BMW XM G09 PHEV поглед однапред во мрачно опкружување
Перформанси480 kW (653 кс)
Тип на мотори и горивоPlug-in Хибрид

THE XM

BMW XM G09 PHEV поглед однапред во мрачно опкружување

ПРВИОТ BMW XM.

Перформанси480 kW (653 кс)
Тип на мотори и горивоPlug-in Хибрид
  • THE XMПРВИОТ BMW XM.

    ПРВИОТ BMW XM.

    Ексклузивен, експресивен, електрифициран: Новиот BMW XM ја комбинира импресивната појава со високите перформанси на BMW M и моќната plug-in hybrid технологија од најновата генерација.

     

    BMW XM*:
    Потрошувачка на гориво, комбинирано WLTP во л/100 км: 1,6–1,5
    CO2 емисии, комбинирано WLTP во г/км: 36–33

     

    *Прелиминарни вредности.

    Дознајте повеќе

    ОТКРИЈТЕ ГО НОВИОТ BMW XM.

    Погонски склоп, потпирање и перформанси.

    BMW XM.

    Совршената комбинација на BMW M високи перформанси и иновацијата на plug-in hybrid.
    • BMW M Hybrid, прв електричен M High Performance погон
    • M TwinPower Turbo V8-цилиндричен бензински мотор со високи перформанси
    • Адаптивно М потпирање Professional за возна динамика со високи перформанси
    • M xDrive со M Sport диференцијал
    • 480 kW (653 кс), вртежен момент 800 Nm, забрзување 0–100 км/ч за 4,3 секунди (Прелиминарни вредности)
    BMW XM G09 3/4 поглед однапред

    ДИЗАЈН НА НАДВОРЕШНОСТА НА НОВИОТ BMW XM.

    BMW XM G09 Атрибути на дизајнот на надворешноста
    BMW XM G09 Надворешност целосен поглед однапред

    Дизајн на преден дел

    Легендарниот преден дел во стилот на BMW луксузната класа инспирира со „Iconic Glow“ осветлената бубрежна решетка и тенките дневни светла типични за M. Впечатливата решетка со BMW XM логото и ексклузивните Night Gold акценти зрачи со луксуз и ексклузивност. Моќната извајана хауба беспрекорно се претопува во два свода.

    BMW XM G09 Надворешност страничен поглед

    Страничен поглед.

    Страничниот поглед го комбинира силниот карактер на дизајнот во стилот на купе со моќните пропорции и стилски атрибути како што се најтемните прозорци од целиот опсег на BMW. Освен тоа, 23-инчните тркала од лесна легура и нагласената лента што му даваат уникатен белег на обликот на BMW XM создаваат особено ексклузивен ефект во бојата на акцентите Night Gold.

    BMW XM G09 Надворешност поглед одзади

    Дизајн на задниот дел.

    Вертикалните, хексагонални М двојни цевки за издувни гасови им даваат уникатен изглед на задниот дел со дифузерот во златна боја и новото XM лого. Двете BMW ознаки ласерски нанесени на секоја страна на задното стакло упатуваат на последниот „единствено М“ модел – BMW M1. Заедно со лаковите на тркалата, задните светла го нагласуваат силниот, широк став.

    ДИЗАЈН НА ВНАТРЕШНОСТА НА НОВИОТ BMW XM.

    BMW XM G09 Атрибути на дизајнот на внатрешноста
    BMW XM G09 Внатрешност осветлена покривна облога

    Осветлена покривна облога.

    Индиректно осветлената покривна облога импресионира со тридимензионалната структура на призма. Препознатливото амбиентално осветлување нуди раскошен приказ на различните дизајни за осветлување, како што е сценариото за добредојде. Изборот на бои може да се приспособи на индивидуалните потреби за да одговара на режимот на возење и атмосферата.

    BMW XM G09 Внатрешност задни седишта M lounge

    M Lounge.

    M Lounge нуди уникатно чувство на просторност. Едноделниот простор за седење и деталите како што се структурите во форма на дијамант на потпирачите за раце и дезенот на опшивката оддаваат удобност и луксуз. Заедно со обликуваната, индиректно осветлена покривна облога, темните прозорци и удобните перничиња, создаваат уникатно чувство за простор.

    BMW XM G09 Внатрешност BMW Individual Merino кожа со ексклузивни елементи во Walknappa Vintage Coffee

    Ексклузивна винтиџ кожа.

