На крајот на 1980-те години, наследникот на BMW Серија 6 (E24) ги изненади експертите. Сега купето се нарекува BMW серија 8. Тој е значително поголем, има сосема нов облик на каросерија и може да се пофали со најновата технологија. BMW серија 8 coupé ги комбинира техничките достигнувања со максимална возна динамика и перформанси, со ексклузивност на премиум луксузен автомобил.

Речиси 20 години подоцна, актуелната генерација е заснована врз истиот принцип. Целосно променет дизајн со револуционерен изглед се спојува со најновата еволуција во инженерството – вклучително и најмоќниот мотор што некогаш е употребен во возило од производството на BMW. Оваа прецизна, ненадмината динамика може да се види во погонот, контролата и перформансите. Естетиката, удобноста и моќноста се демонстрирани во целост во три облици на каросерија - Coupé, Кабриолет и Gran Coupé.BMW серија 8 Gran Coupé е неверојатен спортски автомобил со четири врати што одзема здив со неверојатното чувство на пространост. Стилот е заснован на потполно нов дизајнерски јазик за луксузни спортски автомобили, што пренесува нескротлива сила и импресивна агилност. BMW серија 8 Gran Coupé го исполнува ова бескомпромисно спортско ветување на секој метар од асфалтот со своите моќни мотори. Во сите четири седишта – во неодоливо ексклузивен и истовремено импресивно спортски амбиент.

Дознајте повеќе

5 КАРАКТЕРИСТИКИ НА BMW СЕРИЈА 8.

  • 01 Бескомпромисна возна динамика
  • 02 Дизајн што комбинира стил и совршенство
  • 03 Ексклузивниматеријали, исклучителни бои: секоја BMW серија 8 е уникатна
  • 04 Привлечни изданија на возилото: BMW Серија 8 Coupé, Серија 8 Кабриолет или Серија 8 Gran Coupé
  • 05 Луксузот на напредокот: Секогаш водечки во системите за безбедност и помош
BMW Серија 8 Coupé (G15) тричетвртински преден поглед BMW Серија 8 Кабриолет (G14) тричетвртински преден поглед BMW Серија 8 Gran Coupé (G16) 7/8 страничен поглед, сите во мирување

КРАТКА ИСТОРИЈА НА BMW СЕРИЈА 8

Откријте ја историјата на BMW серија 8 моделите и запознајте ги најновите купеа – заедно со потеклото на овие елеганрни, моќни, луксузни спортски автомобили.

Дознајте повеќе

КРАТКА ИСТОРИЈА НА BMW СЕРИЈА 8

ПРВАТА ГЕНЕРАЦИЈА BMW СЕРИЈА 8.

BMW 8er Coupé (E31) 7/8 страничен поглед во возење

(E31)

На неговото претставување на Меѓународниот автомобилски саем (IAA) во Германија, ефективниот наследник на BMW Серија 6 (E24) е толку добро прифатен што се нарачани 5.000 возила уште пред да биде испорачан првиот BMW 850i. Клинестата каросерија со издолжена хауба и стрмниот заден дел е дизајнирано од Клаус Капица. Неговиот рамен преден дел потсетува на BMW M1. Мазните и исклучително елегантни линии ветуваат перформанс што лесно е испорачан од V12-цилиндричниот мотор со зафатнина од пет литри и излезна сила од 220 kW (300 кс).

Неговите бројни технички иновации исто така го прават овој автомобил најмодерното возило направено од BMW на крајот на 1980-те години. Надградбите ја вклучуваат опционалната самоуправувачка задна оска и нови системи за помош, како што е DSC системот за стабилност, серво волан и електронска контрола на амортизери (EDC) достапна на BMW 850i. Серија 8 е првиот BMW со Cd вредност пониска од 0,3 и мултиплекс систем за поврзување на различните контролни системи. Во 1992 година е претставена уште помоќна верзија – 850Csi – која создава 380 kW (280 кс) излезна сила со 5,6 литри зафатнина на моторот. Една година подоцна, 4,0-литарскиот 8-цилиндричен мотор со излезна сила од 210 kW (286 кс) го комплетира опсегот на мотори. Уште една верзија на 12-цилиндричниот модел, BMW 850Ci, станува достапна во 1994 година и произведува 40 kW (326 кс) with a 5,4 литарска зафатнина на моторот. BMW 840 исто така е достапен во Ci верзија во 1995 година. BMW серија 8 ги комбинира најдобрата технологија, аеродинамиката и дизајнот. Авангардната елеганција и ексклузивниот луксуз се обединуваат со извонреден перформанс – карактеристики што се оживеани во BMW серија 8 од 2018 година (G14, G15, G16). До крајот на производството во 1999 година, од производната лента излегоа повеќе од 30.000 примероци на луксузното купе.

