Алатката за управување со твојата дозвола за користење на колачиња е привремено недостапна. Затоа, може да недостасуваат некои функционалности за кои се бара да добивање согласност за користење колачиња.
BMW ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ.
BMW ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ.
100 % електрично. 100 % уживање во возењето. 100 % BMW.
BMW ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ.
ОТКРИЈТЕ ЈА РАДОСТА ОД ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗЕЊЕ ВО ОВА ВИДЕО.
ЗОШТО BMW ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АВТОМОБИЛИ СОВРШЕНО ОДГОВАРААТ НА ВАШИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ.
ПРОНАЈДЕТЕ ГО ВАШИОТ BMW ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ.
BMW iX.
- До 425 км електрично изминато растојание согласно WLTP (BMW iX xDrive40)
- Полнење од 10 минути може да додаде растојание повеќе од 150 км (BMW iX xDrive40 на полнач со висока моќност)
- Потрошувачка на електрична енергија (BMW iX xDrive40): 21,0–19,3 kWh/100 км (WLTP)
BMW i4 M50.
- До 521 км електрично изминато растојание (WLTP)
- Полнење од 10 минути може да додаде растојание до 140 км (на полнач со висока моќност)
- Потрошувачка на електрична енергија 22,5–18,0 kWh/100 км (WLTP)
BMW i4.
- До 590 км електрично изминато растојание (WLTP)
- Полнење од 10 минути може да додаде растојание до 164 км (на полнач со висока моќност)
- Потрошувачка на електрична енергија 19,1–16,1 kWh/100 км (WLTP)
BMW iX3.
- До 461 км електрично изминато растојание (WLTP)
- Полнење од 10 минути може да додаде растојание до 90 км (на полнач со висока моќност)
- Потрошувачка на електрична енергија 18,9–18,5 kWh/100 км (WLTP)
BMW i3.
- До 307 км електрично изминато растојание (WLTP)
- Полнење до 80 проценти од капацитетот за 42 минути (на полнач со висока моќност)
- Потрошувачка на електрична енергија 16,3–15,3 kWh/100 км (WLTP)
- Достапно и како BMW i3s
- BMW iX.
- BMW i4 M50.
- BMW i4.
- BMW iX3.
- BMW i3.
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА: НАЈВАЖНИТЕ ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА BMW ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АВТОМОБИЛИ.
Што е електричнен автомобил?
Чисто електричен автомобил (BEV, Battery Electric Vehicle) вози исклучително на електрична енергија. Па затоа, нема мотор со внатрешно согорување како погонска единица. Електричната енергија се складира во батерија. Нејзиниот капацитет ја одредува можноста за изминати километри на електричниот автомобил, или со еден збор растојанието кое може да се измине со едно полнење на батеријата.
Чисто електричните автомобили се идеални за корисниците кои можат да ги полнат електричните автомобили на работа или дома. Во исто време, интензивно се работи на проширување на јавната инфраструктура за полнење. Новите станици за полнење се појавуваат во урбаните средини и крај автопатите. Тука, исто така, се вклучени и голем број на станици за полнење со голема моќност за ултра брзо полнење во тек на патувањето. Како резултат на тоа, во иднина патувањата на големи растојанија ќе стануваат се полесни и полесни.
Кои предности ги има електричниот автомобил?
Електричниот автомобил нуди комплетно ново, емоционално набиено чувство на возење. Благодарение на вртежниот момент кој е достапен од мирување, можете да ја доживеете електричната динамика и спонтаното забрзување. Во исто време, скоро бесшумниот електричен мотор ви нуди ново и опуштено искуство при возењето.
Кога всушност го возите, BEV исто така е без штетни емисии (изразот кој исто така се користи е „локално“) па затоа и нуди максимална заштита на околината.
Дополнителните предности од BEV се високите категории на субвенции и даночни ослободувања специфични за секоја земја.
Кои фактори влијаат на перформансите на високонапонската батерија во мојот електричен автомобил?
Значаен надворешен фактор кој влијае на перформансите и капацитетот на батеријата е температурата. Истото можете да го забележите и кај батериите на мобилните телефони. Многу ниските температури можат значително да ги ограничат перформансите на батеријата. Слично е и со вашето електрично возило. Меѓутоа, нашите оптимизирани стратегии за изведба го намалуваат ефектот што може да го има температурата.