    Новата кожа со винтиџ карактер фасцинира со природната структура и текстура и им дава елегантни акценти на лајсните на вратата и инструмент таблата. Овој материјал за првпат се користи ексклузивно во новиот BMW XM и специјалните методи на обработка и облагородување даваат уникатен и индивидуален стил во секое возило.

    ВОЗНА ДИНАМИКА НА НОВИОТ BMW XM.

    BMW XM G09 возна динамика атрибути
    BMW XM G09 V8 Plug-In-Hybrid во возење поглед однапред

    8-цилиндричен plug-in hybrid мотор.

    8-цилиндричниот plug-in hybrid мотор е синоним за чисто задоволство при возењето, супериорна испорака на моќност и препознатливиот M звук. Благодарение на виртуозната интеракција со 145 kW електричната машина, 4,4-литарскиот V8 на BMW XM непречено носи напред – за што не помалку заслужни се и двата турбополнача, потполно варијабилната Valvetronic контрола на вентили и вбризгувањето со висока прецизност.

    BMW XM G09 V8 Plug-In-Hybrid Страничен поглед пред зграда

    Адаптивно M потпирање Professional.

    Адаптивното M потпирање Professional импресионира со спортското управување без да прави компромис во поглед на удобноста. Интегралното активно управување го стабилизира возилото при повисоки брзини и истовремено го намалува радиусот на свртување. Активните стабилизатори го намалуваат страничното движење на телото и ги подобруваат возната динамика и удобноста.

    BMW XM G09 поглед одзади во возење во урбано опкружување

    M Sport диференцијал.

    M Sport диференцијалот обезбедува најдобри перформанси за вашето возило на патот. Варијабилно ја распределува моќноста на возењето помеѓу задните тркала и со тоа го подобрува прилепувањето и стабилноста при возењето во различни ситуации – без оглед дали при забрзување на излезот од кривините, при високи брзини во свртување или во различни услови на патот.

    НАСКОРО ДОСТАПЕН СПЕЦИЈАЛЕН МОДЕЛ BMW XM LABEL RED.

    BMW XM G09 Надворешност Label Red

    Новиот BMW XM Label Red* се очекува да биде достапен од крајот на 2023 година:

    • Дополнително подобрена динамика благодарение на 550 kW (750 кс) и 1000 Nm
    • Импресивен сигнал за надворешноста испраќаат површините во Toronto Red боја на акценти во контраст со бојата на возилото Frozen Carbon Black
    • Црвено/Црно шемата на бои продолжува и во внатрешноста и впечатливо го привлекува погледот во комбинација со специфични детали

    * Прелиминарни информации и прикази

    PLUG-IN HYBRID ИСКУСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВИОТ BMW XM.

    Иновативни технологии за поддршка на електричното возење и полнење.

    Најдоброто од двата света: Новиот BMW XM plug-in hybrid.

    • Целосно електричен опсег 82–88 км (WLTP) и интелигентни режими на возење за целосна флексибилност
    • Максимално задоволство при возењето со врвна ефикасност
    • Ефикасен мотор со внатрешно согорување со 360 kW (489 кс) и BMW eDrive батерија со 145 kW (197 кс)
    BMW XM G09 PHEV искуство на електрично возење
    BMW XM G09 Plug-in hybrid M hybrid

    M Hybrid.

    Префрлете се помеѓу потполно електричниот погон и хибридниот режим со притискање на едно копче со интеракцијата помеѓу електричниот мотор и моќниот V8 мотор. Истовремено, интелигентните режими на возење го оптимизираат искуството при возењето.

    Прикажи повеќе
    BMW XM G09 Plug-in hybrid Опсег

    82–88 км опсег со новиот BMW XM.

    Ефикасниот BMW eDrive систем со 145 kW (197 кс) овозможува 82–88 км (WLTP) потполно електрично возење. Ова значи дека патувате речиси безвучно и без локални емисии.

    Прикажи повеќе
    BMW XM G09 Plug-in hybrid BMW Charging

    BMW Charging.

    Без оглед дали сте дома или на пат: BMW Charging ви нуди индивидуално приспособени решенија за полнење за секоја ситуација. Ви овозможува да полните насекаде низ Европа во една од најголемите јавни мрежи за полнење што постојано се шири. Проверете го степенот на наполнетост на вашиот BMW и планирајте ги патувањата особено лесно со My BMW App апликацијата.

    Прикажи повеќе

    КАБИНА И ТЕХНОЛОГИИ ВО НОВИОТ BMW XM.