Период на производство: 1989–1999
Мотори: 4,0–5,6 литри (160–280 kW, 218–380 кс), 8- & 12-цилиндричен
Должина/ширина/висина: 4.780 mm/1.885 mm/1.340 mm.

ВТОРАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА BMW СЕРИЈА 8.

BMW 8 Coupé (G15) тричетвртински преден поглед во мирување

(G15)

Наследникот на BMW серија 6 (F13) е идеалната комбинација од највисокиот квалитет и максималните перформанси. Уникатниот дизајн веќе ја навестува амбицијата на луксузното спортско купе. Рамните предни светла со опционално ласерско осветлување ја акцентираат рамната, ниска силуета и претставуваат нова естетска форма. Јасно повлечените линии, мускулестите рамена и рамната линија на покривот го комбинираат карактерот на спортски автомобил со стремежите на луксузната класа на BMW.

Внатрешноста возбудува со својот прогресивен изглед, во кој сè упатува во една насока: напред. Луксузните материјали во внатрешноста, како што се внатрешните лајсни изработени од висококвалитетно дрво и индивудуалната BMW кожена опрема го исполнуваат ветувањето за несекојдневно чувство. А мноштвото уникатни бои за аросерија значи дека совршено ги изразува индивидуалните вкусови.

Дигиталната кабина на спортски автомобил обезбедува сигурна контрола врз моќта на возилото и BMW серија 8 секогаш вклучува иновативни технологии како што се најновите системи за безбедност и помош.

Бескомпромисната возна динамика е преземена директно од мотоспортот, исто како и Xdrive погонскиот систем на сите четири тркала, M sport диференцијалот и електромеханичката стабилизација при тркалање. Заедно со карактеристичните високоефикасни и моќни погонски системи, BMW серија 8 купе овозможува и максимална моќност – до 460 kW (625 КС) во M8 Competition Coupé – од двоен 8-цилиндричен мотор со турбо полнење. Денес, тоа е најмоќниот мотор употребен во некое возило произведено од BMW.

Период на производство: 2018–денес
Мотори: 3,0–4,4 литри (245–460 kW, 333–625 кс), 6- & 8-цилиндри
Должина/ширина/висина: 4.843–4.867 mm/1.902–1.907 mm/1.339–1.362 mm

BMW Серија 8 Кабриолет (G14) тричетвртински страничен поглед во мирување

(G14)

Достапен од 2019 година, BMW серија 8 Кабриолет нуди уникатно искуство на отворено. Мекиот покрив се собира како купе и може да се отвори за помалку од 15 секунди, додека дефлекторот за ветар обезбедува непрекинато задоволство во возењето. Благодарение на тркачките гени, BMW M8  Competition кабриолетот забрзува од мирување до 100km/h за само 3,3 секунди. Прецизно подесената шасија со задна оска со активно самоуправување го олеснува динамичното свртување во аглите. Самоуверениот дизајн на возилото зборува за себе и ветува сензуално спортско чувство што ве остава без здив со елегантната силуета и моќниот заден дел.

Внатрешноста, совршена симбиоза на луксуз и перформанси е изработена од префинети материјали како што е опционалниот тапацир од „Merino“ кожа со контрастни опшивки. Уште еден атрибут е опционалната употреба на „Crafted Clarity“ стакло. Неговите рачно изработени стаклени елементи на менувачот на брзини, iDrive контролорот и копчето за старт/стоп го возвишуваат изгледот и чувството на внатрешноста.

BMW серија 8 Кабриолет секогаш е неспоредливо, ексклузивно искуство. Тој доаѓа или како BMW M8 Competition Кабриолет со M TwinPower Turbo 8-цилиндричен мотор или како опција со 6-цилиндричен мотор.

Период на производство: 2019–денес
Мотори: 3,0–4,4 литри (245–460 kW, 333–625 кс), 6- & 8-цилиндри
Должина/ширина/висина: 4.843–4.867 mm/1.902–1.907 mm/1.339–1.353 mm

BMW Серија 8 Gran Coupé (G16) тричетвртински заден поглед во возење

(G16)

BMW серија 8 Gran Coupé со четири врати, кој исто така е достапен од 2019 година, ги комбинира екстравагантниот луксуз и сензационалните перформанси при возење на купеата на BMW серија 8 со импресивна пространост. Долгото меѓуоскино растојание и лесно поткренатата линија на покривот овозможуваат широк простор за главата и нозете. Панорамскиот стаклен покрив пропушта многу светлина и, ако е потребно, свеж воздух во возилото со функцијата на лизгање и кревање. Згора на тоа, создава непречен поглед од предниот до задниот прозорец.

