BMW iX i20 2021 електричен SUV BMW iX xDrive50 Aventurin Red црвена боја пред крајбрежје
Опсег630 km*
Тип на мотори и горивоЕлектрично

THE iX

BMW iX i20 2021 електричен SUV BMW iX xDrive50 Aventurin Red црвена боја пред крајбрежје

ПРВИОТ BMW iX.

Опсег630 km*
Тип на мотори и горивоЕлектрично
THE iXПРВИОТ BMW iX.

ПРВИОТ BMW iX: ПИОНЕР НА НОВАТА ЕРА.

Роден од визија. Создаден за електрична мобилност. Благодарение на ефикасната BMW eDrive технологија и неговиот потполно електричен погон на сите четири тркала, BMW iX постигнува извонреден опсег и овозможува моќно забрзување од состојба на мирување. Интелигентниот  BMW Operating System 8 секогаш е ажуриран и може да се управува сосема интуитивно. 

Дознајте повеќе

607 КМ* ОПСЕГ СО BMW iX.

BMW iX i20 2021 електричен SUV BMW iX xDrive50 Aventurin Red црвена боја вози во градски опсег

Со опсег од 607 km* BMW iX xDrive50 (BMW iX xDrive40: 425 km*) е идеален и за градско возење или за долги растојанија. Благодарение на неговата мошне ефикасна конструкција, има особено ниска потрошувачка на енергија од не повеќе од 21,45 kW/h и извонредна аеродинамика со исклучително  cd од 0,25 – вредност ненадминлива во неговата класа возила. Кога го возите BMW iX во MyMode Efficient, оваа импресивна ефикасност уште повеќе се зголемува.

BMW iX СО 523 КС*.

BMW iX i20 2021 електричен SUV BMW iX xDrive50 Aventurin Red видео

Со два моќни електрични мотора и BMW xDrive електричен погон на сите четири тркала, BMW iX нуди извонреден електричен перформанс: излезна снага од 523 кс* го придвижува BMW iX xDrive50 од 0 до 100 km/h за 4,6 секунди (BMW iX xDrive40: 326 кс*; 0-100 km/h за 6,1 секунда). Инстантно достапниот вртежен момент и непреченото забрзување од позиција на мирување му дозволуваат на BMW iX да реагира прецизно и спонтано на секое движење на педалата за забрзување и да овозможи беспрекорно искуство на возење.

ВРЕМЕ НА ПОЛНЕЊЕ ЗА ОПСЕГ ОД 100 КМ.

Со вашиот BMW iX и BMW Charging имате на располагање многубројни понуди за полнење дома, на пат и на работа скроени по ваша мерка. Дополнително, имате и импресивни перформанси на полнење што ви овозможуваат да наполните опсег до 150 km* за само 10 минути за BMW iX xDrive50 (BMW iX xDrive40: над 95 km* за 10 минути) или целокупниот опсег за помалку од 40 минути на јавните IONITY High Power Charging станици. *Вредностите се однесуваат на почетна состојба на полнење од 10%.
BMW iX i20 2021 електричен SUV BMW iX xDrive50 Aventurin Red цевена боја се полни на BMW Wallbox

Полнење дома за опсег од 100 km.

01:41 h – Wallbox (11kW)

01:41 h – Flexible Fast Charger (11kW) на индустриски штекер

08:31 h – стандарден кабел за полнење или Flexible Fast Charger (2.3 kW) на штекер за домаќинство
Контактирајте го продажникот за можности за полнење
BMW iX i20 2021 електричен SUV BMW iX xDrive50 Aventurin Red црвена боја се полни на јавна станица за полнење со висока моќност

Полнење во движење за опсег од 100 km.

00:06 h – Станица за полнење со висока моќност (максимален капацитет за полнење на возило)

00:21 h – Станица за брзо полнење (50kW)

00:51 h – AC станица за полнење (максимален капацитет за полнење на возило)
BMW iX i20 2021 електричен SUV BMW iX xDrive40 Sophisto Grey сива боја се полни на BMW Wallbox

Полнење дома за опсег од 100 km.

