Алатката за управување со твојата дозвола за користење на колачиња е привремено недостапна. Затоа, може да недостасуваат некои функционалности за кои се бара да добивање согласност за користење колачиња.
ПРЕГЛЕД НА МОДЕЛИТЕ BMW X.











BMW X1 е совршено возило за оние што сакаат да го толкуваат задоволството при возењето во согласност со сопствените потреби и желби. Неговите SAV (Sports Activity Vehicle – возило за спортски активности) пропорции покажуваа импресивна примена, а внатрешноста огромна флексибилност. Низ изданијата BMW xLine и BMW Sport Line се нудат два светски дизајна што ви овозможуваат постапување на посебни акценти на надворешноста и внатрешноста. Благодарејќи на комбинацијата на мерките BMW EfficientDynamics и ефикасните BMW TwinPower Turbo бензински и дизел мотори, BMW X1 има импресивно ниско потрошувачка и вредност на емисии во сите верзии на моторот.
Како прво возило за спортски активности, BMW X3 порано беше основач на својата класа на возила. Покрај тоа што е тековниот двигател на иновации во рамки на својот сегмент: со прогресивни функции како што се делумно автономно возење и интелигентен BMW xDrive погон на сите тркала, BMW X3 го крева задоволството на ново ниво. Тоа го постигнува убедливо со изразито, спортско присуство, особено висококвалитетниот амбиент во внатрешноста и BMW TwinPower Turbo дизен и бензински мотори со висок број на вртежи. Подготвен за нови авантури – кога и да сте вие подготвени. Сега, со моделот BMW X3 xDrive30e, plug-in хибридот го зголемува опсегот на достапните погонски склопови.
BMW X4 остава импресивен впечаток во кое било време и каде било. Со својот екстровертен дизајн, го комбинира животниот стил и перформансите и ги спојува двете работи што никогаш претходно не биле споени во овој сегмент: типичната сила за Х и естетиката на класичното купе. Со BMW TwinPower Turbo моторите со висок перформан и стандардната опрема, како што се променливиот спортски управувач и Performance Control, BMW X4 го демонстрира својот импулсивен карактер до максимум.
Во својата трета генерација, BMW X5 ги надминува сопствените стандарди – како возило за спортски активности (SAV) што нуди извонреден луксуз во сите области каде што е најмногу потребно. Тоа е гарантирано со широкиот опсег на интелигентни технологии што ја издигаат ефикасноста, возната динамика, удобноста и сестраноста на ново ниво – и на патот и надвор од него. Најдоброто од двата света, комбинирано во исклучително удобен plug-in хибриден модел со погон на сите тркала: BMW X5 xDrive40e iPerformance.
Моќен и атлетски. Со изглед на моделите X и спорски дух на купе. BMW X6 ги надминува сите граници. Неговите BMW TwinPower Turbo мотори се моќна мешавина на динамика и ефикасност, а BMW xDrive помага при изнесување на сета оваа сила на патот. Извонредната опрема како што е пакетот Design Pure Extravagance како и врвните материјали го карактеризираат возилото што секако ќе биде во центарот на вниманието – а истовремено ќе биде неверојатно функционално.
Споменик на својата класа: BMW X7 претставува нов вид на автомобилски луксуз. Низ првокласната елеганција и извонредниот изглед го дефинира новиот период на чисто задоволство во возењето. И со револуционерниот дизајн остава траен впечаток уште на прв поглед.
Без разлика дали барате користен или нов BMW X модел – тука ќе ги најдете информациите, извештаите од пробните возења и понудите за финансирање и лизинг на тековните модели на BMW X, и секако, застапниците за да договорите пробно возење.