Алатката за управување со твојата дозвола за користење на колачиња е привремено недостапна. Затоа, може да недостасуваат некои функционалности за кои се бара да добивање согласност за користење колачиња.
Во новиот BMW X6, максималната спортска возна динамика се среќава со атлетски дизајнираната луксузна опрема:
- Моќен BMW M TwinPower Turbo 8-цилиндричен мотор со внатрешно согорување со 390 kW (530 кс)
- Максимална удобност при возењето благодарение на xOffroad пакетот и 8-степениот Steptronic Sport пренос
- Моќна појава благодарение на осветлената BMW бубрежна решетка „Iconic Glow“ и стандардниот M Sport пакет
- Модерни технологии и висококвалитетни материјали како „CraftedClarity“ стаклени апликации
BMW X6 M60i xDrive:
Потрошувачка на гориво, комбинирано WLTP во л/100 км: 12,3-11,4
CO2 емисии, комбинирано WLTP во г/км: 279-258
АТРИБУТИ НА НАДВОРЕШНОСТА НА НОВИОТ BMW X6.
Дизајн на преден дел.
Јасниот дизајнерски јазик го истакнува впечатливиот преден дел, каде што динамичните LED предни светла со светла за дневно возење во форма на стрелка и осветлената „Iconic Glow“ бубрежна рамка импресивно се издвојуваат.
Страничен поглед.
Новата Atlantis металик боја за каросерија во комбинација со опционалните 22-инчни BMW Individual тркала од лесна легура дава особено атлетски изглед.
Дизајн на заден дел.
Црните цевки за издувни гасови специфични за М со двостран и двострук дизајн, заедно со тридимензионалните LED задни светла, зрачат со моќна појава.
ПОГЛЕДНЕТЕ И ОТКРИЈТЕ ГО ДИЗАЈНОТ НА ВНАТРЕШНОСТА НА НОВИОТ BMW X6.
АТРИБУТИ НА ВНАТРЕШНОСТА НА НОВИОТ BMW X6.
Иновативен контролен елемент.
Лентата за амбиентално осветлување и големиот BMW Curved Display служат како мултифункционални контроли и ја претвораат секоја интеракција во мултимедијално искуство.
Највисок квалитет во стандардна опрема.
Ергономските спортски седишта со поддршка за ‘рбетот осигуруваат максимална удобност. Како и контролната табла, тие се тапацирани со висококвалитетна, украсена вештачка кожа Sensafin.
М кожен волан.
Директно, спортско чувство на управување: М кожниот волан со мултифункционални копчиња, со простор за држење во црна „Walknappa“ кожа и обликуван простор за палци.
ПОГЛЕДАЈТЕ ЈА ВОЗНАТА ДИНАМИКА НА НОВИОТ BMW X6.
ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ ВО НОВИОТ BMW X6.
СИТЕ АТРИБУТИ НА ДЛАНКА.
- xOffroad пакет: оптимално приспособен за секаков терен со четири off-road режими.
- BMW Trailer Assistant (Асистент за приколка): лесно маневрирање со прикачена приколка
- Driving Assistant Professional (Професионален асистент за возење): поддршка за возачот за зголемена безбедност
- Parking Assistant (Асистент за паркирање): автоматско паркирање дури и во тешки ситуации
Генеричкото возило што е претставено не е достапно за продажба. Само за демонстрација на функциите.
xOffroad пакет.
BMW Trailer Assistant (Асистент за приколка).
Driving Assistant Professional.
Parking Assistant (Асистент за паркирање).
ДИГИТАЛНИ ТЕХНОЛОГИИ ВО НОВИОТ BMW X6.
СИТЕ АТРИБУТИ ВО ВИДЕАТА.
- BMW Live Cockpit Professional[1]: со head-up дисплеј, Augmented Reality Navigation и многу повеќе
BMW Live Cockpit Professional.
АТРИБУТИ НА УДОБНОСТ НА НОВИОТ BMW X6.
Елементи од префинето кристално стакло.
Кристалното стакло на „CraftedClarity“ кристалната апликација им дава особено висококвалитетно чувство на контролите како што се палката за избор на пренос, копчето за старт/стоп и iDrive Controller.
Автоматска климатизација со 4-зонска контрола.
Автоматската климатизација со 4-зонска контрола гарантира удобност со индивидуална климатизација на предните седишта и на левото и десното задно седиште.
Bowers & Wilkins Diamond Surround систем за озвучување.
Со Bowers & Wilkins Diamond Surround систем за озвучување ќе уживате во извонредното искуство на звук со студиски квалитет на секое седиште во автомобилот.
Sky Lounge панорамски стаклен сончев покрив.
Sky Lounge панорамскиот стаклен сончев покрив создава чувство на просторност и атмосферски амбиент во мракот благодарение на LED светлосната графика.
ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ ЗА НОВИОТ BMW X6.
Со Оригиналните BMW додатоци, го приспособувате вашиот BMW на вашите лични желби: производите совршено одговараат на новиот BMW X6 во поглед на квалитет, дизајн и перформанси.
- Додатоци
- M Performance делови
BMW Advanced Car Eye 3.0 Pro.
QHD и потполно HD камерите на BMW Advanced Car Eye 3.0 Pro автоматски го снимаат тоа што се случува пред и зад автомобилот кога ќе се случи некаков инцидент.
BMW држач за таблет Pro за Travel & Comfort систем.
Безбеден простор за таблети со BMW сигурносниот држач (заштитна футрола). Држачот, кој може да се приспособи на различни позиции и агли се прицврстува на опционалната „Travel & Comfort“ опционална опрема или на основниот носач.
BMW заден куфер.
Патувајте поудобно со BMW задниот куфер: искористете го волуменот од 300 литри и полесното товарање и растоварање во споредба со багажникот за покрив.
М бубрежна решетка црна со висок сјај.
Силен карактер. Решетките и рамката во црна боја со висок сјај зрачат со моќност и динамичност.
M Performance Куќиште за ретровизор од јаглеродни влакна.
Впечатливите M Performance куќишта за ретровизори од јаглеродни влакна го потенцираат високотехнолошкиот карактер на возилото и му даваат индивидуален атлетски печат.
BMW заден спојлер од јаглеродни влакна.
BMW задниот спојлер од јаглеродни влакна ги потврдува врвниот квалитет и спортскиот изглед на автомобилот и осигурува оптимизрана аеродинамика.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА НОВИОТ BMW X6.
BMW X6 xDrive 30d.
Моќност во kW (кс): | 219 (298) |
Забрзување 0–100 км/ч во с: | 6,1 |
Потрошувачка на гориво, комбинирано WLTP во л/100 км: | 7,9-7,0 |
CO2 емисии, комбинирано WLTP во г/км: | 208-184 |
Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.
BMW X6 M60i xDrive:
Потрошувачка на гориво, комбинирано WLTP во л/100 км: 12,3–11,4
CO2 емисии, комбинирано WLTP во г/км: 279–258
Официјалните вредности за потрошувачка на гориво, CO2 емисии, потрошувачка на електрична енергија и електричен опсег се определени во согласност со пропишаната постапка на мерење и се во согласност со Регулативата (EU) 715/2007 во нејзината изменета форма. WLTP вредностите ја земаат предвид секоја опционална опрема кога станува збор за опсег. За возилата од нов тип одобрен по 01.01.2021 година, постојат официјални спецификации само според WLTP. Дополнително, вредностите за NEDC се бришат од потврдите за сообразност од 1 јануари 2023 година според Регулативата 2022/195 на ЕК. Дополнителни информации за методите на мерење според NEDC и WLTP може да се најдат на www.bmw.de/wltp.