Алатката за управување со твојата дозвола за користење на колачиња е привремено недостапна. Затоа, може да недостасуваат некои функционалности за кои се бара да добивање согласност за користење колачиња.
Радикално спортски. Револуционерен и независен. Со динамиката од која ви застанува здивот и енергичната агилност, новиот BMW M240i xDrive Coupé пружа ненадминливи перформанси. А пред сè, нуди чиста и едноставна забава. Без оглед дали забрзувате, свртувате или возите брзо на прав дел од патот – бројот на вртежи се зголемува заедно со пулсот и адреналинот. Истовремено, прогресивно фокусираниот дизајн ги нагласува бескомпромисно спортските амбиции со секој аспект, прикажувајќи го BMW M240i xDrive Coupé во најдобро светло.
BMW M240i xDrive Coupé:
Потрошувачка на гориво во л/100км (комбинирано): 8.0
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 185
BMW M240i xDrive Coupé:
Потрошувачка на гориво во л/100км (комбинирано): 8.0
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 185
ПЕРФОРМАНСИ НА BMW M240i xDRIVE COUPÉ.
Погонски склоп, потпирање и перформанси.
BMW M240i xDRIVE COUPÉ.
- BMW M TwinPower Turbo линиски 6-цилиндричен бензински мотор со 374 кс
- M Sport потпирање, M Sport диференцијал и M Sport сопирачки како стандардни
- Интелигентен погон на сите тркала BMW xDrive
- 275 kW (374 кс), 500 Nm, 0–100 км/ч за 4,3 сек
BMW M240i xDRIVE COUPÉ – АТРИБУТИ НА ПРОИЗВОДОТ.
Возна динамика и карактеристики на дизајнот на BMW M240i xDrive Coupé.
- Возна динамика
- Дизајн
BMW M TwinPower Turbo линиски 6-цилиндричен бензински мотор.
Врвен атлет што пружа чисто задоволство при возењето: M TwinPower Turbo линискиот 6-цилиндричен бензински мотор се одликува со супериорна снафа и препознатливиот карактеристичен звук на М мотор. Double-VANOS, Valvetronic, високопрецизното вбризгување и TwinScroll турбополначот обезбедуваат одлична сила.
Адаптивно М потпирање и променливо спортско управување
Адаптивното М потпирање може електронски да се приспособи во секое време за да одговара на патот и условите за возење. Може да се приспособат и карактеристиките на потпирањето преку контролата за искуство при возење за да ви се овозможи претпочитаниот стил на возење во тоа време – од удобен до екстремно атлетски со впечатливо агилно управување. Променливото спортско управување со Servotronic создава директна и агилна реакција на управувањето и го намалува напорот потребен за да се врти воланот. Реагира на аголот на воланот со различни односи на управување. Ова го подобрува управувањето при подинамично возење и го намалува потребниот напор при паркирање и свртување.
M sport диференцијал.
M sport диференцијалот ги оптимизира прилепувањето и стабилноста во возењето при промена на ленти или при забрзување на излез од кривина, кога се влегува во кривина со висока брзина или на различни патни површини. Прилепувањето се оптимизира со помош на електронски управуван уред што ја намалува разликата во бројот на вртежи меѓу задните тркала.
Steptronic Sport менувач.
8-степениот Steptronic sport менувач нуди неверојатна спортска промена на степените на пренос. Без разлика дали автоматски или рачно, користејќи ја палката за изборот на степен на пренос или преку лопатките на управувачот – за удобно крстарење или многу динамичен стил на возење. Во SPORT PLUS режим и со лопатката на управувачот во левата S/M позиција, промените на пренос се конфигурирани за најдобри перформанси.
M Sport сопирачка.
M Sport сопирачката има четириклипни фиксирани стеги напред и едноклипни подвижни стеги назад во темносина металик боја со М ознака и вклучува поголеми дискови на сопирачката за да гарантира извонредни перформанси при сопирањето. Приспособена на мошне високиот динамичен потенцијал на вашиот BMW, овозможува и исклучително атлетски стил на возење и одлично прикочување на влажни површини.
