Алатката за управување со твојата дозвола за користење на колачиња е привремено недостапна. Затоа, може да недостасуваат некои функционалности за кои се бара да добивање согласност за користење колачиња.
BMW PLUG-IN ХИБРИДИ.
BMW PLUG-IN ХИБРИДИ.
ЗАДОВОЛСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО: BMW PLUG-IN ХИБРИДИ.
BMW PLUG-IN ХИБРИД СОВРШЕНО ОДГОВАРА НА ВАШИОТ ЖИВОТЕН СТИЛ.
- Максимална флексибилност – идеално за возачи во потрага по најголема можна сестраност
- Совршен за индивидуалните барања и секојдневните потреби благодарение на комбинацијата од бензински мотор и електричен мотор
- Растечката флота на BMW plug-in хибридите нуди максимална разновидност и индивидуалност за секој животен стил
НАШАТА PLUG-IN ХИБРИДНА ФЛОТА: ПРОНАЈДЕТЕ ГО ВАШИОТ.
BMW СЕРИЈА 2 ACTIVE TOURER PLUG-IN ХИБРИДИ.
BMW серија 2 Active Tourer plug-in хибридите BMW 225e xDrive и 230e xDrive импресионираат со растојанието од 80 км кое може да се измине со чисто електричен погон и потрошувачка на електрична енергија од 20,0–17,9 kWh/100 км (WLTP).
BMW СЕРИЈА 3 СЕДАН PLUG-IN ХИБРИДИ.
BMW серија 3 седан plug-in хибридите BMW 320e, BMW 330e и BMW 330e xDrive импресионираат со растојанието од 61 км кое може да се измине со чисто електричен погон и потрошувачка на електрична енергија од 18,7–16,1 kWh/100 км (WLTP).
BMW СЕРИЈА 3 TOURING PLUG-IN ХИБРИДИ.
BMW серија 3 Touring plug-in хибридите BMW 320e, BMW 320e xDrive, BMW 330e и BMW 330e xDrive импресионираат со растојанието од 61 км кое може да се измине со чисто електричен погон и потрошувачка на електрична енергија од 19,5–16,2 kWh/100 км (WLTP).
BMW СЕРИЈА 5 СЕДАН PLUG-IN ХИБРИД.
BMW серија 5 седан plug-in хибридите BMW 520e, BMW 530e, BMW 530e xDrive и BMW 545e xDrive импресионираат со растојание од 61 км кое може да се измине со чисто електричен погон и потрошувачка на електрична енергија од 19,4–16,2 kWh/100 км (WLTP).
BMW СЕРИЈА 5 TOURING PLUG-IN ХИБРИДИ
BMW серија 5 Touring plug-in хибридите BMW 520e, BMW 530e и BMW 530e xDrive импресионираат со растојанието од 57 км кое може да се измине со чисто електричен погон и потрошувачка на електрична енергија од 20,1–17,0 kWh/100 км (WLTP).
BMW СЕРИЈА 7 СЕДАН PLUG-IN ХИБРИД.
BMW серија 7 седан plug-in хибридите BMW 745e, BMW 745Le и BMW 745Le xDrive импресионираат со растојанието од 55 км кое може да се измине со чисто електричен погон и потрошувачка на електрична енергија од 20,1–17,9 kWh/100 км (WLTP).
BMW X1 xDRIVE25e.
BMW X1 xDrive25e plug-in хибрид импресионира со растојанието од 52 км кое може да го измине со чисто електричен погон и потрошувачка на електрична енергија од 15,7–15,0 kWh/100 км (WLTP).
BMW X2 xDRIVE25e.
BMW X2 xDrive25e plug-in хибрид импресионира со растојанието од 53 км кое може да го измине со чисто електричен погон и потрошувачка на електрична енергија од 15,4–14,9 kWh/100 km (WLTP).
BMW X3 xDRIVE30e.
BMW X3 xDrive30e plug-in хибрид импресионира со растојанието од 43 км кое може да го измине со чисто електричен погон и потрошувачка на електрична енергија од 30,3–25,7 kWh/100 км (WLTP).
НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА: НАЈВАЖНИТЕ ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА BMW PLUG-IN ХИБРИДИТЕ.
Што е plug-in хибрид?