Дали знаевте дека капацитетот на батеријата исто така влијае на информацијата за преостанатото растојание кое може да се измине? Покрај температурата, ова растојание е под влијание на други фактори кои одредуваат колку брзо енергијата се троши, како што е употребата на системот за климатизација, моменталното оптоварување, и вашиот стил на возење.
Доколку е потребно да го надополните вашиот електричен автомобил кога не сте дома, вашето BMW возило ќе биде подготвено за полнење на приклучок со еднонасочна струја* на вашата дестинација, што значи дека високонапонската батерија ќе ја доведе до оптимална работна температура додека пристигнете. Со тоа се зголемува максималната моќ во текот на полнењето и го намалува потребното време.
* Се однесува само на BMW електрични возила.
Што морам да земам предвид доколку мојот електричен автомобил мирува или е паркиран подолго време?
Доколку не планирате да го користите возилото подолго време, на пример, за време на годишниот одмор, постојат разни начини кои позитивно ќе влијаат на векот на траење на батеријата. Доколку е можно, одржувајте помеѓу 30 и 50% полна батерија, а возилото оставете го на ладно или во сенка за време на летните месеци, а во зима чувајте го во гаража. Исто така, возилото не смее да се остава приклучено на електрична енергија за полнење доколку подолго време останува во мирување.
ОТКРИЈТЕ ГИ ПРЕДНОСТИТЕ НА BMW ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АВТОМОБИЛИ ВО ОВИЕ ВИДЕА.
Моќни електрични перформанси.
Електрифицирано задоволство во возењето.
BMW eDrive технологија од петта генерација.
Високонапонска батерија.
My BMW апликација & BMW Charging.
Ултимативно задоволство при возењето.
ДОЗНАЈТЕ ЗА МОЖНОТО РАСТОЈАНИЕ НА ВАШЕТО BMW.
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА: ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА РАСТОЈАНИЈАТА НА BMW ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ.
Зашто растојанијата се разликуваат?
Можно растојание кое вашиот електричен автомобил може да го измине зависи од разни фактори како што се стилот на возење, состојбата на патот, опременоста на возилото, временските услови и товарот, соодеветно.
Како мојот стил на возење влијае на растојанието на мојот електричен автомобил?
Како што е случај и кај возилата со внатрешно согорување, стилот на возење, исто така, влијае на растојанијата и кај електричниот автомобил. Генерално, антиципациски, релаксиран и конзистентен стил на возење го оптимизира можното растојание. Доколку, на пример, ја намалите брзината на автопат, можете значително да го зголемите растојанието. За време на рекуперација, тоа значи кога и да ја подигнете ногата од педалот за забрзување, кинетичката енергија се претвора во електрична енергија и ја полни батеријата – притоа добивате дополнителни километри во можното растојание.
Кои фактори влијаат на растојанието кое може да го измине вашиот електричен автомобил?
Големите просечни брзини (на автопат) значително го намалуваат растојанието кое може да се измине, додека градскиот сообраќај доведува до зголемување на растојанието поради малите брзини и поголемото учество на рекуперација на енергија (наспроти возилата со внатрешно согорување). Понатаму, растојанието кое може да се измине се намалува при ниски температури поради греењето, и на високи температури поради климатизацијата. Во однос на специјалните функции/опрема, изборот на комбинација со поголеми тркала го намалува растојанието (доколку аеродинамичните недостатоци не се компензираат со позатворен дизајн на тркалото). Класата на тркалање на пневматикот, исто така, е значајна за растојанието кое возилото може да го измине: на пр., употребата на зимски пневматици го намалува растојанието кое може да се измине споредено со летните пневматици со ознака A.
Општи спецификации за растојанието и вредности за растојание во овој приказ.
При избор на моделот, наведеното растојание кое може да се измине се темели на циклусот WLTP (Worldwide harmonized Light-Duty Test Procedure).
WLTP овозможува пресметување на растојанието под пропишани услови на возење. WLTP претпоставува комбиниран неагресивен стил на возење на градски улици, регионален пат и автопат.
Индикаторот за преостанатото растојание овозможува проценка на можно растојание при типични услови на возење. Надворешниот круг претставува пресметка на база на линеарни оддалечености (не реални мапи со улици), додека внатрешниот круг прикажува пресметана вредност намалена за 30% за да ги земе предвид реалните рути.
