BMW Z4 Roadster (G29) искачување на брдо
Потрошувачка на гориво, комбинирано8,0–7,8 л/100 км
Тип на мотори и горивоБензин

THE Z4

BMW Z4 ROADSTER.

Потрошувачка на гориво, комбинирано8,0–7,8 л/100 км
Тип на мотори и горивоБензин
THE Z4BMW Z4 ROADSTER.


Кога ќе се отвори покривот, нема ограничувања за уживањето во возењето во BMW Z4. Роудстер кој не може да биде подобар: отворен, спортски и бескомпромисен. Со силна динамика на возење и прогресивен дизајн, има само една цел: слобода помеѓу патот и отвореното небо.

Дознајте повеќе

ДИЗАЈН НА BMW Z4 ROADSTER.

Однатре и однадвор, дизајнот на BMW Z4 Roadster пренесува чувство на опуштен спортски дух и индивидуална естетика. Моќните карактеристики на динамичниот изглед ги вклучуваат BMW бубрежната решетка во мрежест дизајн, елегантниот покрив и елементите на линијата M Shadow. Внатрешноста го комплетира кохерентниот дизајнерски концепт со додатоци како што се M Sport седиштата или амбиенталното осветлување.

Дознајте повеќе

ДИЗАЈН НА НАДВОРЕШНОСТА И ВНАТРЕШНОСТА НА BMW Z4 ROADSTER.

BMW Z4 Roadster (G29) тричетвртински поглед од високо во возење
BMW Z4 Roadster (G29) со бубрежна решетка во мрежест дизајн

BMW бубрежна решетка со мрежест дизајн.

За динамичниот изглед придонесува мрежестиот дизајн на BMW бубрежната решетка, кој се разликува во зависност од моторот. Основниот модел има црна мрежаста решетка со висок сјај, а кај Sport Line и M Sport пакетот се изработени од матиран алуминиум, секој со хромирана бубрежна рамка. BMW бубрежната маска на топ моделот M40i во целост е Cerium Grey.

BMW Z4 Roadster со Air Breather и предно тркало

Air Breather.

Заедно со воздушната завеса во предниот браник, отворите за воздух сместени зад лакот на предните тркала значително ја намалува турбуленцијата на воздухот во отворот за тркала и целно го насочува протокот на воздух – со што се намалува отпорот. Воедно, го истакнува атлетскиот карактер на возилото како декоративен елемент.

BMW Z4 Roadster (G29) силуета со затворен мек кров

Мек кров.

Црниот мек кров хармонично се вклопува во динамичата линија на возилото. Со притискање на копче, тој се отвора и затвора електрично за приближно 10 секунди, дири и при возење со брзини до 50 км/ч. Една од извонредните карактеристики на овој висококвалитетен мек кров е одличната изолација од врева.

BMW Z4 Roadster (G29) страничен ретровизор во Shadow Line со висок сјај

M Shadow Line со висок сјај.

M Shadow Line со висок сјај со проширена содржина вклучува карактеристична опрема во црна боја: рамка на бубрежната маска и BMW бубрежна маска со мрежест дизајн во црна боја со висок сјај и издувни цевки во црн хром.

BMW Z4 Roadster (G29) завршници на издувните цевки во слободна форма

Издувни цевки во слободна форма.

Заоблените хромирани издувни цевки со висок сјај на десната и на левата страна на задниот дел го засилуваат спортскиот изглед на возилото.

BMW Z4 Roadster (G29) M Sport седишта

M Sport седишта за возачот и совозачот.

M Sport седиштата со интегрирани потпирачи за глава, длабок простор за седење и високи странични и потпирачи за грбот обезбедуваат подобрена поддршка за возачот и совозачот, дури и во брзите свиоци. Покрај тоа, возачкото седиште и, во зависност од опремата, совозачкото седиште може да се нагодат на вашите индивидуални димензии на телото благодарение на интегрираното нагодување на ширината на потпирачот за грб.