    BMW XM G09 кабина и технологии
    BMW XM G09 М-специфичен концепт за екранот преку BMW Operating System 8.

    М-специфичен концепт за екранот благодарение на BMW Operating System 8.

    BMW Operating System 8 го поедноставува управувањето со возилото, на пример, гласовно или преку екран на допир. Акцентот е врз M-специфичниот дизајн: Содржината во 2D гарантира најдобра препознатливост; M логото може да се забележи во презентацијата на содржината. Двата M режима ROAD и SPORT создаваат индивидуално, емоционално искуство при возењето.

    BMW XM G09 BMW Curved Display

    BMW Curved Display.

    Едноделниот BMW Curved Display прикажува информации за возилото на јасен начин и на голем простор. Екранот комбинира 12,3-инчна интрумент табла со 14,9-инчен контролен екран. Функционирањето е ергономски оптимизирано и интуитивно. Неговата стилска интеграција во контролната табла го прави Curved Display навистина привлечен за очите.

    BMW XM G09 M Setup

    M Setup.

    Со M Setup можете да го дизајнирате искуството при возењето според вашите желби. Конфигурирајте ги параметрите на возната динамика според вашите индивидуални потреби. Погонот, носечкиот дел, управувањето, прикочувањето, рекуперацијата на енергија и погонскиот систем на сите четири тркала M xDrive можат да бидат приспособени. Лесно преземете ја вашата зачувана конфигурација со користење на копчињата М1 и М2 на воланот.

    BMW XM G09 Personal eSIM

    Personal eSIM.

    Без оглед дали станува збор за телефонски повици или користење податоци – со Personal eSIM можете да го користите договорот за мобилни комуникации и за вашиот BMW. Вашиот паметен телефон не мора да биде во возилото. Имате подобра конекција бидејќи автоматски ги користите надворешните антени на возилото: Подобро поврзување: Вашиот BMW има 5G и може да служи како Wi-Fi пристапна точка.

    BMW XM G09 Comfort Access (Удобен пристап).

    Comfort Access (Удобен пристап).

    Поштедете се од непријатноста да мора да го држите клучот од возилото во рака: со Comfort Access вашето М возило ги отклучува вратите автоматски. Возилото ве препознава оддалеку преку вашиот клуч – веќе не мора да барате низ џебовите. Наместо класичен клуч можете да употребите и компатибилен паметен телефон како Digital Key Plus или Key Card.

    BMW XM G09 Подлога за безжично полнење

    Подлога за безжично полнење.

    Повеќе ред, повеќе удобност: Со подлогата за безжично полнење, може да го наполните паметниот телефон безжично, а со тоа и особено практично. Во проширениот простор за складирање има место и за поголеми уреди – на дофат и без здодевни футроли и заплеткани кабли. Сето ова со најголема можна безбедност: Вградениот систем за разладување го штити вашиот уред од прегревање.

    BMW XM G09 Driving Assistant Professional

    Driving Assistant Professional.

    Сестрано возило: Driving Assistant Professional не само што ги одржува посакуваната брзина и растојанието до возилото пред вас туку и го одржува вашиот BMW на вистинскиот пат преку интервенции во управувањето. Тоа ја олеснува напнатоста, особено при подолги патувања. Други функции ви помагаат да избегнете судири и да не го пречекорите пропишаното ограничување на брзината.

    BMW XM G09 Parking Assistant Plus

    Park Assistant Plus.

    Parking Assistant Plus го олеснува паркирањето и маневрирањето со возилото. Меѓу другото, вклучува Surround View систем со Top View, Panorama View, Remote 3D View, како и помош за странично паркирање, функцијата за итно сопирање Active Park Distance Control, Parking Assistant со должинско и странично насочување и Reversing Assistant.  

    BMW XM G09 Возење без користење на рацете со брзина до 60 км/ч.

    Возење без користење на рацете со брзина до 60 км/ч.

    Driving Assistant Professional ви овозможува да ги тргнете рацете од воланот кога возите со брзина до 60 км/ч на автопат. Камерата истовремено го проверува нивото на внимание на возачот за да гарантира целосна безбедност во секое време. 

    ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ ЗА НОВИОТ BMW XM.

    Со Оригиналните BMW додатоци, го приспособувате вашиот BMW на вашите лични желби: производите совршено одговараат на BMW XM во поглед на квалитет, дизајн и перформанси.

    BMW XM G09 BMW Advanced Car Eye 3.0 Pro

    BMW Advanced Car Eye 3.0 Pro.

