Новата BMW Серија 7 означува несекојдневна појава, максимални перформански и уникатен комфор. Неговата самодоверба е нагласена со импресивната предница со карактеристичната полукружна маска. На страните Air Breather го истакнува неговиот посебен карактер. Со продолжена опшивка и висококвалитетниет внатрешни лајсни, внатрешноста нуди особено луксузен амбиент.

BMW Серија 7 ги зголемува задоволството при возењето и безбедноста и преку дигитални и автоматизирани функции и асистенти. BMW Personal CoPilot комбинира повеќе системи за помош про возење што му помагаат на возачот во различни ситуации и целосно преземаат одредени задачи. Со BMW Live Cockpit Professional, со вклучен Оперативен систем 7.0, контролата станува полесна и поинтуитивна.

Покрај BMW TwinPower турбо 6-цилиндричниот или моќниот 8-цилиндричен бензински мотор, BMW Серија 7 Седан со BMW 745e/Le plug-in хибрид ги комбинира импресивните перформанси на BMW TwinPower турбо линискиот 6-цилиндичен мотор и пионерската ефикасност на батеријата со висока волтажа од најновата генерација.

Новиот BMW M760Li xDrive Седан со моќниот BMW TwinPower турбо 12-цилиндричен бензински мотор ги обединува елеганцијата и спортскиот лик. Во комбинација со M Sport пакетот, како и ексклузивната M Performance опрема и бројните елементи на дизајн, го пренесува фокусот врз страста за динамика.

Дознајте повеќе

ПРЕГЛЕД НА BMW СЕРИЈА 7.

Без оглед на пригодата, BMW Серија 7 блеснува со полн сјај. Неговата извонредна појава и самоуверен карактер ги отсликуваат традицијата, искуството и совршенството што се очекуваат во луксузниот сегмент. Беспрекорниот погон на возилото и технолошката надмоќност демонстрираат како може одново и одново да се постигнуваат нови, повисоки стандарди во перформансите, удобноста и динамиката.

Дознајте повеќе

5 КАРАКТЕРИСТИКИ НА BMW СЕРИЈА 7.

  • 01 Врвен, самоуверен изглед
  • 02 Без компромиси во удобноста и луксузот
  • 03 Беспрекорни перформанси во секој поглед
  • 04 Најсовремена технологија на возилото
  • 05 Одлична поврзаност со сите услуги благодарение на BMW ConnectedDrive
BMW Серија 7 Седан (G12) Тричетвртински преден поглед, во мирување

КРАТКА ИСТОРИЈА НА BMW СЕРИЈА 7.

Откријте ги корените и историјата на луксузноти возило од BMW. Доживејте ја еволуцијата и развојот на седанот што ги поставува стандардите во 

Дознајте повеќе

КРАТКА ИСТОРИЈА НА BMW СЕРИЈА 7.

ПРВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА BMW СЕРИЈА 7.

BMW 7er Sedan (E23) 7/8 side view driving

(BMW E23)

BMW Серија 7 е роден во 1977 година. Возило што отелотворува динамичен споортски дух, иновативен технички напредок и елегантен луксуз на највисоко ниво. Наследникот на BMW Серија E3 има 6-цилиндрични мотори кај кои се забележува неспоредливо подобрување и перформанси во секој елемент на моќноста и го прават овој автомобил најспортскиот седан во луксузната класа. Изгледот на каросеријата е заснован на дизајн на Пол Брак и се карактеризира со преден и заден дел што се спуштаат кои, како и нискиот дел под прозорците, го акцентираат спортскиот дух на возилото.

 

Модерните елементи како што се електронската контрола на системот за климатизирање и контролата за крстарење се достапни уште во 1978 година, а системот против блокирање на сопирачките (ABS) и дигиталната електроника на моторот следуваат во 1979 година. Истата година, сите мотори се заменети со мотори до директно вбрзизгување бензин.

 

Во 1980 година е лансиран најлуксузниот модел: BMW 745i постигнува 185 kW (252 кс) за да развие максимална брзина од 227 km/h. Надградбата на моделот од 1982 година вклучува изменет, уште поаеродинамичен преден дел, четиристепен автоматски пренос и преработена шасија. За девет години произведени се повеќе од 270.000 возила и мошне успешната серија ја продолжува доминацијата на BMW во луксузната класа модерни седани.

 

Период на производство: 1977–1986
Мотори: 2,5–3,4 литри (110–185 kW, 150–343 кс), 6-цилиндрични
Должина/ширина/висина: 4,860 mm/1,800 mm/1,430 mm

 



ВТОРАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА BMW СЕРИЈА 7.

BMW 7er Sedan (E23) 7/8 side view standing

(BMW E32)

 

Под дизајнерското водство на Клаус Луте, вториот модел од BMW серија 7 вклучува хармонични линии и динамични, самоуверени стилски елементи. Широката бубрежна рамка на предниот дел, на пример, или импозантниот заден дел чии задни светла во форма на буквата L дополнително го нагласуваат изгледот. BMW серија 7 сега доаѓа со ABS како стандарден заедно со опционална Park Distance Control и двојно стакло, кое значително ги намалува нивоата на бучава и спречува замаглување на прозорците.