BMW Z4 Roadster (G29) кокпит со амбиентално светло

Амбиентално светло.

Амбиенталното светло креира релаксирана, пријатна светлосна атмосфера во внатрешноста. Достапни се единаесет однапред дефинирани дизајни на светло во шест различни бои, со контурни и амбиентални осветлувања на таблата со инструменти, облогите на вратите и средната конзола.

Звучници во кокпитот на BMW Z4 Roadster (G29)

Harman Kardon Surround Sound System.

Извонредниот Harman Kardon Surround Sound System содржи дигитален засилувач од 408 W, седум канали и дванаесет звучници. Неговиот софистициран звук совршено го исполнува внатрешниот простор. Специфично за возилото, изедначувањето на звукот во зависност од брзината прецизно ја компензира позадинската врева од возењето.

Страничен кадар на BMW Z4 Roadster (G29), отворање на кровот

ОТКРИЈТЕ ЈА СВОЈАТА СЛОБОДА.

Мек кров на BMW Z4 Roadster.

ОТКРИЈТЕ ЈА СВОЈАТА СЛОБОДА.

Мек кров на BMW Z4 Roadster.

ВОЗНА ДИНАМИКА НА BMW Z4 ROADSTER.

Дефиниран со спортскиот карактер и агилноста. BMW Z4 Roadster го покажува своето спортско потекло на патот. Благодарение на најновата технологија, иновативните компоненти за погон и погонската група, тој постигнува импресивни вредности на перформанси - и динамика на возење во својата класа.
BMW Z4 Roadster (G29) заден дел, поглед од горе

M sport диференцијал.

M sport диференцијалот ја оптимизира влечната сила и стабилноста во возењето при промена на коловозната лента или забрзување во свиоците, при возење низ свиоци со големи брзини или на разни површини на патот. Влечната сила се оптимизира со помош на електронски управуван уред кој ја намалува разликата во брзината на вртењето на тркалата.

BMW Z4 Roadster (G29) поглед од блиску на M Sport сопирачки

M Sport сопирачки.

M Sport сопирачките напред имаат фиксни шепи со четири клипа, а одзади пливачки шепи со еден клип во сина боја со М ознака и големи дискови на сопирачките за извонредни перформанси при сопирањето.

BMW Z4 Roadster (G29) Адаптивна М суспензија

Адаптивна M суспензија.

Адаптивната M суспензија спуштена за 10 милиметри може електронски да се нагоди во било кој момент за да одговара на патот и на условите за возење. Возачите исто така можат да ги нагодат особините на суспензијата преку Driving Experience Control за да го активираат саканиот стил на возење во било кој момент – од удобно до исклучително спортско со изразено агилно управување.

BMW Z4 Roadster (G29) во возење, поглед одзади на планина

Варијабилно спортско управување.

Варијабилното спортско управување со Servotronic креира директен и агилен одговор на управувачот и обезбедува помал физички напор за вртење на тркалата. На различни агли на вртење на управувачот тој реагира со различни односи на управување. Ова ја подобрува управливоста при динамично возење и го намалува напорот потребен за управување при паркирање или скршнување.

BMW Z4 Roadster (G29) Steptronic Sport манувач: поглед одблизу на централната конзола

Steptronic Sport менувач.

8-степениот Steptronic Sport менувач со Launch Control овозможува спортска промена на степенот на пренос и автоматски и рачно преку палката на менувачот – за удобно крстарење или динамичен стил на возење.Во SPORT или SPORT+ режим и со палка на менувачот во лева S/M положба, менувачот е конфигуриран за максимални перформанси.

BMW TwinPower Turbo 6-цилиндричен бензински мотор

M TwinPower Turbo 6-цилиндричен реден бензински мотор.

Супериорна моќност, свилено-мазно возење и инспиративен звук го карактеризираат 6-цилиндричниот реден бензински мотор M TwinPower Turbo од новата генерација на семејството мотори на BMW EfficientDynamics. Благодарение на Double-VANOS, Valvetronic, високо прецизно вбризгување и TwinScroll турбополначот, тој е особено моќен и ефикасен.