Дизајн на преден дел.
Предниот дел на BMW M240i xDrive Coupé е врвот во спортската елеганција, но и максимално независен: моќниот свод на хаубата кажува сè. Експресивната бубрежна решетка со рамка во Cerium Grey сива боја и нови крилца што се отвораат или затвораат во зависност од потребата за воздух. Препознатливите предни светла потсетуваат на легендарните BMW Coupé икони како BMW 2002, додека М-специфичната предна маска – дел од стандардниот М аеродинамичен пакет – со нејзините јасно обликувани и триаголни странични отвори за воздух во Cerium Grey ја истакнуваат импресивната динамика на М автомобилот.
Дизајн на заден дел.
Задниот дел на BMW M240i xDrive Coupé има особено атлетски изглед. Компактните задни светла поставени на задните крајни делови го истакнуваат широкиот став, додека стандардниот заден спојлер во боја на каросерија ги подобрува возните карактеристики благодарение на оптимизираната аеродинамика и му дава спортски акцент на возилото. Овој ефект го надополнуваат М-специфичната задна маска, која импресионира со впечатливиот дифузер во црна боја со висок сјај и препознатлив хексагонален украс. Целокупниот динамичен изглед е заокружен со цевка за издувни гасови во Cerium Grey сива боја.
Страничен дизајн.
Страничниот поглед на BMW M240i xDrive Coupé открива силуета на радикално спортско купе. Агилниот дизајн со три кутии, со издолжена хауба, кратките препусти и просторот за складирање за патниците сместен позади создава особено динамичен впечаток. Истовремено, вертикално поставениот дел за бубрежната решетка, познат како нос на ајкула, му дава дополнителна динамика на страничниот дизајн. М куќиштата за ретровизори во Cerium Grey сива боја и перцизните линии на рамената што се протегаат од предните светла до задните светла ги потенцираат спортските амбиции на возилото.
M Sport седишта.
Мултиприспособливите M Sport кадести седишта и делумно интегриран потпирач зза глава овозможуваат одлична странична поддршка за вас и вашиот совозач. Дополнително, ширината на наслонот зза грб може индивидуално да се приспособи. Специјалниот дизајн со црно M лого ги нагласува атлетските способности на возилото.
M кожен волан.
М кожниот волан што вклучува мултифункционални копчиња, M беџ и интегрирано воздушно перниче на страната на возачот доаѓа во дизајн со три краци. Со пораб на воланот во „Walknappa“ кожа во црна боја со црна опшивка и контурирани вдлабнатини за палците, овозможува директно, атлетско искуство при управувањето.
M внатрешна украсна лајсна.
Осветлената М внатрешна украсна лајсна уникатно ги презентира М боите за внатрешност што со сигурност ќе привлече погледи. Украсните панели на вратата, осветлени во М бои го нагласуваат ексклузивниот спортски карактер на возилото, додека ефектот на избледеност ја истакнува динамиката по која се познати најсилните букви на светот.
BMW M240i xDRIVE COUPÉ – СПОРТСКИ ИМПРЕСИИ.
Атрибути на дизајн на надворешноста на BMW M240i xDrive Coupé.
ВОЗАЧКА КАБИНА И ТЕХНОЛОГИИ.
Оперативен концепт, дигитални услуги и системи за помош на возачот на BMW M240i xDrive Coupé
BMW Live Cockpit Professional.
BMW Live Cockpit Professional со функција на навигација вклучува два висококвалитетни екрана составени од 10,25-инчен контролен екран со висока резолуција што може да се управува со допир и потполно дигитален 12,3-инчен инструмент екран. BMW Operating System 7 може да се управува и преку iDrive Touch Controller*.*За овој модел на возило, моментално не може да се понуди функцијата на управување со допир на iDrive controller.