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА: ПРАШАЊА ЗА ЛИЗИНГ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА.
Кои се предностите на лизинг или финансирање на електричните возила?
Лизинг:
· Купувачот не мора да се грижи за купување на електричното возило по истекот на договорот за лизинг.
· Купувачот може да изврши нарачка на други услуги како што е Service Inclusive.
Финансирање:
· Купувачот е сопственик на електричното возило.
· Купувачот може да го финансира електричното возило во подолг период во однос на лизингот.
Дали осигурувањето е вклучено во лизингот и финансирањето на електричното возило?
Во рамките на лизингот да, во рамки на финансирање не > но сепак, постои можност на склучување на договор преку BMW партнерите за осигурување.
Дали пости стимулација од страна на државата за купување на електрични возила?
Специфично за државата. Повеќето земји во моментот нудат државни субвенции за набавка на електрични возила. Покрај државата, достапна е и дополнителна поддршка од страна на општините.
Дали постојат даночни олеснувања за лизинг или финансирање на електрични возила?
Специфично за државата. Да, во некои земји се нудат даночни олеснувања, како што е укинување на данокот за возила.
Дали BMW нуди лизинг или финансирање без учество?
Специфично за државата. Во повеќето земји договорите за лизинг или финансирање се можни и без претходно учество.
Electric consumption and CO2 emissions.
BMW iX xDrive50:
Power consumption in kWh/100 km (combined): 23.0–19.8
CO2 emissions in g/km (combined): 0
BMW i4 M50
Power consumption in kWh/100 km (combined): 22.5–18.0
CO2 emissions in g/km (combined): 0
BMW i4 eDrive40:
Power consumption in kWh/100 km (combined): 19.1–16.1
CO2 emissions in g/km (combined): 0
BMW iX3:
Power consumption in kWh/100 km (combined): 18.9–18.5
CO2 emissions in g/km (combined): 0
BMW i3:
Power consumption in kWh/100 km (combined): 16.3–15.3
CO2 emissions in g/km (combined): 0
BMW i3s:
Power consumption in kWh/100 km (combined): 16.6–16.3
CO2 emissions in g/km (combined): 0
Official data on power consumption and electric range were determined in accordance with the mandatory measurement procedure and comply with Regulation (EU) 715/2007 valid at the time of type approval. In case of a range, figures in the WLTP take into account any optional equipment. For newly type-tested vehicles since 01.01.2021, the official data no longer exist according to NEDC, but only according to WLTP. For more information on the WLTP and NEDC measurement procedures, see www.bmw.de/wltp
Потрошувачка на електрична енергија и емисија на CO2
BMW iX xDrive50:
Потрошувачка на електрична енергија kWh/100 км (комбинирано): 23,0–19,8
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 0
BMW i4 M50:
Потрошувачка на електрична енергија kWh/100 км (комбинирано): 22,5–18,0
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 0
BMW i4 eDrive40:
Потрошувачка на електрична енергија kWh/100 км (комбинирано): 19,1–16,1
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 0
BMW iX3:
Потрошувачка на електрична енергија kWh/100 км (комбинирано): 18,9–18,5
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 0
BMW i3:
Потрошувачка на електрична енергија kWh/100 км (комбинирано): 16,3–15,3
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 0
BMW i3s:
Потрошувачка на електрична енергија kWh/100 км (комбинирано): 16,6–16,3
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 0
Официјалните податоци за потрошувачка на електрична енергија и растојанието кое може да се измине се одредени со задолжителни процедури за мерење и се во согласност со Регулативата (EU) 715/2007 која била во сила за време на хомологацијата. Во случај со растојанијата, вредностите во WLTP ја земаат предвид сета дополнителна опрема. За новотестираните возила од 01.01.2021, службените информации според NEDC не се достапни, туку само оние за WLTP. За повеќе информации околу WLTP и NEDC процедурите на мерење, видете на www.bmw.de/wltp
За повеќе информации околу официјалната потрошувачка на гориво и емисија на CO2 кај новите патнички автомобили, погледнете го прирачникот ‘Guide to Fuel Consumption, CO2 Emissions, and Electricity Consumption of New Passenger Cars’, кој бесплатно е достапен на сите продажни места на Deutsche AutomobilTreuhand GmbH (DAT), Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern- Scharnhausen, и на веб-страницата www.dat.de/co2