СИСТЕМИ ЗА АСИСТЕНЦИЈА НА ВОЗАЧОТ НА BMW Z4 ROADSTER.

BMW Z4 Roadster на својот возач му нуди широк опсег на интелигентни системи за помош. Од асистенти за паркирање до вашиот личен гласовен асистент, иновативните технологии ја зголемуваат удобноста и безбедноста додека патувате. Тие овозможуваат и делумно автономно возење, во зависност од ситуацијата.
Поглед преку ветробранското стакло во внатрешноста на BMW Z4 Roadster (G29)

Помош на возачот.

Безбедносниот пакет Driving Assistant ги вклучува системите со камера за предупредување за преден судир со функција за сопирање, помош за ограничување на брзината вклучително и информации за ограничување на брзината со индикатор за забрана за престигнување со преглед и предупредување за напуштање на коловозната лента. Дополнително, опремата базирана на радар вклучува предупредување за вкрстување со сообраќај назад, предупредување за промена на лента и предупредување за заден судир.

Parking Assistant на контролниот панел на BMW Z4 Roadster (G29)

Parking assistant.

Функцијата за помош при паркирање самостојно го паркира возилото на паралелни или напречни паркиринг места и го изнесува возилото од паралелни паркиранг места. Се повикува преку копчето за паркирање или со вклучување на преносот наназад. Сите процеси за управување, возење и сопирање се преземаат од системот, вие само морате да го следите процесот на паркирање.

BMW Z4 Roadster (G29) управувач, Head-Up дисплеј и контролен дисплеј

BMW Head-Up дисплеј.

Колорниот BMW Head-Up дисплеј проектира релевантни информации за патувањето директно во вашето видно поле, со што овозможува целосна концентрација на возењето. Овој дисплеј содржи информации како што се моменталната брзина, во зависност од опременоста, насоки за навигација, информации за ограничување на брзината вклучително и индикатор за забрана на претекнување, заедно со информации од телефонот и системот за забава.

BMW Z4 Roadster (G29) со приказ на Intelligent Personal Assistant

BMW Intelligent Personal Assistant.

Зарем не би било неверојатно ако вашето BMW е и ваш личен експерт за возила? Комуницирајте со вашето возило користејќи го BMW интелигентниот персонален асистент. Изговарајте вообичаени команди за да управувате со многубројни функции на возилото. Исто така, асистентот може да образложи различни теми за вашето возило и да ви помогне уште подобро да го запознаете вашето BMW.

Управувач на BMW Z4 Roadster (G29) со копчиња

Активен темпомат со функција Stop&Go.

Активниот темпомат со функција Stop&Go ја одржува брзината од 30 до 160 км/ч како и пред-дефинираното растојание до возилото пред вас, со можност за сопирање и поаѓање во појди-застани ситуации. Speed Limit Assist овозможува преземање на ограничувањата на брзината во темпоматот. Предупредувањето за челен судар со интервенција во сопирањето реагира за возила кои се во мирување, пешаци и велосипедисти.

BMW оперативен ситем 7 BMW Z4 Roadster (G29)

BMW оперативен систем 7.

Иновативниот концепт на управување преку BMW оперативниот систем 7 овозможува уште полесно управување со функциите на возилото при патување, на пример со говор, преку екранот со допир и преку iDrive контролерот – многу интуитивно. За таа цел, функционалноста на контролерот е надградена. Па така, сега менијата од апликациите можат директно да се избираат.

Connected Music BMW Z4 Roadster (G29)

Connected Music.

Слушајте ја вашата омилена музика каде и да сте. Класична на автопат, џез за време на шпицот и поп кога крстосувате. Connected Music со Spotify значи дека можете директно да слушате безброј милиони песни без никакви ограничувања преку BMW музичкиот партнер Spotify, користејќи SIM картичка инсталирана во вашето возило.

BMW Дигитален клуч BMW Z4 Roadster (G29)

BMW Дигитален клуч.