Plug-in хибридно возило (PHEV, Plug-in Hybrid Electric Vehicle) комбинира бензински мотор, електричен мотор и високонапонска батерија – и на тој начин го нуди најдоброто од двата света. Ова овозможува намалување на потрошувачката на гориво, како и на емисиите на CO2. Интеракцијата помеѓу двата системи нуди и дополнителни перформанси и моќ за забрзување.
Како што сугерира неговото име, plug-in хибрид возилата можат да се полнат од приклучок, wallbox или на јавна станица за полнење. Максималната ефикасност на plug-in хибридот се постигнува со целосно полна батерија; што значи дека приклучокот за полнење треба да биде достапен дома и на работното место.
Електричниот опсег за чисто електрично возење со целосно наполнета батерија во случајот на BMW 530e, на пример, изнесува до 66 километри. Како што е случајот со сите возила кои имаат високонапонска батерија, технолошкиот напредок исто така ќе доведе до дополнително зголемување на растојанието кое може да се измине со електрична енергија во наредните години. За време на рекуперација, а тоа значи секогаш кога ќе ја подигнете ногата од педалот за гас, кинетичката енергија се претвора во електрична енергија и ја полни батеријата – па како резултат на тоа добивате дополнителни километри за електричниот опсег.
Како дел од својата стратегија „Power of Choice“, BMW им нуди на своите клиенти голем избор на plug-in хибриди како свесна одлука во корист на овој особено ефикасен погонски систем.
Plug-in хибрид возилото е идеално за возачите кои бараат најголема можна разновидност: од една страна, тој обезбедува електричен погон за секојдневна употреба, како што е економичното и одржливо патување до канцеларијата. Оптималната употреба доаѓа со редовно повторливи патувања на средни релации, во кои преовладуваат електрично изминатите километри. Од друга страна, возилата нудат максимален досег и флексибилност на долги растојанија како, на пример, за викенд екскурзија со семејството.
Кои предности ги нуди plug-in хибрид?
Меѓу придобивките за возачот на plug-in хибрид се речиси тивкото возење во чисто електричен режим и дополнителната сила на забрзување од електричниот мотор.
Многу сопственици на plug-in хибриди веќе успеваат да ги покријат поголемиот дел од нивните релации со електричен погон. На крајот на краиштата, дневните патувања честопати се помали од 50 километри. Во зависност од индивидуалната тарифа за електрична енергија, ова веќе резултира со значителна заштеда на трошоците во споредба со класичното возило со мотори со внатрешно согорување. И нема потреба воопшто да стравувате за растојанието кое можете да го изминете со plug-in хибрид. Ако полнењето или капацитетот на батеријата се недоволни, моторот со внатрешно согорување се вклучува автоматски по потреба.
За оваа категорија возила има и финансиски придобивки во зависност од државата: директно преку субвенции за електрични возила и индиректно преку даночни ослободувања благодарение на пониските емисии на CO2.
На што треба да внимавам при полнење на мојот plug-in хибрид?
Како што посочува и името, plug-in хибридот може да се полни на приклучок, Wallbox или на јавна станица за полнење. Кога сте на пат, треба да користите кабел за полнење на јавна станица (модус 3), кој е вклучен при испораката во Европа. Максималната ефикасност кај plug-in хибридот се постигнува со комплетно полна батерија; што значи дека уредот за полнење треба да биде достапен дома или на работното место. Полнете го својот BMW plug-in хибрид што е можно почесто за да можете секогаш во целост го користите дополнителниот електричен погон.
Кои фактори влијаат на перформансите на високонапонската батерија во мојот plug-in хибрид?
Еден важен надворешен фактор кој влијае на перформансите и капацитетот на батеријата е температурата. Како што веројатно знаете од батеријата на вашиот мобилен телефон, перформансите се ограничени на ладни и топли температури. Затоа е важно, особено во зима, возилото да се „подготви“ за време на полнењето – со други зборови, да се загреат батеријата и внатрешноста. Или да се разладат во лето. Ова не само што ќе ви заштеди енергија за патувањето, туку значи дека, со оптимално подготвена батерија, имате дополнителна мерка на ефикасност од самиот почеток. Оптимизираните работни стратегии во вашето возило, исто така, во голема мера ги минимизираат влијанијата на температурата. И дали знаевте дека: капацитетот на батеријата, исто така, дава информации за вашиот достапен опсег? Покрај температурата, други фактори кои влијаат на опсегот се уредите, како што е климатизацијата, товарот и вашиот стил на возење.