01:39 h – Wallbox (11kW) Disclaimer reference invalid

01:39 h – Flexible Fast Charger (11kW) на индустриски штекер Disclaimer reference invalid

08:18 h – Стандарден кабел за полнење или Flexible Fast Charger (2,3 kW) на штекер за домаќинство Disclaimer reference invalid
Контактирајте го продажникот за можности за полнење
BMW iX i20 2021 електричен SUV BMW iX xDrive40 Sophisto Grey cива боја се полни на јавна станица за полнење со висока моќност

Полнење во движење за опсег од 100 km.

00:08 h – Станица за полнење со висока моќност (максимален капацитет за полнење на возило) Disclaimer reference invalid

00:21 h – Станица за брзо полнење (50kW) Disclaimer reference invalid

00:50 h – AC станица за полнење (максимален капацитет за полнење на возило) Disclaimer reference invalid

150 KM RANGE IN UNDER 10 MINUTES.

BMW iX i20 2021 electric SUV BMW iX xDrive50 Aventurin Red charging with a BMW Wallbox charging

With a charging capacity of up to 200 kW (BMW iX xDrive40: up to 150 kW), you can recharge the battery of your BMW iX at public fast-charging stations from 10 to 80% of total capacity in less than 40 minutes. At home, you can recharge your BMW iX xDrive50 using your convenient BMW Wallbox with up to 11 kW – and reach 100% battery charge in under 11 hours (BMW iX xDrive40: in under 8 hours). 

ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ ВО BMW iX.

BMW iX i20 2021 електричен SUV BMW iX xDrive50 Aventurin Red црвена боја вози во урбана средина

BMW iX има неверојатно широк опсег на возачки и помошни системи како стандардни елементи. Driving Assistant Professional нуди оптимална удобност и безбедност во критични или монотони ситуации во сообраќајот. Меѓу другото, системот вклучува и асистент за управување и контрола на лента со проширени функции, асистент за запирање во итни случаи, асистент за одржување лента со активна заштита од страничен удар. Parking Assistant Plus помага при паркирање и маневрирање и користи голем број камери за да ви пружи целосен приказ на предметите што го опкружуваат вашето возило – и тоа во 3D.

ПРЕОСМИСЛУВАЊЕ НА ДИЗАЈНОТ СО BMW iX.

BMW iX i20 2021 електричен SUV BMW iX xDrive50 Aventurin Red црвена боја страничен кадар на надворешноста

Големите пропорции и карактеристичните линии му го даваат на BMW iX неговиот уникатен монолитен облик. Секој детаљ беспрекорно се вклопува во модерниот јазик на дизајнот и му дава на возилото изглед како да е составено од еден елемент. Аеродинамичниот дизајн на панетлите беше клучен за да се постигне одличната  cd вредност од 0,25 заедно со специфичните елементи, како што е рамката на прозорецот што се стеснува кон задниот дел, познат како „Streamflow“. За првпат се употребени кваки што се вовлекуваат и врати без рамки кај BMW SAV – откривајќи ни го неговиот пионерски дух.

BMW iX SHY TECH КОНЦЕПТ.

BMW iX i20 2021 електричен SUV BMW iX xDrive50 Aventurin Red боја преден кадар на BMW маска Shy Tech

Shy Tech концептот се фокусира на патниците и ѝ овозможува на модерната технологија во BMW iX  да се вклопи во заднината кога не е потребна или изричито побарана. Невидливата интелигенција може да се ззабележи во многу детали на надворешноста и внатрешноста – како што е полукружната маска, која функционира како интелигентна површина во која се сместени камери, радарски функции, најсовремени сензори и елементи за затоплување. Овде може да се вбројат и невидливо вметнатите звучници на аудио системот и минималистичкиот дизајн на копчињата за внатрешноста.

АТРИБУТИ НА НАДВОРЕШНИОТ ДИЗАЈН НА BMW iX.

BMW iX електричен SUV Aventurin Red црвена боја i20 преден кадар

Дизајн на преден дел.

Предниот дел на BMW iX е преосмислен во футуристички стил. Вертикално поставената BMW полукружна маска особено го истакнува прогресивниот изглед на SAV возилото, во комбинација со најтесните двојни предни светла што BMW некогаш ги произвел за возила од стандардно производство.
BMW iX електричен SUV Aventurin Red црвена боја i20 страничен кадар

Страничен кадар.

