BMW Серија 3 Седан LCI G20 Brooklyn Grey сива боја страничен поглед стои пред ѕид
Потрошувачка на гориво, комбинирано8,5–1,3 l/100 km
Тип на мотори и горивоБензинДизелPlug-in Хибрид

THE 3

BMW СЕРИЈА 3 СЕДАН.

Потрошувачка на гориво, комбинирано8,5–1,3 l/100 km
Тип на мотори и горивоБензинДизелPlug-in Хибрид
THE 3BMW СЕРИЈА 3 СЕДАН.

BMW Серија 3 Седан нуди извонредна возна динамика и сеопфатна, технолошки модерна поддршка за возачот во новиот спортски дизајн.  
 

  • М Sport потпирање со поцврст дизајн на пружината и амортизерите за директни и агилни карактеристики на возењето
  • Асистент за возење наназад (Reversing Assistant) и други интелигентни системи за помош на возачот за оптимална удобност при возењето во секоја ситуација
  • Кабина ориентирана кон возачот и иновативен BMW Curved Display со оперативен концепт на допир

BMW 330i Седан:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (ккомбинирано): 7,3–6,6
CO2 емисии во г/км (ккомбинирано): 166–148

Дознајте повеќе

SELECTED CONFIGURATIONS FOR THE NEW BMW 3 SERIES SEDAN.

BMW M340i xDrive

SIGNATURE

ДИГИТАЛНИ ТЕХНОЛОГИИ ВО BMW СЕРИЈА 3 СЕДАН.

BMW Серија 3 Седан LCI G20 дигитални технологии видео
Многубројните иновативни технологии во BMW Серија 3 Седан им овозможуваат на возачот и возилото удобно да комуницираат меѓу себе.
  • BMW Curved Display овозможува целосен преглед на сите важни информации и практична контрола преку допир
  • Неограничена поврзаност преку интеграција на паметниот телефон, што ви овозможува лесно да ги испланирате рутите на вашиот паметен телефон и потоа да ги префрлите во вашето возилото
  • Искусете го интуитивното управување со помош на гласовни команди
BMW Серија 3 Седан LCI G20 BMW Curved Display

BMW Curved Display.

Речиси сите функции на возилото можат да се контролираат преку големиот BMW Curved Display. Свртен кон возачот и опремен со интуитивни алатки, го прави управувањето преку допир уште попрактично.

BMW Серија 3 Седан LCI G20 BMW Head-Up Display

BMW Head-Up Display.

BMW Head-Up Display во боја ги прикажува сите информации важни за патувањето директно во видното поле на возачот.

REVERSING ASSISTANT (АСИСТЕНТ ЗА ВОЗЕЊЕ НАНАЗАД).

BMW Серија 3 Седан LCI G20 Reverse Assistant (Асистент за возење наназад)

Reverse Assistant (Асистентот за возење наназад) самоуверено маневрира со возилото и во предизвикувачки ситуации:
 

  • Reverse Assistant ги помни движењата на управувачот во последните 50 поминати метри
  • Со притискање на копче, возилото автоматски се враќа точно по претходно поминатата рута
  • Ова значи дека дури и предизвикувачки ситуации, како што се тесни патишта, слепи улици или тесни места за паркирање воопшто не претставуваат проблем

ДИЗАЈН НА НАДВОРЕШНОСТА НА BMW СЕРИЈА 3 СЕДАН.

BMW Серија 3 Седан LCI G20 надворешен дизајн видео
BMW Серија 3 Седан LCI G20 поглед однапред додека стои

Дизајн на преден дел.

Дизајнот на предниот дел го дефинираат елегантно обликувани LED предни светла што се издвојуваат со тоа што се поставени како превртена L и со фокусираната контура. Во комбинација со впечатливата бубрежна маска со двојни решетки, големите хексагонални отвори за воздух имаат самоуверен изглед.