BMW Intelligent Personal Assistant.
Зар не би било неверојатно кога вашиот ВМW би бил и ваш личен експерт за возилото? Комуницирајте со вашиот BMW со помош на BMW Intelligent Personal Assistant. Изговорете природни наредби за да активирате вбројни функции на возилото. Тој може да ви објасни и теми поврзани со вашето возило и ви помага уште подобро да го запознаете вашиот BMW.
Driving Assistant.
Безбедносниот пакет Driving Assistant вклучува предупредување за преден судир со функција на прикочување, Speed Limit Assist (Помош при ограничување на брзина) вклучително и Speed Limit Display (прикажување на ограничување на брзина) со индикатор за забрането претекнување и предпредупредување како и предупредување за сообраќај при возење во рикверц. Lane Departure Warning (Предупредување за скршнување од лента) и Lane Change Warning (предупредување за промена на лента со активно враќање, како и предупредување за заден судир ги заокружуваат елементите.
Parking Assistant Plus.
Parking Assistant Plus го олеснува паркирањето и маневрирањето со возилото. Меѓу другото, вклучува Surround View систем со Top View, Panorama View, Remote 3D View, како и помош за странично паркирање, функцијата за итно сопирање Active Park Distance Control, Parking Assistant со должинско и странично насочување и Reversing Assistant.
Smartphone integration.
Зошто да се лишите од карактерисриките на вашиот паметен телефон во вашиот BMW кога можете да го користите како и вообичаено? Со интеграцијата на паметниот телефон, вашето возило поддржува Apple CarPlay® and Android Auto® преку безжично поврзување меѓу паметниот телефон и возилото. Ова ви овозможува на практичен начин да ги користите познатите функции и различните апликации во возилото.
Remote Software Upgrade.
Секогаш имајте ја најновата верзија на софтверот. Со Remote Software Upgrade, вашиот BMW секогаш ќе биде ажуриран. Можете едноставно да ги преземете надградбите преку My BMW App или преку SIM картичката инсталирана во возилото и потоа да ги инсталирате. На овој начин, се активираат и другите достапни функции во вашиот BMW.
Amazon Alexa Car Integration.
„Алекса, додади и чај во списокот за пазарување.“ „Алекса, какво е времето во Минхен?“ Со Amazon Alexa Car Integration, може да ја користите гласовната услуга во вашиот автомобил без никаков напор, исто како и дома. Одговорите на Алекса се прикажани и како визуелен фидбек на контролниот дисплеј на важето возило.
BMW Дигитален клуч.
BMW Дигиталниот клуч (Digital Key) го претвора вашиот компатибилен паметен телефон* во клуч за возилото. За да го отклучите, едноставно доближете го паметниот телефон до кваката на вратата; пред да го стартувате вашиот BMW, оставете го на подлогата за паметни телефони. Дополнително, може да им испратите Дигитален клуч на максимум 5 пријатели, и дури и да ја ограничите максималната брзина – идеално за возачи почетници.
* BMW Дигиталниот клуч (Digital Key) е компатибилен само со одбрани паметни телефони. Список со компатибилни паметни телефони е достапен на bmw.com/digitalkey. За користење на BMW Дигиталниот клуч, потребна е опремата за Teleservices.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА BMW СЕРИЈА 2 COUPÉ M АВТОМОБИЛ.
BMW M240i xDRIVE COUPÉ.
Моќност на моторот во kW (кс) :
| 275 (374) |
Максимален вртежен момент :
| 500 |
Забрзување 0–100 km/h во s: | 4.3 |
Потрошувачка на гориво во л/100 км: | 8,8–8,1 |
M PERFORMANCE ДЕЛОВИ И ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ ЗА BMW СЕРИЈА 2 COUPÉ M АВТОМОБИЛ.