BMW Дигиталниот клуч (Digital Key) го претвора вашиот компатибилен паметен телефон* во клуч за возилото. За да го отклучите, едноставно доближете го паметниот телефон до кваката на вратата; пред да го стартувате вашиот BMW, оставете го на подлогата за паметни телефони. Дополнително, може да им испратите Дигитален клуч на максимум 5 пријатели, и дури и да ја ограничите максималната брзина – идеално за возачи почетници.
 

* BMW Дигиталниот клуч (Digital Key) е компатибилен само со одбрани паметни телефони. Список со компатибилни паметни телефони е достапен на bmw.com/digitalkey. За користење на BMW Дигиталниот клуч, потребна е опремата за Teleservices.

МОДЕЛИ НА BMW Z4 ROADSTER.

Model Advantage.

За внатрешноста и надворешноста, Model Advantage нуди разни функционални опции кои ја зголемуваат удобноста и безбедноста.
  • Автоматска климатизација
  • Ретровизор со автоматска функција против заслепување
  • Проширен простор за складирање
  • Park Distance Control (PDC)
Силуета на BMW Z4 Roadster (G29) Model Advantage

Model Sport Line.

Model Sport Line импресионира со својот динамичен изглед. Впечатливите детали на надворешноста и внатрешноста во црна боја со висок сјај и сатиниран алуминиум го нагласуваат спортскиот карактер. Карактеристиките како што се M Sport седишта за возачот и совозачот во црна кожа 'Vernasca' и двозонската автоматска климатизација ја зголемуваат удобноста.
  • BMW бубрежна решетка со мрежест дизајн од сатинизиран алуминиум и хромирани рамки со висок сјај
  • 18'' тркала од лесна легура V-spoke тил 770 во Bicolour Orbit Grey со разни пневматици; достапни се и други тркала
  • M Sport седишта за возачот и совозачот во кожа 'Vernasca' со украсни штепови; достапни се и други тапацири
  • Прагови на вратите од алуминиум со "BMW" ознаки
Силуета на BMW Z4 Roadster (G29) Model Sport Line

Model M Sport.

The M Sport model gives the vehicle an even sportier touch. In addition to a sharpened appearance in the exterior and interior, the M Sport model guarantees an increase in driving pleasure. The M Sport suspension and the M Aerodynamics package noticeably optimise the driving dynamics.
  • BMW бубрежна маска во мрежест дизајн од сатинизиран алуминиум
  • 18'' M тркала од лесна легура Double-spoke стил 798 M во Bicolour Ferric Grey со разни пневматици, достапни се и други тркала
  • M прагови на вратите, M ексклузивни подни подлоги, M педали и M место за одмор на нозете на возачот
  • M Sport седишта за возачот и совозачот во 'Vernasca'/Alcantara црна кожна комбинација со сини контрастни штепови; достапни се и други тапацири
Силуета на BMW Z4 Roadster (G29) Model M Sport
  • Model Advantage.
  • Model Sport Line.
  • Model M Sport.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА BMW Z4 ROADSTER.

BMW Z4 sDrive20i.

Моќност на моторот (КС) при 1/мин:

145(197)/4.500-6.500

Забрзување од 0 до 100 км/ч во сек:

7.6-6.8 [7.4-6.6]

Потрошувачка на гориво, комбинирано, во л/100 км:

6,9-5,8

Емисија на CO2, комбинирано, во гр/км: 

158-133

BMW Z4 M40i Roadster G29 тричетвртински поглед одзади со отворен мек покрив и жена во преден план

ЦЕНИ, ФИНАНСИРАЊЕ И ЛИЗИНГ ЗА BMW Z4 ROADSTER.

BMW ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ ЗА BMW Z4 ROADSTER.

BMW Z4 Roadster (G29) страничен поглед на улица

Брзо и флексибилно дојдете до финансиски услуги по ваша мера од BMW Financial Services. Без разлика дали се работи за финансирање или лизинг, секоја наша понуда е индивидуално приспособена на вашите потреби и желби. Дознајте повеќе за атрактивните финансиски решенија или вистинската понуда за лизинг за вашиот нов BMW Z4 Roadster.