На што треба да внимавам ако мојот plug-in хибрид мирува или е паркиран подолго време?
Доколку не планирате да го користите вашето возило подолг период, како на пример за време на годишниот одмор, постојат повеќе начини како позитивно да влијаете на векот на батеријата. Кога е можно, одржувајте ја батерија полна помеѓу 30 и 50 проценти и паркирајте го вашето возило во ладно место или под сенка за време на летните месеци или во гаража преку зима. Дополнително, возилото не смее да биде приклучено на станица за полнење доколку го оставате во мирување подолго време.
Како можам најдобро да го искористам мојот plug-in хибрид?
Во вашиот BMW plug-in хибрид, планираното користење на хибридот ви помага ефикасно да стигнете до вашата дестинација со активно водење од рутата. Затоа, користете ја функцијата активно водење дури и ако веќе го знаете патот. Употребата на достапната електрична енергија може да се дистрибуира интелигентно и оптимално според вашата рута, овозможувајќи ви да возите електрично во градот и на дестинацијата. Во plug-in хибрид, познатите режими на возење на BMW се прошируваат и со режимот на возење HYBRID ECO PRO. Ова ја оптимизира ефикасноста на функциите за возење, удобност, светлина и климатизација. Помошникот за поглед напред е посебна карактеристика на овој режим. Таа ви прикажува совети за поефикасно возење преку Head-Up дисплејот или на таблата со инструменти во вашето видно поле – на пример, препорачува да ја тргнете ногата од педалот за гас доколку е надминато ограничувањето на брзина. Друга корисна функција е анализата на стилот на возење, која ја анализира ефикасноста на вашиот стил на возење во менито на возилото и дава корисни совети за уште поефикасно возење. Кај поновите возила на BMW со хибриден погон (на пр., BMW X5 xDrive45e), приспособливата рекуперација исто така ве поддржува кога ќе го отпуштите педалот за гас. Со помош на интелигентниот и приспособлив контролен систем, возилото самостојно одлучува помеѓу пловење или рекуперација. Без разлика дали пред вас има возило, ограничување на брзината, кружен тек, свиоци или населено место – системот оптимално го прилагодува забавувањето според ситуацијата во сообраќајот. Како резултат на тоа, може да се намали употребата на педалот за сопирачките и да се зголеми удобноста при возењето – и сето тоа на ефикасен начин.
ОТКРИЈТЕ ГИ ПРЕДНОСТИТЕ НА BMW PLUG-IN ХИБРИДИТЕ ВО ОВИЕ ВИДЕА.
BMW Wallbox.
Flexible Fast Charger.
BMW Charging Card.
My BMW App & BMW Points.
FUEL CONSUMPTION, ENERGY CONSUMPTION AND CO2 EMISSIONS.
BMW 230e xDrive Active Tourer:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 1.4–1.1
CO2 emissions in g/km (combined): 30–22
Power consumption in kWh/100 km (combined): 20.0–17.9
BMW 3 Series Sedan plug-in hybrids:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 1.9–1.3
CO2 emissions in g/km (combined): 44–30
Power consumption in kWh/100 km (combined): 18.7–16.1
BMW 3 Series Touring plug-in hybrids:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 2.2–1.4
CO2 emissions in g/km (combined): 0 49–31
Power consumption in kWh/100 km (combined):
19.5–16.2
BMW 5 Series Sedan plug-in hybrids:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 2.2–1.3
CO2 emissions in g/km (combined): 51–30
Power consumption in kWh/100 km (combined): 19.4–16.2
BMW 5 Series Sedan plug-in hybrids:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 2.3–1.5
CO2 emissions in g/km (combined): 52–35
Power consumption in kWh/100 km (combined): 20.1–17.0
BMW 7 Series Sedan plug-in hybrids:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 2.5–1.8
CO2 emissions in g/km (combined): 57–41
Power consumption in kWh/100 km (combined): 57–41
BMW X5 xDrive45e:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 1.7–1.2
CO2 emissions in g/km (combined): 40–27
Power consumption in kWh/100 km (combined): 27.7–24.3
BMW X1 xDrive25e:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 2.1–1.7
CO2 emissions in g/km (combined): 47–39
Power consumption in kWh/100 km (combined): 15.7–15.0
BMW X2 xDrive25e:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 2.0–1.7
CO2 emissions in g/km (combined): 44–38
Power consumption in kWh/100 km (combined): 15.4–14.9
BMW X3 xDrive30e:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 2.6–2.0
CO2 emissions in g/km (combined): 59–44
Power consumption in kWh/100 km (combined): 30.3–25.7
The figures for the BMW 230e xDrive Active Tourer are preliminary.