BMW Серија 3 Седан LCI G20 Brooklyn Grey страничен поглед додека стои

Страничен дизајн.

Поради долгото меѓуоскино растојание, кратките препусти и компактните пропорции, BMW Серија 3 Седан прикажува особено динамична слика погледнат отстрана. Мазната контура на линијата на покривот е во интеракција со опционално достапните 19-инчни тркала за да ја нагласи елегантноста на возилото.

BMW Серија 3 Седан LCI G20 Brooklyn Grey поглед одзади додека стои

Дизајн на заден дел.

Препознатливиот браник му дава особено атлетски изглед на BMW Серија 3 Седан. Вертикалните рефлектори и широките лајсни на цевката за издувни гасови со хромиран елемент во M Sport пакетот го засилуваат овој  ефект. Големиот дифузер меѓу цевките за издувни гасови го заокружуваат спортскиот и динамичен изглед.

ДИЗАЈН НА ВНАТРЕШНОСТ НА BMW СЕРИЈА 3 СЕДАН.

BMW Серија 3 Седан LCI G20 дизајн на внатрешност видео
BMW Серија 3 Седан LCI G20 Модерна кабина

Модерна кабина.

Со намалените контроли, кабината изгледа чисто и модерно. Тенкиот BMW Curved Display без рамка како да лебди слободно над инструмент-таблата и, како дисплејна единица на допир, овозможува модерно и практично управување.

BMW Серија 3 Седан LCI G20 Централна конзола со нова рачка за избор на брзини

Централна конзола со нова рачка за избор на брзини.

Централната конзола нуди чувство на спортско и затворено седење. Овде е лоциран јасно структурираниот контролен центар со оперативната површина на iDrive Controller која функционира на допир. Модерниот избор на брзини се одвива автоматски, при што модерниот изглед во внатрешноста создава особено уреден впечаток.

BMW Серија 3 Седан LCI G20Седишта од Sensatec

Седишта од Sensatec.

Тапацирот од Sensatec што е лесен за одржување импресионира со висококвалитетната текстура слична на кожа. Перфорацијата комбинира спортски и елегантен изглед со несекојдневно пријатно чувство при седење, дури и при долги патувања.

BMW 330e СЕДАН СО PLUG-IN HYBRID ТЕХНОЛОГИЈА.

BMW Серија 3 Седан plug-in hybrid G20 видео

Со BMW 330e Седан уживате во одржлива мобилност и инспиративна возна динамика:

  • Моќни 215 kW (292 кс) излезна снага и 420 Nm вртежен момент
  • Импресивно забрзување од 0 до 100 км/ч за 5,8 секунди
  • Неговата иновативна plug-in hybrid погонска технологија нуди целосна флексибилност и ефикасност во секоја ситуација
  • Достапен и како BMW 330e xDrive Седан и BMW 320e Седан
BMW Серија 3 Седан plug-in hybrid G20 тричетвртински страничен поглед додека стои

Опсег.

Благодарение на најновата BMW eDrive технологија од 5. генерација, можете да возите на потполно електричен погон и без локални емисии во вашиот BMW 330e Седан до sur 62 километри.

Сè што треба да знаете за опсегот
BMW Серија 3 Седан plug-in hybrid G20 тричетвртински страничен поглед при полнење со модел

BMW Charging.

BMW Charging ви нуди приспособени решенија за полнење на вашиот BMW Серија 3 Седан со хибриден погон. Покрај стандардниот кабел за полнење (Режим 2), се доставува и кабел за полнење (Режим 3) за јавно полнење и BMW Charging Card за да ви овозможи атрактивни услови за јавно полнење.

Откријте го BMW Charging

АТРИБУТИ НА ВОЗНАТА ДИНАМИКА НА BMW СЕРИЈА 3 СЕДАН.