Великодушно сразмерните правоаголни контури околу лаковите на тркалата свесно го насочуваат вниманието кон тркалата. Кваките што се вовлекуваат, вратите без рамки и окното на прозорецот познато како „Streamflow“ што се стеснува кон задниот дел се хармонично вклопени во изгледот.
BMW iX електричен SUV Aventurin Red црвена боја i20 заден кадар

Дизајн на задниот дел.

Големи површини, најтесните задни светла на BMW Group и беспрекорно вклопената цевка за издувни гасови создаваат модерна појава. Големите дифузерски елементи ја оптимизираат аеродинанмиката и заедно со рамната долна површина го подобруваат опсегот.

ЖИВОТЕН ПРОСТОР НА ТРКАЛА.

BMW iX i20 2021 електричен SUV внатрешен Suite во Castanea кожа

 Внатрешноста на BMW iX е уникатно место за опуштање со аехитектура инспирирана од модерниот дизајн на ентериер. Неговите елементи – како што е рамната контролна табла со големиот BMW  Curved Display и тенките седишта – сите наликуваат на парчиња мебел со нивниот висококвалитетен избор на бои и материјали. Самостојната подвижна централна конзола, отсуството на централен тунел и најголемиот панорамски стаклен покрив некогаш инсталиран во BMW создаваат импресивно чувство на простор што ве кани да се задржите во него.

АТРИБУТИ НА ДИЗАЈНОТ НА ВНАТРЕШНОСТА НА BMW iX.

BMW iX i20 електричен SUV дизајн на внатрешната кабина Suite Castanea

Минималистички внатрешен дизајн.

Дизајнот на внатрешноста е модерен и сведен на суштинските елементи – фокус што може да се забележи во екраните и контролите. Како централен контролен елемент, стаклестиот iDrive Controller на централната конзола е врамен со елегантна контролна табла направена од FSC-сертификувано дрво.
BMW iX i20 електричен SUV дизајн на задниот внатрешен дел Suite Castanea

Салонски седишта во задниот дел.

Благодарение на отсуството на централен тунел, BMW iX нуди пространа салонска атмосфера за патниците на задните седишта. Дополнителни опции за задните седишта вклучуваат греење и 3D звучници интегрирани во потпирачите за глава. Потпирачот за грб на задното седиште може да се подели во 40 : 20 : 40 сооднос за да се прошири капацитетот за багаж.
BMW iX i20 електричен SUV внатрешност на панорамскиот стаклен покрив

Панорамски стаклен покрив.

„Sky Lounge“ панорамскиот стаклен покрив по целата должина создава великодушно чувство за пространост и релаксирана салонска атмосфера во кабината. Може електрохроматски да се засени за поголема приватност и, бидејќи нема потреба од внатрешна покривна облога, им нуди на патниците уште повеќе простор над главата со модерно чувство.
BMW iX i20 електричен SUV BMW Curved Display внатрешност

BMW Curved Display.

BMW Curved Display, за првпат инсталиран во серизко возило, служи како централен екран и контролен елемент за потполно дигиталната средина на BMW iX. 12,3-инчниот информациски екран се спојува со 14,9-инчниот контролен екран во една целина и создава впечаток за самостојна рамка за слика на инструмент-таблата.

ОРИГИНАЛНИ BMW iX ДОДАТОЦИ.

BMW iX i20 2021 BMW вградена подлога за багажник црна

BMW вградена подлога за багажник

Вградената водоотпорна BMW подлога за багажник што спречува лизгање го штити багажникот од нечистотии и влага. Во црна боја со логото на BMW.
BMW iX i20 2021 Оригинален BMW багажник за покрив 520 црн/титаниум сребрен

BMW багажник за покрив 520 црн/титаниум сребрен

BMW Црн/титаниум сребрен багажник за покрив што се заклучува, достапен од двете страни со капацитет од 520 литри, компатибилен со сите BMW системи за покривни држачи.
BMW iX i20 2021 Оригинален BMW заден носач за велосипеди Pro. 2.0

BMW заден носач за велосипеди Pro. 2.0

Лесен, стабилен BMW заден носач за велосипеди Pro 2.0 за два велосипеда/е-велосипеда. Максимална носивост од 60 kg, може компактно да се спакува.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ НА BMW iX.

BMW iX xDrive50.