BMW M240i xDrive Coupé нуди динамично задоволство во возењето и мноштво спортска опрема. Оригинални BMW додатоци се достапни за сите ваши потреби. Нудиме широк избор на индивидуални додатоци што совршено одговараат на ова несекојдневно спортско возило во квалитет, дизајн и перформанси и ви нудат максимална додадена вредност - што и да имате на ум.
- BMW M Performance делови
- Оригинални BMW додатоци
M Performance бубрежна маска од јаглеродни влакна.
Покажете го вашиот стил: рамката на M Performance бубрежната маска е изработена од премиум јаглеродни влакна. За особено елегантен, спортски и индовидуален изглед.
M Performance заден спојлер од јаглеродни влакна.
M Performance задниот спојлер од јаглеродни влакна го унапредува врвниот квалитет и динамичниот изглед на автомобилот и гарантира оптимизирана аеродинамика.
M Performance заден дифузер од јаглеродни влакна.
M Performance задниот дифузер од јаглеродни влакна создава уште помодерен изглед – и го истакнува спортскиот изглед на возилото.
20-инчно M Performance ковано тркало Y фелни 795 M Jet Black мат.
20-инчни M Performance ковани тркала Y фелни 795 M во Jet Black мат боја. Комплет летни тркала со монитор на притисокот во пневматиците и run-flat пневматици.
M Performance волан.
Цврсти факти: Воланот со простор за држење обложен во Alcantara кожа овозможува одлично чувство и стисок за поспортско чувство на управување.
M Performance покривач за наслонот за грб во Alcantara/јаглеродни влакна.
M Performance седиштето изработено од јаглеродни влакна со отворени пори и Alcantara им даваат на седиштата висококвалитетен тркачки спортски изглед.
BMW багажник за покрив 320 црна/титаниум сребрен.
Багажник за покрив во црна/титаниум сребрена боја што се заклучува, достапен од двете страни со капацитет од 320 литри, компатибилен со сите BMW системи за покривни држачи.
BMW заден носач за велосипеди Pro 2.0.
Лесен, стабилен BMW заден носач за велосипеди Pro 2.0 за два велосипеда/е-велосипеда. Максимална носивост од 60 kg, може компактно да се спакува.
BMW подни облоги за сите временски услови, предни.
Совршено вградените BMW подни облоги за секакви временски услови го штитат предниот простор за нозе од влага и нечистотии. Во црна боја со украс од нерѓосувачки челик.
BMW облога за багажник.
Црна, вградена, издржлива облога против лизгање што штити од нечистотии и влага.
19-инчно M Performance лесно алуминиумско тркало со Y фелни 898 M Frozen Gunmetal Grey сива боја.
19-инчни M Performance лесни алуминиумски тркала со Y фелни 898 во M Frozen Gunmetal Grey сива боја. Комплет летни тркала со монитор на притисокот во пневматиците.
BMW Advanced Car Eye 2.
Во случај на нарушувања, високосензитивната фул-HD камера автоматски ја снима ситуацијата пред и зад возилото.
ЦЕНИ, ФИНАНСИРАЊЕ И ЛИЗИНГ НА BMW СЕРИЈА 2 COUPÉ M АВТОМОБИЛ.
BMW ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ ЗА BMW M240I XDRIVE COUPÉ.
Финансиските производи на BMW Финансиски услуги што се скроени по мерка, брзо и флексибилно ве водат до вашата дестинација. Без оглед дали барате финансирање или лизинг – секоја од нашите понуди е индивидуално адаптирана на вашите потреби и желби. Дознајте повеќе за привлечните решенија за финансирање или за соодветната понуда за лизинг за вашиот нов BMW M240i xDrive Coupé.
УСЛУГИ И АСИСТЕНЦИЈА ЗА BMW M240i xDRIVE COUPÉ.
BMW SERVICE INCLUSIVE ЗА BMW M240i xDRIVE COUPÉ.
Потрошувачка на гориво и CO2 емисии на BMW M240i xDrive Coupé.