    BMW Advanced Car Eye 3.0 Pro се состои од висококвалитетна QHD и потполно HD камери што снимаат настани пред и зад автомобилот, дури и кога е паркиран. Ако системот регистрира вибрации и неочекувани движења надвор од автомобилот, автоматски го зачувува настанот за да ги документира можните несреќи и (обиди за) провали.

    BMW XM G09 Заден носач за велосипеди Pro. 2.0.

    Заден носач за велосипеди Pro. 2.0.

    BMW задниот носач за велосипеди Pro. 2.0 е лесен, но издржлив со носивост до 60 кг. Неверојатно лесен за ракување, може да транспортира два велосипеда или е-велосипеда (може да се прошири за да се сместат три велосипеди). Неговата функција на навалување овозможува лесен пристап до багажникот во секое време.

    BMW XM G09 BMW Држач за таблет Pro.

    BMW Држач за таблет Pro.

    Безбеден простор за таблети со BMW сигурносниот држач (заштитна футрола). Држачот, кој може да се приспособи на различни позиции и агли се прицврстува на опционалната „Travel & Comfort“ опционална опрема или на основниот носач.

    ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА НОВИОТ BMW XM.

    BMW XM.*

    Моќност во kW (кс): 

    480 (653)

    Забрзување 0–100 км/ч во с: 

    4,3

    Потрошувачка на гориво комбинирано WLTP во л/100 км:

    1,6–1,5

    CO2 емисии, комбинирано WLTP во г/км:

    *Прелиминарни вредности

    36–33

    BMW XM G09 тричетвртински страничен поглед додека стои

    ЦЕНИ, ФИНАНСИРАЊЕ И ЛИЗИНГ НА НОВИОТ BMW XM.

    BMW ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ НОВИОТ BMW XM.

    BMW XM G09 BMW Финансиски услуги

    Без оглед дали барате финансирање или лизинг – секоја од нашите понуди е индивидуално приспособена на вашите потреби и желби.

    УСЛУГИ И КОНСУЛТАЦИИ ЗА НОВИОТ BMW XM.

    ПРОАКТИВНА ГРИЖА ЗА НОВИОТ BMW XM.

    BMW XM G09 Проактивна грижа

    Проактивна грижа автоматски ги препознава сите претстојни сервиси или поправки што му се потребни на вашето возило и проактивно ве контактира.

    • Директна помош од експертите на BMW
    • Решавање проблеми преку одржување на далечина
    • Избегнување на можни дефекти
    • Дополнителни индивидуални сервисни понуди
    • Бесплатно како дел од активен ConnectedDrive договор
    Вработен во BMW советува купувач

    ДАЛИ САКАТЕ ЛИЧЕН КОНСУЛТАНТ?

    Доколку имате какви било прашања, барате дополнителни информации или сакате специфични понуди за новиот BMW XM, ве молиме контактирајте го BMW партнерот во вашата земја. Нашите стручни лица со големо задоволство ќе ви дадат индивидуални совети преку телефон или на лице место.

    Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

    • BMW XM*,**:
      Потрошувачка на гориво, комбинирано WLTP во л/100 км: 1,6–1,5
      CO2 емисии, комбинирано WLTP во г/км: 36–33

      Потрошувачка на енергија, комбинирано WLTP во л/100 км: 30,1–28,9

      BMW XM Red Label*,**:
      Потрошувачка на гориво, комбинирано WLTP во л/100 км: 1,7–1,4
      CO2 емисии, комбинирано WLTP во г/км: 37–33

      Потрошувачка на енергија, комбинирано WLTP во л/100 км: 32,4–30,4

      Официјалните вредности за потрошувачка на гориво, CO2 емисии, потрошувачка на електрична енергија и електричен опсег се определени во согласност со пропишаната постапка на мерење и се во согласност со Регулативата (EU) 715/2007 во нејзината изменета форма. WLTP вредностите ја земаат предвид секоја опционална опрема кога станува збор за опсег. За возилата од нов тип одобрен по 01.01.2021 година, постојат официјални спецификации само според WLTP. Дополнителни информации за методите на мерење според NEDC и WLTP може да се најдат на www.bmw.de/wltp.

      *На температури под 0 степени Целзиусови, потполно електричниот режим на возење на овој plug-in hybrid нема да биде достапен додека батеријата не се загрее до оперативна состојба откако возилото ќе помине неколку километри.

      ** Прелиминарни вредности.