Од 1987 година, луксузниот седан е достапен со 5,0 литарски V12-цилиндричен мотор што испорачува 220 kW (300 кс). Моторот е прв од овој вид употребен во германското производство на автомобили уште од 1945 година. BMW серија 7 сега е достапна и во поиздолжена верзија за максимална удобност на патниците на задните седишта. Од 1989 година, новата опционална High Line extra го издигнува луксузот на ново ниво со опрема како што е минифрижидер и автотелефон.

 

За првпат во сериското производство на автомобили достапни се ксенон светла како опција од 1991 година понатаму. Во 1992 година, воведена е голема надградба на моделот. Како резултат на тоа, два 8-цилиндрични мотори со зафатнина од три и четири литри го комплетираат опсегот на мотори. До 1994 година, произведени се околу 310.000 возила.

 

Период на производство: 1986–1994
Мотори: 3,0–5,0 литри (135–220 kW, 184–300 кс), 6-, 8- & 12-цилиндрични
Должина/ширина/висина: 4.910–5.024 mm/1.845 mm/1.400–1.411 mm

ТРЕТАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА BMW СЕРИЈА 7.

BMW 7er Sedan (E38) 7/8 side view standing

(BMW E38)

Новата генерација BMW Серија 7 пристигнува во салоните во 1994 година и може да се пофали со повеќе технички иновации. Ова е првиот европски автомобил со систем за навигација и, од 1996 годиба, има странични воздушни перничиња за возачот и сопатникот вклучени во стандардната опрема. Патниците на задните седишта се заштитени со воздушни преничиња од 1997 година. Дизајнот е поширок и поспортски, но и поелегантен.

 

Ова е првиот BMW Серија 7 модел достапен со дизел мотор, со 6-цилиндричен мотор што постигнува 135 kW (184 кс), со помош на линиската технологија. Од 1996 година, долниот опсег на дизел моторите е опремен со 6-цилиндричен дизел мотор со зафатнина од 2,5 литри и 105 kW (кс). А во 1999 година, луксузниот седан со V8 дизел мотор и излезна сила од 180 kW (245 кс) поставува уште еден рекорд: Возилото е најмоќното дизел патничко возило некогаш произведено.

 

MW 750i/750iL е предводник на перформансите: неговите 12 цилиндри со 5,4 литри зафатнина развиваат 240 kW (326 кс). Надградбата на моделот во 1998 година вклучува подинамични предни светла и задни светла, како и нов дизајн на страничните прагови и малку поширока бубрежна маска. Опсегот на мотори и преработен и склоповите се поефикасни, но и помоќни во исто време. Од 2000 година, BMW Серија 7 е дом за нова технологија на мотори: BMW 750hL се произведува во ограничен број и користи водород. Покрај регуларната серија со долго меѓуоскино растојание, произведени се и 900 возила под името L7 кои се вкупно 39 центиметри пофолги од стандардната верзија. Произведени се вкупно 27,000 BMW Серија 7 (E38) возила.

 

 

Период на производство: 1994–2001
Мотори: 2,5–5,4 liters (105–240 kW, 143–326 кс), 6-, 8- & 12-цилиндрични
Должина/ширина/висина: 4,984–5,374 mm/1,862 mm/1,425–1,435 mm

ЧЕТВРТАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА BMW СЕРИЈА 7.

BMW 7er Sedan (E66) 7/8 side view standing

(BMW E65, E66, E67 and E68)

Лансирана на Меѓународниот саем на автомобили (IAA) во Германија, новата BMW серија 7 (E65) е сосема ново возило во секлој поглед. Тимот на Крис Бенгл создава акценти на дизајнот со потполно редизајнираните предни светла и карактеристично израмнетиот капак на багажникот. Внатре, iDrive системот му нуди на возачот дотогаш невидена средина на управување. Има помалку контролни копчиња. Наместо нив, околу 700 функции што ги опфаќаат обемните и разновидни системот на возилото се достапни преку само едно копче што може да се врти, притиска и придвижува во осум насоки. Компјутерот во автомобилот користи информации од интернет. Уште една иновација доживува светска премиера: шестстепен автоматски менувач со избирач на брзини на воланот. Најсилниот мотор сега произведува 327 kW (445 кс), кои 12-литарскиот мотор ги развува од шесте литри зафатнина.

Од 2003 година, достапна е BMW серија 7 со адаптивни светла за свртување, а значителна надградба на моделот е направена во 2005 година. Визуелно, задниот дел е поширок, бубрезите се поголеми, а  Bi-Xenon предните светла сега се стандардна опрема. Тие имаат и многу подинамичен дизајн. iDrive системот е надграден и може да се користи поефикасно. Во есента 2005 година, додаден е асистент за високи светла, како и Night Vision, BMW ноќниот асистент што помага да се подобри безбедноста во темнина.
Покрај седанот (Е65), меѓу различно означените модели спаѓаат и долгата верзија со 14 центиметри подолго меѓуоскино растојание (Е66), верзија со зголемена безбедност (Е67) и верзијата на водороден погон (Е68).