Доживејте изразена возна динамика со високо ниво на удобност благодарение на совршено координираните компоненти на потпирањето и моќните мотори:

  • Моќни мотори со 90 до 275 kW (122 до 374 кс) за импресивно спортско возење
  • M Sport потпирање за особено спортски и директни карактеристики при возењето
BMW Серија 3 Седан LCI G20M TwinPower Turbo линиски 6-цилиндричен бензински мотор

M TwinPower Turbo линиски 6-цилиндричен бензински мотор.

M TwinPower Turbo линискиот 6-цилиндричен бензински мотор ги комбинира моќноста и ефикасноста за комплетно искуство при возењето. Продорниот звук на моторот е вистинско уживање. Иновациите како двојниот VANOS, Valvetronic, технологијата на вбризгување со висока прецизност и турбополначот со две цевки извлекуваат што е можно повеќе енергија користејќи што е можно помалку гориво.

BMW Серија 3 Седан Лимузина LCI G20 Електрично помогнато управување

Електрично помогнато управување.

Електричната серво поддршка за управувањето ги зголемува и удобноста при управувањето и безбедноста при возењето. Го олеснува маневрирањето и гарантира стабилност при високи брзини.

BMW Серија 3 Седан LCI G20 TwinPower Turbo 4-цилиндричен бензински мотор

TwinPower Turbo 4-цилиндричен бензински мотор.

TwinPower Turbo линискиот 4-цилиндричен бензински мотор нуди големо задоволство при возењето. Дури и при ниски брзини на моторот, ќе доживеете мошне директна испорака на моќност и спонтана реакција. Погонот комбинира ефикасна потрошувачка со ниска емисија на загадувачи и работи тивко и беспрекорно во секоја ситуација.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА BMW СЕРИЈА 3 СЕДАН.

BMW 330e и други мотори за BMW Серија 3 Седан.

Моќност на моторот во kW (кс):

215 (292)

Забрзување 0–100 км/ч во с:

5,8

Потрошувачка на гориво комбинирано во л/100км:

1,8–1,3

CO2 комбинирани емисии во г/км:

40–30

BMW Серија 3 Седан LCI G20 илустрација на технички податоци

ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ ЗА BMW СЕРИЈА 3 СЕДАН.

Со Оригиналните BMW ддодатоци го приспособувате вашиот BMW на вашите лични желби: производите совршено одговараат на вашиот BMW Серија 3 Седан во поглед на квалитет, дизајн и перформанси.
BMW Серија 3 Седан LCI G20 BMW заден носач за велосипеди Pro 2.0

BMW заден носач за велосипеди Pro 2.0.

BMW задниот носач за велосипеди Pro. 2.0 е лесен, но издржлив со носивост до 60 kg. Неверојатно лесен за ракување, може да транспортира два велосипеда или е-велосипеда (може да се прошири за да се сместат три велосипеди). Неговата функција за навалување овозможува лесен пристап до багажникот во секое време.

BMW Серија 3 Седан LCI G20 BMW багажник за покрив 520 црна/титаниум сребрена боја

BMW багажник за покрив 520 црна/титаниум сребрена боја

Модерниот багажник за покрив во црна боја со странични панели во титаниум сребрена боја има капацитет од 520 литри и е компатибилен со сите BMW системи за багажници за покрив. Поради тоа што може да се отвори од двете страни и има тројно централно заклучување на секоја страна лесно може да се наполни и да се заклучи за да се заштити од кражба.

BMW Серија 3 Седан LCI G20 BMW подни облоги за сите временски услови, предни

BMW подни облоги за сите временски услови, предни.

Совршено вградените, долготрајни BMW подни облоги за секакви временски услови со подигнат раб и елегантен дизајн го штитат предниот простор за нозе од влага и нечистотии. Тие се црни и имаат облога од нерѓосувачки челик.

ЦЕНИ И УСЛУГИ ЗА BMW СЕРИЈА 3 СЕДАН.

BMW УСЛУГИ.