Official data on fuel consumption, CO2 emissions, power consumption and electric range were determined in accordance with the mandatory measurement procedure and comply with Regulation (EU) 715/2007 valid at the time of type approval. In case of a range, figures in the WLTP take into account any optional equipment. For newly type-tested vehicles since 01.01.2021, the official data no longer exist according to NEDC, but only according to WLTP. For more information on the WLTP and NEDC measurement procedures, see www.bmw.de/wltp.
For further information about the official fuel consumption and the specific CO2 emission of new passenger cars can be taken out of the „handbook of fuel consumption, the CO2 emission and power consumption of new passenger cars“, which is available at all selling points and at https://www.dat.de/angebote/verlagsprodukte/leitfaden-kraftstoffverbrauch.html
Потрошувачка на гориво, потрошувачка на електрична енергија и емисија на CO2
BMW 230e xDrive Active Tourer:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 1,4–1,1
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 30–22
Потрошувачка на електрична енергија kWh/100 км (комбинирано): 20,0–17,9
BMW серија 3 седан Plug-in-хибрид:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 1,9–1,3
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 44–30
Потрошувачка на електрична енергија kWh/100 км (комбинирано): 18,7–16,1
BMW серија 3 Touring Plug-in-хибрид:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 2,2–1,4
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 49–31
Потрошувачка на електрична енергија kWh/100 км (комбинирано): 19,5–16,2
BMW серија 5 седан Plug-in-хибрид:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 2,2–1,3
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 51–30
Потрошувачка на електрична енергија kWh/100 км (комбинирано): 19,4–16,2
BMW серија 5 Touring Plug-in-хибрид:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 2,3–1,5
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 52–35
Потрошувачка на електрична енергија kWh/100 км (комбинирано): 20,1–17,0
BMW серија 7 седан Plug-in-хибрид:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 2,5–1,8
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 57–41
Потрошувачка на електрична енергија kWh/100 км (комбинирано): 20,1–17,9
BMW X5 xDrive45e:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 1,7–1,2
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 40–27
Потрошувачка на електрична енергија kWh/100 км (комбинирано): 27,7–24,3
BMW X1 xDrive25e:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 2,1–1,7
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 47–39
Потрошувачка на електрична енергија kWh/100 км (комбинирано): 15,7–15,0
BMW X2 xDrive25e:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 2,0–1,7
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 44–38
Потрошувачка на електрична енергија kWh/100 км (комбинирано): 15,4–14,9
BMW X3 xDrive30e:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 2,6–2,0
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 59–44
Потрошувачка на електрична енергија kWh/100 км (комбинирано): 30,3–25,7
Вредностите за BMW 230e xDrive Active Tourer се прелиминарни.
Официјалните податоци за потрошувачка на електрична енергија и растојанието кое може да се измине се одредени со задолжителните процедури за мерење и се во согласност со Регулативата (EU) 715/2007 која била во сила за време на хомологацијата. Во случај со растојанијата, вредностите во WLTP ја земаат предвид сета дополнителна опрема. За новотестираните возила од 01.01.2021, службените информации според NEDC не се достапни, туку само оние за WLTP. За повеќе информации околу WLTP и NEDC процедурите на мерење, видете на www.bmw.de/wltp
За повеќе информации околу официјалната потрошувачка на гориво и емисија на CO2 кај новите патнички автомобили, погледнете го прирачникот ‘Guide to Fuel Consumption, CO2 Emissions, and Electricity Consumption of New Passenger Cars’, кој бесплатно е достапен на сите продажни места на Deutsche AutomobilTreuhand GmbH (DAT), Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern- Scharnhausen, и на веб-страницата www.dat.de/co2