Период на производство: 2001–2008
Мотори: 3,0–6,0 литри (160–327 kW, 218–445 hp), 6-, 8- & 12-цилиндрични
Должина/ширина/висина: 5,039–5,179 mm/1,902 mm/1,491 mm

ПЕТТАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА BMW СЕРИЈА 7.

BMW 7er Sedan (F02) 7/8 side view standing

(BMW F01/F02)

На своето претставување во Минхен, BMW серија 7 (F01) дефинира нов стандард за комбинирање на супериорната возна динамика, извонредната појава и исклучителната удобност при патувањето. Елегантниот и спортски дизајн е одразен во долгата хауба, ниската линија на покривот и динамичните пропорции. Хромирана лента се протега по целиот заден дел, која заедно со задните светла ја истакнува ширината на возилото.

Внатрешноста може да се пофали со ексклузивни, извонредно изработени материјали и мноштво модерни системи за помош: Од активна контрола на крстарење и асистенција за ленти до head-up дисплејот. Камерите што го прикажуваат задниот дел, а може да го прикажат и целото возило пружаат дополнителна безбедност. Оваа опција прикажува слика од возилото одозгора и гарантира најдобар можен целокупен поглед.

Дизел и бензинските мотори пружаат спортски перформанси, вклучително и турбо моторите со двојно полнење и BMW 760i, чиј V12-цилиндричен мотор развива 400 kW (544 кс). За прв пат, достапен е хибриден погон во BMW серија 7. Опционалниот погон на четири тркала, адаптивната стабилизација на тркалање и електронската контрола на амортизери (EDC) придонесуваат придонесуваат за типичната BMW возна динамика – за безбедно, прецизно возење.

Надградбата на моделот од 2012 година носи нов централен дисплеј со 3D визуелизации, редизајнирани системи за асистенција, вклучително и асистентот за LED високи светла и преработени, поефикасни мотори.


Период на производство: 2008–2015
Мотори: 3,0–6,0 liters (180–400 kW, 245–544 кс), 6-, 8- & 12-цилиндрични
Должина/ширина/висина: 5,072–5,212 mm/1,902 mm/1,479 mm

ШЕСТАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА BMW СЕРИЈА 7.

BMW 7er Sedan (G12) 7/8 side view standing

(BMW G11/G12)

BMW серија 7 (G11), која се произведува од 2015 година, ги комбинира супериорната динамика и прецизност со исклучителна појава и ексклузивен луксуз. Ова е очигледно во раскошните, сјајни бпи и впечатливиот дизајн на задниот дел. Рамните LED светла се поврзани со тенка светлосна лента и проектираат самоуверен изглед, поткрепен од цевките за издувни гасови со нивниет трапеџоидни контури и широко позиционирање. Каросеријата се состои од мешавина од SFRP (полимер зајакнат со јаглеродни влакна), челик и алуминиум, што значително ја намалува тежината. Панорамски покрив е достапен во верзијата со долго меѓуоскино растојание (G12), што овозможува вентилација преку неговата функција за лизгање и кревање. Како Sky Lounge, на располагање се и светла во боја, кои совршено се хармонизираат со светлосните акценти на B столбот. А кога ќе му се доближи, BMW серија 7 го поздравува возачот со „Welcome & Goodbye“ светлосно шоу.

Ексклузивните, вешто изработени материјали ги изразуваат вашите лични вкусови – на птимер, тапацир од Nappa кожа со „Cognac“ шевови, комплементарни внатрешни лајсни и облога на покривот. Системот за разонода на патници на задните седишта е опремен со HD екрани на допир. Со опцијата за Executive Lounge, патниците на задните седишта уживаат максимална удобност благодарение на луксузните седишта со приспособливи функции за масажа. Патниците што седат зад совозачот имаат непречен панорамски поглед, а нивната потпора за нозе е поврзана со седиштето на совозачот.

Полуавтоматското паркирање му дава на возачот контрола врз возилото без да биде во него: BMW серија 7 може да се маневрира самиот на паркинг места и гаражи со надзор на возачот.

Со надградбата на моделот во 2019 година, автомобилот доби нова, значително поголема радијаторска решетка, која, заедно со соодветните предни светла ги нагласуваат ширината и појавата на луксузниот седан.

Период на производство: 2015–денес
Мотори: 2,0–6,6 литри (183–448 kW, 249–610 кс), 4-, 6-, 8- & 12 цилиндрични
Должина/ширина/висина: 5,098–5,260 mm/1,902 mm/1,467–1,479 mm

BMW used cars in front of BMW dealership

BMW КОРИСТЕНИ АВТОМОБИЛИ.

BMW 7 Series Sedan (G12) side view with open rear door

BMW СЕРИЈА 7 СЕДАН.