BMW УСЛУГИ.

УСЛУГА И АСИСТЕНЦИЈА ЗА BMW Z4 ROADSTER.

BMW Service Inclusive

BMW Service Inclusive.

#whateverhappens: Сестрано безгрижно патување за електрични возила: овој пакет нуди 100% транспарентност и практична едноставност во планирањето. Можете да одберете дали ќе случите договор на 4 или 6 години – или договор на 3 години како корисник на лизинг. Пакетот ги содржи следниве услуги:

  • Услуга за проверка на возилото
  • Замена на микрофилтер
  • Замена на течност во сопирачки
BMW Teleservices

BMW Teleservices.

Со иновативната опција за Teleservices услуги преку BMW ConnectedDrive, вашето BMW ќе ви помогне да останете смирени: кога е потребно одржување или во случај на дефект, до одбраниот BMW сервисен партнер ќе се достават сите потребни податоци. Вашиот сервисен партнер ќе ве контактира за да договорите термин за прием. Така ќе можете да се потпрете на брзата и едноставна услуга и не мора сами да мислите на сè. Единствен услов: да го имате регистрирано вашето возило на порталот BMW ConnectedDrive и да одберете сервисен партнер. Откријте како BMW Teleservices може да го направи вашиот живот поудобен.

BMW Roadside Assistance

BMW Roadside Assistance.

Бесплатната услуга BMW Roadside Assistance им е достапна на сите BMW возачи секојдневно, 365 дена во годината. Еден повик – и нашите експерти ви стојат на располагање, преку телефон или ако е потребно на самото место.

Дознајте повеќе за BMW Roadside Assistance
Вработен во BMW советува клиент

ДАЛИ САКАТЕ ЛИЧНА КОНСУЛТАЦИЈА?

Ако имате какви било прашања, барате дополнителни информации или сакате специфична понуда за BMW Z4 Roadster, ве молиме контактирајте го BMW партнерот во вашата земја. Нашите стручни лица со големо задоволство ќе ви дадат индивидуални совети преку телефон или на самото место.

Потрошувачка на гориво и емисија на CO2.

  • BMW Z4 Roadster sDrive20i:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 6,9-5,8
    Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 158-133

    BMW Z4 Roadster sDrive30i:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 7,3-6,9
    Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 166-157

    BMW Z4 Roadster M40i:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 8,0-7,8
    Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 182-177

    Официјалните податоци за потрошувачката на гориво, емисијата на CO2, потрошувачката на електрична енергија се одредени со прописите за мерење и во согласност со регулативата (EU) 715/2007 која се применува при хомологација на возилото. WLTP бројките (според тестот за Светска хомологација на лесни возила) ја земаат предвид секоја дополнителна опрема. За ново одобрените возила од 01.01.2021, официјалните спецификации се достапни само согласно WLTP. Дополнителни информации за NEDC и WLTP методите на мерење можете да побарате на www.bmw.de/wltp

Потрошувачка на гориво и емисија на CO2.

BMW Z4 Roadster sDrive20i:

Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 6,9-5,8
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 158-133

BMW Z4 Roadster sDrive30i:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 7,3-6,9
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 166-157

BMW Z4 Roadster M40i:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 8,0-7,8
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 182-177

Официјалните податоци за потрошувачката на гориво, емисијата на CO2, потрошувачката на електрична енергија се одредени со прописите за мерење и во согласност со регулативата (EU) 715/2007 која се применува при хомологација на возилото. WLTP бројките (според тестот за Светска хомологација на лесни возила) ја земаат предвид секоја дополнителна опрема. За ново одобрените возила од 01.01.2021, официјалните спецификации се достапни само согласно WLTP. Дополнителни информации за NEDC и WLTP методите на мерење можете да побарате на www.bmw.de/wltp

 

 

Дознајте повеќе