Во внатрешноста, првокласните детали и висококвалитетната кожа – која може да биде рачно шиена на барање – ги насладуваат сетилата. Внатрешноста може да се персонализира до најситните детали, како BMW Live Cockpit Professional, кој вклучува инструмент дисплеј со висока резолуција, контролниот дисплеј во централната конзола и BMW Head-Up Display. Тие можат да се контролираат со допир или преку iDrive контролорот, како и со гестови или гласовни наредби.

На надворешната страна, луксузното спортско купе го револуционизира стилот во својата класа со атлетски преден дел, елегантна силуета и впечатлив заедн дел. Елегантните странични делови ги истакнуваат неверојатните бои на каросерија кои вклучуваат специјални сјајни и светкави ефекти.

Моќните twin power турбо бензински мотори и двојниот линиски дизел мотор со турбо полнење му даваат на BMW серија 8 Gran Coupé уникатна брзина и возна динамика што го ставаат возилото на чело на својата класа. Тие се акцентирани од нискиот центар на гравитација и големата крутост на возилото.

 BMW серија 8 Gran Coupé гарантира врвно возење во град, на автопат и по кривулестите селски патишта. А тој е идеален партнер за и далечните патувања.

Период на производство: 2019–денес
Мотори: 3,0–4,4 литри (245–460 kW, 333–625 hкс), 6- & 8-цилиндри
Должина/ширина/висина: 5.074–5.098 mm/1.932–1.948 mm/1.401–1.420mm

BMW користени автомобили пред продажно место на BMW

BMW КОРИСТЕНИ АВТОМОБИЛИ

BMW 8er Coupé (G15BMW Серија 8 Coupé (G15) тричетвртински преден поглед во мирување three-quarter front view standing

BMW СЕРИЈА 8 COUPÉ.

BMW Серија 8 Gran Coupé (G16) тричетвртински заден поглед во возење

BMW СЕРИЈА 8 GRAN COUPÉ.

Including of /content/bmw/marketB4R1/master/en_BQ/publicPools/teaser-pool/small-teasers/8-series-overview/jcr:content/par-1col1/smallcontentteaser_5 failed
BMW M8 Gran Coupé (F93) тричетвртински страничен поглед во мирување со модел

BMW СЕРИЈА 8 GRAN COUPÉ M АВТОМОБИЛИ.

BMW Серија 8 Кабриолет (G14) тричетвртински страничен поглед во мирување

BMW СЕРИЈА 8 КАБРИОЛЕТ.

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

  • BMW Серија 8 Coupé:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 10,8–6,2
    CO2 емисии во г/км (комбинирано): 247–163

    BMW M8 Coupé:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 11,4–11,0
    CO2 емисии во г/км (комбинирано): 260–251

    BMW Серија 8 Кабриолет:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 10,9–6,4
    CO2 емисии во г/км (комбинирано): 248–168

    BMW M8 Кабриолет:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 11,6–11,2
    CO2 емисии во г/км (комбинирано): 264–255

    BMW Серија 8 Gran Coupé:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 11,0–6,4
    CO2 емисии во г/км (комбинирано): 252–167

    BMW M8 Gran Coupé:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 11,6–11,2
    CO2 емисии во г/км (комбинирано): 264–256

    Официјалните вредности за потрошувачка на гориво, CO2 емисии, потрошувачка на електрична енергија и електричен опсег се определени во согласност со пропишаната постапка на мерење и ја почитуваат Регулативата (EU) 715/2007 во нејзината изменета форма. WLTP вредностите ја земаат предвид секоја опционална опрема кога станува збор за опсегот. За возилата од нов тип одобрен по 01.01.2021 година, официјалните спецификации постојат само според WLTP. Дополнителни информации за методите на мерење според NEDC и WLTP може да се најдат на www.bmw.de/wltp.

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО И CO2 ЕМИСИИ.

BMW Серија 8 Coupé:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 10,8–6,5
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 245–170

BMW M850i Coupé:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 10,8–10,5
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 245–239

BMW Серија 8 Кабриолет:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 11,0–6,7
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 249–175

BMW M850i Кабриолет:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 11,0–10,7
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 249–243

BMW Серија 8 Gran Coupé:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 11,0–6,7
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 251–174

BMW M850i Gran Coupé:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 11,0–10,7
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 251–243

Официјалните вредности за потрошувачка на гориво, CO2 емисии, потрошувачка на електрична енергија и електричен опсег се определени во согласност со пропишаната постапка на мерење и ја почитуваат Регулативата (EU) 715/2007 во нејзината изменета форма. WLTP вредностите ја земаат предвид секоја опционална опрема кога станува збор за опсегот. За возилата од нов тип одобрен по 01.01.2021 година, официјалните спецификации постојат само според WLTP. Дополнителни информации за методите на мерење според NEDC и WLTP може да се најдат на www.bmw.de/wltp.

Дознајте повеќе