Вработен во BMW Услуги го поздравува купувачот

BMW Услуги ви гарантира дека ќе останете потполно безгрижни додека возите:
 

  • Со BMW Услуги уживате 100 % транспарентност благодарение на услугите како што се проверка на возилото, проверка н микрофилтерот или течноста за сопирачки по утврдена цена
  • Помошта што ја пружа BMW Службата за дефекти и несреќи ви е достапна бесплатно во секое време 365 дена во годината
Вработен во BMW Услуги го советува купувачот

ДАЛИ САКАТЕ ЛИЧЕН КОНСУЛТАНТ?

Доколку имате било какви прашања, барате дополнителни информации или сакате специфична понуда за BMW Серија 3 Седан, ве молиме контактирајте го BMW партнерот во вашата земја. Нашите стручни лица со големо задоволство ќе ви дадат индивидуални совети преку телефон или на лице место

Fuel consumption and CO2 emissions.

BMW 330i Sedan:
Fuel consumption in l/100 km (combined): x.x–x.x
CO2 emissions in g/km (combined): xxx–xxx
 

BMW 330e Sedan:
Fuel consumption in l/100 km (combined): x.x–x.x
CO2 emissions in g/km (combined): xxx–xxx
 

Official figures for fuel consumption, CO2 emissions, electricity consumption and electric range were determined in accordance with the prescribed measurement procedure and comply with Regulation (EU) 715/2007 as amended. WLTP figures take into account any optional equipment in the case of ranges. For vehicles newly type-approved since 01.01.2021, the official specifications exist only according to WLTP. Further information on the NEDC and WLTP measurement methods can be found at www.bmw.de/wltp
 

** At temperatures below 0 degrees Celsius, purely electric driving mode of this plug-in hybrid will not be available until the battery has warmed up to an operational condition after the vehicle has travelled a few kilometers.

Дознајте повеќе

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

  • BMW 330i Седан:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 7,3–6,6
    CO2 емисии во г/км (комбинирано): 166–148

    BMW 330e Седан:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км(комбинирано): 1,8–1,3
    CO2 емисии во г/км (комбинирано): 40–30

    Официјалните вредности за потрошувачка на гориво, CO2 емисии, потрошувачка на електрична енергија и електричен опсег се определени во согласност со пропишаната постапка на мерење и се во согласност со Регулативата (EU) 715/2007 во нејзината изменета форма. WLTP вредностите ја земаат предвид секоја опционална опрема кога станува збор за опсег. За возилата од нов тип одобрен по 01.01.2021 година, постојат официјални спецификации само според WLTP. Дополнителни информации за методите на мерење според NEDC и WLTP може да се најдат на www.bmw.de/wltp.

    **На температури под 0 степени Целзиусови, потполно електричниот режим на возење на овој plug-in hybrid нема да биде достапен додека батеријата не се загрее до оперативна состојба откако возилото ќе помине неколку километри.

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

BMW 330i Седан:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 7,3–6,6
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 166–148

BMW 330e Седан:
Потрошувачка на гориво во л/100 км(комбинирано): 1,8–1,3
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 40–30

Официјалните вредности за потрошувачка на гориво, CO2 емисии, потрошувачка на електрична енергија и електричен опсег се определени во согласност со пропишаната постапка на мерење и се во согласност со Регулативата (EU) 715/2007 во нејзината изменета форма. WLTP вредностите ја земаат предвид секоја опционална опрема кога станува збор за опсег. За возилата од нов тип одобрен по 01.01.2021 година, постојат официјални спецификации само според WLTP. Дополнителни информации за методите на мерење според NEDC и WLTP може да се најдат на www.bmw.de/wltp.

**На температури под 0 степени Целзиусови, потполно електричниот режим на возење на овој plug-in hybrid нема да биде достапен додека батеријата не се загрее до оперативна состојба откако возилото ќе помине неколку километри.

Дознајте повеќе