Моќност во kW: 

385

Перформанси на возење 0 – 100 km/h: 

200

Електричен опсег во km (WLTP): 

630

Потрошувачка на енергија kWh/100 km: 

19,8–23,0

BMW iX i20 2021 електричен SUV BMW iX xDrive50 технички податоци модел

BMW SERVICE INCLUSIVE.

BMW iX i20 2021 електричен SUV BMW iX xDrive50 Сервис BMW партнер

#whateverhappens. Безгрижно патување за електрични возила во секој поглед: овој пакет ви нуди 100% транспарентност и практичност при планирањето. Само може да го одберете временскиот период од 4 или 6 години – или период од 3 години како лизинг потрошувач.

Содржина на сервисниот пакет:

  • Сервис на возилото
  • Сервисирање на микрофилтер
  • Сервисирање на течност за сопирачки

Потрошувачка на енергија и CO2 емисии.

* мерено според WLTP тест циклусот


** Понуда специфична за пазарот важечка за нови возила од BMW застапништвата и продажниците во Европа во BMW Charging Network.

BMW iX xDrive40[1]:
Потрошувачка на енергија во kWh/100 km (комбинирано): 19,4–22,5
CO2 емисии во g/km (комбинирано): 0

BMW iX xDrive50[1]:
Потрошувачка на енергија во kWh/100 km (комбинирано): помалку од 21
CO2 емисии во g/km (комбинирано): 0

Вредностите за возилата означени со [1] се прелиминарни.

Информациите за потрошувачката на гориво, СО2 емисиите и потрошувачката на енергија се пресметуваат врз основа на пропишаната постапка за мерење VO (EU) 715/2007 во важечката верзија во времето на одобрување на моделот. Податоците се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија, а опсегот ги зема предвид опционалната опрема и различната големина на тркала и гуми за избраниот модел.

Повеќе информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични СО2 емисии за новите патнички возила може да се најдат во „Прирачникот за потрошувачка на гориво, и СО2 емисии кај нови патнички возила“, кој е достапен бесплатно на сите продажни места, кај DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Германија и на https://www.dat.de/co2

Податоците веќе се пресметани врз основа на новата WLTP регулатива, а за споредба направена  е и повратна пресметка во вредностите на NEDC. За овие возила може да важат други вредности од овие што се тука наведени при пресметката на даноци и други давачки поврзани со возилото, кои се засноваат (меѓу другото и) на СО2 емисии.

Како основа за пресметување на времето за полнење за опсег од 100 km е земена потрошувачката на електрична енергија. Вредностите се однесуваат на стартување на батеријата и амбиентална температура од 23 степени Целзиусови при што вредностите за сертифицирање исклучуваат дополнителни придружни потрошувачи како што се затоплување седишта, екрани, климатизација. Индивидуалната потрошувачка може да се разликува (профил на возење, температура, амбиентални услови). Потрошувачката е заснована на најдобар случај на WLTP.

[1] Минимално време на полнење на Wallbox и Flexible Fast Charger со 11 kW, при волтажа од 400 V, струја 16 A (трифазна), се однесува на сите 28 земји од ЕУ.

[2] Полнењето со ѕиден полнач е AC процес на полнење со состојба на полнење 0-100% со 11 kW.

[3] Со Flexible Fast Charger може флексибилно да го наполните вашето возило на различни домашни точки на полнење. Тоа е AC процес на полнење со состојба на полнење 0-100% со 11 kW на индустриски штекер.

[4] Минимално време на полнење на домашен штекер при 2,3 kW, волтажа од 230 V, струја 10 A (еднофазна), се однесува на сите 28 земји од ЕУ.

[5] Доколку е потребно, може да го полните вашето возило на домашен штекер. Тоа е AC процес на полнење со 2,3 kW. За брзо, безбедно и практично полнење, препорачуваме BMW Wallbox.

[6] Минимално време на полнење на јавна DC станица за полнење со максимални 350 kW перформанси.

[7] На станица за полнење со висока моќност, на пример од мрежата на IONITY, може да го наполните вашето возило со максимални перформанси на полнење на возило. Ова е DC процес на полнење со 10-80%состојба на полнење.

[8] Минимално време на полнење на јавна DC станица за полнење со максимални 50 kW перформанси.

[9] На станица за брзо полнење можете набрзина да го наполните вашето возило во градот или додека патувате. Ова е DC процес на полнење со 10-80%состојба на полнење со максимални 50 kW.

