТЕ ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА ДИГИТАЛНИОТ КЛУЧ.
Што ми е потребно за да го користам BMW Дигиталниот клуч?
- Потребна ви е опремата BMW Teleservices (SA 6AE).
- За возилата произведени по летото 2020 година, потребно е BMW Comfort Access (SA 322).
- За возилата произведени од крајот на 2021 година потребен е BMW Дигитален клуч (SA 3DK).
- Речиси сите модели на BMW произведени по крајот на јули 2020 година се компатибилни. Достапноста на моделот зависи од државата.
- Вашата My BMW апликација покажува дали вашиот BMW е компатибилен. Ако може да се избере функцијата BMW Дигитален клуч во апликацијата, тоа значи дека вашиот BMW е компатибилен.
Колку е безбеден BMW Дигиталниот клуч?
Вашиот дигитален клуч безбедно е зачуван во безбедниот елемент на вашиот паметен телефон. Дополнително, се користат и NFC и ултра широкопојасна технологија за да се утврдат непосредната близина на испраќачот и примателот на начин што не дозволува неовластен пристап.
Што се случува со дигитално создадените клучеви кога ќе го продадам моето возило?
Пред да го продадете возилото треба целосно да го избришете од вашата BMW ID. Ова ќе осигури дека сите дигитално создадени клучеви автоматски се отстранети следниот пат кога ќе употребите класичен клуч за возилото.
Можам ли да го споделам BMW клучот со други луѓе, на пример, со пријатели или семејство?
Да, лесно може да го споделите BMW Дигиталниот клуч и BMW Дигиталниот клуч Плус со други луѓе и со тоа да ги овластите да го користат вашиот BMW. Ако создадете Главен клуч на вашиот паметен телефон преку апликацијата My BMW, може да поканите до пет луѓе да го користат дигиталниот клуч. За да го инсталираат BMW Дигиталниот клуч, поканетите лица треба да имаат компатибилен паметен телефон. Не е потребно да имаат BMW ID или да ја имаат апликацијата My BMW. Штом поканетата личност ќе го прифати BMW Дигиталниот клуч, тој веднаш е целосно функционален.
Можете да ги отповикате поканите во секое време преку Контролниот дисплеј на возилото или преку апликацијата My BMW и да ги избришете овластените лица преку паметен телефон. Ако бришењето се изврши преку возилото, BMW Дигиталниот клуч на пријателот се деактивира веднаш. Ако бришењето се изврши преку паметниот телефон, BMW Дигиталниот клуч на пријателот останува активен сè додека возилото за првпат не се отвори со друг клуч.
Ако сакате, можете да ограничите некои податоци за возилото како што се коњските сили или максималната брзина за корисниците на вашиот BMW Дигитален клуч.
Како сопственик на Главниот клуч, лесно може да го префрлите дигиталниот клуч на нов паметен телефон, а поканетите пријатели да го задржат клучот. Ако пријателите имаат нов уред, потребна е нова покана од сопственикот на Главниот клуч.
Споделувањето на BMW Дигиталниот клуч со други луѓе во моментов е достапно само со Apple iPhone.
Кои уреди се компатибилни со BMW Дигиталниот клуч?
Apple:
BMW Дигиталниот клуч е компатибилен со iPhone XR, iPhone XS, iPhone XS Max или понов модел Apple Watch Series 5 или понов модел. За BMW Дигиталниот клуч е потребен најмалку iOS 13.6 и watchOS 6.2.8 или понов оперативен систем.
BMW Дигиталниот клуч Плус е компатибилен со iPhone и Apple Watch уреди со Apple's U1 чип. Потребно е вашиот iPhone да има iOS 15, а вашиот Apple Watch потребно е да има watchOS 8 или понов оперативен систем.
Samsung:
BMW Дигиталниот клуч е компатибилен со Samsung Galaxy S21, S21+ и S21 Ultra. За BMW Дигиталниот клуч е потребен најмалку Android 12 оперативен систем.
Google:
BMW Дигиталниот клуч е компатибилен со Google Pixel 6* и Google Pixel 6 Pro*. За BMW Дигиталниот клуч е потребен најмалку Android 12 оперативен систем.
Сите компатибилни телефони можат да се користат само со возила со Teleservices (SA 6AE) и Comfort Access (SA 322 или SA 3DK).
ЧПП: НАЈВАЖНИТЕ ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА BMW CONNECTED DRIVE.
Како функционира BMW ConnectedDrive?
BMW ConnectedDrive ги опфаќа сите дигитални услуги што интелигентно го поврзуваат возилото со надворешниот свет. Освен телематски услуги, овде спаѓаат и системи за помош на возачот, поврзувања за мобилни уреди, како и понуди за забава и сообраќајни услуги.
Предуслови за користење на ConnectedDrive:
- Вашето возило има трајно инсталирана и активна SIM картичка.
- Имате BMW ID.
- Сте го додале вашето возило во вашиот BMW ID.
- Совет: Преземете ја апликацијата My BMW за да го извлечете максимумот од понудените услуги. Со апликацијата можете, на пример, да ги испланирате вашите патувања во движење и да ја испратите дестинацијата на вашиот BMW однапред.
Што е тоа активна SIM картичка и за што се користи?
Во возилата на BMW од 2013 година SIM картичката е постојано инсталирана и секогаш активна. Оваа SIM картичка е основниот предуслов за користење на ConnectedDrive како и исполнување на законските предуслови, како што е законскиот итен повик.
За да се обезбедат ConnectedDrive услугите како што се Teleservice, итн., се разменуваат податоци помеѓу возилото и BMW преку мобилната мрежа и се обработуваат во BMW за да се овозможи услугата.
За подетални информации во врска со податоците што се вклучени во секој индивидуален случај, ве молиме видете ги законските информации за заштита на податоците.
Ако не сакате да ги користите понудите на ConnectedDrive, може да ја деактивирате SIM картичката. За таа цел, ве молиме контактирајте го вашиот BMW продавач.
Зошто ми е потребна BMW ID и како можам да ја користам BMW ID?
Покрај активната SIM картичка, потребна ви е и BMW ID за да пристапите до сите BMW ConnectedDrive услуги.
- Зачувајте ги вашите возила и конфигурации.
- Резервирајте и користете ги ConnectedDrive услугите.
- Одржувајте ги податоците на вашиот профил.
Откако ќе создадете BMW ID, имате опција да го додадете вашето возило во вашата BMW ID да го користите опсегот на услуги на BMW ConnectedDrive.
Како можам да ја користам BMW ID во врска со моето возило?
За да додадете возило во вашата BMW ID потребно е да имате активна SIM картичка и BMW ID (регистрација).
Со додавањето на возилото добивате можност да го прегледате вашето возило во My BMW апликацијата и да користите дигитални услуги* како што се:
- Проверка на статусот на возилото
- Испраќање на дестинација до возилото
- Лоцирање на возилото преку паметен телефон
- BMW Дигитален клуч
- и многу повеќе!
*во зависност од возилото
Во кои држави е достапен BMW ConnectedDrive?
Услугите на ConnectedDrive се достапни во многу држави низ светот. Во зависност од пазарот, опсегот на услуги може да варира во различни земји. Во зависност од регионот, може да ги користите услугите и во различни земји, на пример, во внатрешноста на Европа.
- *BMW ConnectedDrive услугите и достапноста на функциите зависи од моделот и спецификацијата. Сите функции не се достапни за сите модели.