Алатката за управување со твојата дозвола за користење на колачиња е привремено недостапна. Затоа, може да недостасуваат некои функционалности за кои се бара да добивање согласност за користење колачиња.
Не може да биде избран, но те избира тебе: BMW X2 M35i е екстремно атлетски и врвно спортски автомобил. Овој член на семејството M е уште посигурен на асфалтот благодарение на изострениот дизајн и силните пропорции во споредба со стандардниот BMW X2.
СПОРТСКИ АВТОМОБИЛ, РЕДЕФИНИРАН.
Дизајн на BMW X2 M35i.
ДИЗАЈН НА BMW X2 M35i.
Високи перформанси во врвна форма.
BMW двојна бубрежна решетка со мрежест дизајн.
BMW двојната бубрежна решетка со мрежест дизајн во целост е доработена во Cerium Grey боја и има детално дизајнирана решетка однатре. Оваа мрежна структура, инспирирана од трките, дава длабочина и вредност на предната страна и поставува висококвалитетен и динамички акцент на деталите.
M заден спојлер.
Задниот M спојлер ја нагласува атлетската силуета и го спречува несаканото подигање. Произведувајќи потисна сила на задната осовина, му овозможува на возилото поголема стабилност при возењето.
M тркала од лесна леугра Double-spoke стил 716 M.
20" M тркала од лесна легура во Double-spoke стил 716 M, Jet Black, сјајно брусени со ранфлет пневматици, димензија на тркала 8J x 20 со 225/45 R20 пневматици.
Рамки на ретровизорите во Cerium Grey.
Уникатната динамика на надворешноста на BMW X2 M35i се акцентирани со специфичните детали во цериум сива боја. Тука се вклучени, меѓу другото, и рамките од капаците на ретровизорите.
M спортски седишта.
Спортските седишта имаат високи потпори на седиштето и наслонот, и овозможуваат оптимална потпора на возачот и совозачот дури и во спортско возење по свиоците. За разлика од стандардните седишта, нивниот агол на седење, длабочината на седење, потпирачите за бедра и широчината на потпирачот за раце на возачкото седиште може индивидуално да се прилагодат. Нивниот посебен дизајн ги истакнува спортските способности на возилото.
ВОЗНА ДИНАМИКА НА BMW X2 M35i.
Бесконечна моќ.
СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ ЗА BMW X2 M35i.
Дигитални услуги и интегрирани системи за помош на возачот на BMW X2 M35i.
- Помош за возачот
- Connectivity
Активен темпомат со Stop&Go функција.
Активниот темпомат со Stop&Go функција, вклучува и предупредување за судир со функција на сопирање, ја одржува одредената посакувана брзина, како и растојанието до возилото пред вас. Возилото се грижи за забрзувањето и сопирањето, а избраното растојание се одржува дури и при бавно движење и во сообраќаен метеж се до сопирање на возилото.
Помошник за сообраќаен метеж.
Помошникот за сообраќаен метеж ви го олеснува во монотоните сообраќајни ситуации: При брзини до 60 км/ч, системот овозможува автомобилот едноставно да „ползи“ со другите автомобили во густиот сообраќај, правејќи ги гужвите во сообраќајот помалку стресни. Тој автоматски го одржува растојанието до возилото пред вас и ја намалува брзината на возилото се до сопирање – притоа дава и поддршка на управувачот.
Driving Assistant Plus.
Driving Assistant Plus опремата овозможува јасно подобрување на безбедноста и удобноста. Таа вклучува Предупредување за сообраќајка и Предупредување за пешаци со функција на лесно градско сопирање, Предупредување за напуштање на сообраќајната лента, Асистент за долги светла, информации за ограничување на брзината и темпомат базиран со камери со функција Stop&Go.
BMW Head-Up дисплеј.
Колорниот BMW Head-Up дисплеј проектира релевантни информации за патувањето директно во вашето видно поле, со што овозможува целосна концентрација на возењето. Овој дисплеј содржи информации како што се моменталната брзина, упатства за навигација, информации за ограничување на брзината вклучително и индикатор за забрана на претекнување, заедно со информации од телефонот и системот за забава.
Navigation Plus.
Navigation Plus има BMW Head-Up дисплеј, iDrive Touch контролер, вграден 8,8-инчен дисплеј на допир и 5,7-инчен TFT дисплеј со висока резолуција во групата инструменти. Системот се ракува интуитивно со помош на iDrive Touch контролерот, преку копчињата за директна контрола во менито и осумте функционални копчиња, гласовни команди или преку екранот на допир со интерактивни површини.
Интеграција на паметен телефон.
Зашто да останете без функциите од вашиот паметниот телефон во вашето BMW кога можете да продолжите да ги користите како и досега? За интеграцијата со паметен телефон, вашето возило поддржува Apple CarPlay и Android Auto преку безжична врска меѓу паметниот телефон и возилото. Тоа ви овозможува практично да ги користите познатите функции од телефонот и разни апликации во возилото.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА BMW X2 M35i.
BMW X2 M35i.
Моќ на моторот kW (КС) при 1/мин: | 225 (306)/5.000-6.250 |
Забрзување 0–100 км/ч во сек.: | 4.9 |
Потрошувачка на гориво, комбинирано во л/100 км: | 8,1-7,5 |
Емисија на CO2, комбинирано во г/км: | 185-170 |
BMW УСЛУГИ.
УСЛУГИ И АСИСТЕНЦИЈА ЗА BMW X2 M35i.
BMW Service Inclusive.
#whateverhappens: Сестрано безгрижно патување за електрични возила: овој пакет нуди 100% транспарентност и едноставно практично планирање. Сами го одредувате периодот од 4 или 6 години – или период од 3 години за корисниците на лизинг.
Сервисниот пакет содржи:
- Сервис за проверка на возилото
- Сервис на микрофилтерот
- Сервис на течноста во сопирачките
BMW Roadside Assistance.
Бесплатната услуга BMW Roadside Assistance достапна е за сите BMW возила секојдневно, 365 дена во годината. Со еден телефонски повик – и нашите експерти ви стојат на располагање, преку телефон или доколку е потребно, на самото место.
FUEL CONSUMPTION AND CO2 EMISSIONS.
BMW X2 M35i:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 8.1–7.5
CO2 emissions in g/km (combined): 185–170
Official figures for fuel consumption, CO2 emissions, electricity consumption and electric range were determined in accordance with the prescribed measurement procedure and comply with Regulation (EU) 715/2007 as amended. WLTP figures take into account any optional equipment in the case of ranges. For vehicles newly type-approved since 01.01.2021, the official specifications exist only according to WLTP. Further information on the NEDC and WLTP measurement methods can be found at www.bmw.de/wltp
Потрошувачка на гориво и емисија на CO2.
BMW X2 M35i:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 8,1-7,5
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 185-170Официјалните бројки за потрошувачка на гориво, емисија на CO2, потрошувачката на електрична енергија и електричниот домет се одредени согласно пропишаните процедури за мерење и ја почитуваат Европската регулатива (EU) 715/2007 со нејзините измени и дополнувања. Бројките на WLTP ја земаат во предвид секоја дополнителна опрема во случај на распон. За ново одобрените возила од 01.01.2021 година, постојат официјални спецификации само согласно процедурата WLTP. Дополнителни информации за методите на мерење NEDC и WLTP можат да се најдат на www.bmw.de/wltp