[10] Минимално време на полнење на AC станица за полнење со максимални 22 kW, волтажа од 400 V, струја 32 A (трифазна).

[11] Може да го полните вашето возило речиси секаде на јавна станица за покнење. Ова е AC процес на полнење со 0-100% состојба на полнење со максимални перформанси на полнење на возило.

 

 

Дознајте повеќе

Потрошувачка на енергија и CO2 емисии.

  • * мерено според WLTP тест циклусот

    ** Понуда специфична за пазарот важечка за нови возила од BMW застапништвата и продажниците во Европа во BMW Charging Network.

    BMW iX xDrive40(1):
    Потрошувачка на енергија во kWh/100 km (комбинирано): 19,4–22,5
    CO2 емисии во g/km (комбинирано): 0

    BMW iX xDrive50(1):
    Потрошувачка на енергија во kWh/100 km (комбинирано): помалку од 21
    CO2 емисии во g/km (комбинирано): 0

    Вредностите за возилата означени со (1) се прелиминарни.

    Информациите за потрошувачката на гориво, СО2 емисиите и потрошувачката на енергија се пресметуваат врз основа на пропишаната постапка за мерење VO (EU) 715/2007 во важечката верзија во времето на одобрување на моделот. Податоците се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија, а опсегот ги зема предвид опционалната опрема и различната големина на тркала и гуми за избраниот модел.

    Повеќе информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични СО2 емисии за новите патнички возила може да се најдат во „Прирачникот за потрошувачка на гориво, и СО2 емисии кај нови патнички возила“, кој е достапен бесплатно на сите продажни места, кај DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Германија и на https://www.dat.de/co2

    Податоците веќе се пресметани врз основа на новата WLTP регулатива, а за споредба направена  е и повратна пресметка во вредностите на NEDC. За овие возила може да важат други вредности од овие што се тука наведени при пресметката на даноци и други давачки поврзани со возилото, кои се засноваат (меѓу другото и) на СО2 емисии.

    Како основа за пресметување на времето за полнење за опсег од 100 km е земена потрошувачката на електрична енергија. Вредностите се однесуваат на стартување на батеријата и амбиентална температура од 23 степени Целзиусови при што вредностите за сертифицирање исклучуваат дополнителни придружни потрошувачи како што се затоплување седишта, екрани, климатизација. Индивидуалната потрошувачка може да се разликува (профил на возење, температура, амбиентални услови). Потрошувачката е заснована на најдобар случај на WLTP.

    1) Минимално време на полнење на Wallbox и Flexible Fast Charger со 11 kW, при волтажа од 400 V, струја 16 A (трифазна), се однесува на сите 28 земји од ЕУ.

    2) Полнењето со ѕиден полнач е AC процес на полнење со состојба на полнење 0-100% со 11 kW.

    3) Со Flexible Fast Charger може флексибилно да го наполните вашето возило на различни домашни точки на полнење. Тоа е AC процес на полнење со состојба на полнење 0-100% со 11 kW на индустриски штекер.

    4)Минимално време на полнење на домашен штекер при 2,3 kW, волтажа од 230 V, струја 10 A (еднофазна), се однесува на сите 28 земји од ЕУ.

    5) Доколку е потребно, може да го полните вашето возило на домашен штекер. Тоа е AC процес на полнење со 2,3 kW. За брзо, безбедно и практично полнење, препорачуваме BMW Wallbox.

    6) Минимално време на полнење на јавна DC станица за полнење со максимални 350 kW перформанси.

    7) На станица за полнење со висока моќност, на пример од мрежата на IONITY, може да го наполните вашето возило со максимални перформанси на полнење на возило. Ова е DC процес на полнење со 10-80%состојба на полнење.

    8) Минимално време на полнење на јавна DC станица за полнење со максимални 50 kW перформанси.

    9) На станица за брзо полнење можете набрзина да го наполните вашето возило во градот или додека патувате. Ова е DC процес на полнење со 10-80%состојба на полнење со максимални 50 kW.

    10) Минимално време на полнење на AC станица за полнење со максимални 22 kW, волтажа од 400 V, струја 32 A (трифазна).

    11) Може да го полните вашето возило речиси секаде на јавна станица за покнење. Ова е AC процес на полнење со 0-100% состојба на полнење со максимални перформанси на полнење на возило.