BMW 4 Series Convertible G23 2020 Sanremo Green metallic three-quarter front view

THE 4

НОВИОТ BMW СЕРИЈА 4 КАБРИОЛЕТ

THE 4НОВИОТ BMW СЕРИЈА 4 КАБРИОЛЕТ

Нова форма на слобода: Со неговата самостојна, прогресивна естетика и елегантната внатрешност, новиот BMW Серија 4 Кабриолет е како неверојатен феномен што ја надминува секоја граница. Агилните карактеристики на возење на кабриолетот гарантираат спортска динамика и го истакнуваат неговиот исклучителен поттик за индивидуална независност.

Дознајте повеќе

BMW 430i кабриолет:
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 6,4–6,0
Емисии на CO2 во g/km (комбинирано): 147–138

Дознајте повеќе

УЖИВАЈТЕ ВО СЕКОЈ РАБ.

Атрибутите на новиот BMW Серија 4 Кабриолет.

BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 Sanremo металик зелена боја страничен крупен кадар на хаубата

ИЗРАЗ НА ЧИСТА ЕСТЕТИКА.

Вертикалната BMW двојна полукружна маска на BMW Серија 4 Кабриолет.

Препознатливата вертикална BMW полукружна маска („бубрег“) е потполно ново толкување на традицијата. Со својот прогресивен облик и возбудлив дизајн потсетува на легендарните класици како BMW 328 или BMW 3.0 CSi. Импресивниот елемент на дизајнот ја карактеризира предницата на BMW Серија 4 Кабриолетот и ѝ дава впечатлив идентитет.

BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 Sanremo зелена металик боја тричетвртински заден кадар
BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 Sanremo зелена металик боја тричетвртински заден кадар
BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 Sanremo зелена металик боја тричетврстински заден ноќе со отворен мек подвижен покрив.

СЕКОГАШ ЕДЕН РАБ ПОНАПРЕД.

Надворешен дизајн на BMW Серија 4 Кабриолет.

Со својата долга проширена силуета, BMW Серија 4 Кабриолет остава спортски и рамен впечаток, додека моќниот дизајн на површината со сензуални облини и прецизни линии создава изглед што еднакво зрачи со висок квалитет и атлетицизам. Кога е отворен покривот, предниот и задниот дел изгледаат уште порамно со што уште повеќе се нагласуваат спортските квалитети на кабриолетот.

BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 Sanremo зелена металик боја страничен крупен кадар на внатрешноста

ВО ТРКА СО НОВИТЕ НИВОА.

Дигитални услуги и системи за помош на возачот на BMW Серија 4 Кабриолет.

Апликации за автомобилот, интелигентна гласовна помош или интеграција на паметен телефон: ултрамодерните системи за помош на возачот и иновативните дигитални услуги гарантираат исклучително поврзано искуство при возењето во BMW Серија 4 Кабриолет.

ВОДЕН ОД ЖЕЛБАТА.

Дизајнот на BMW Серија 4 Кабриолет.

Неодоливо независен: со својот експресивен јазик на формата, спортскиот и елегантен BMW Серија 4 Кабриолет ја истакнува својата независност. Од непогрешливата предница, преку естетскиот мек подвижен покрив со карактеристичниот заден дел, BMW Серија 4 Кабриолет зрачи со неограничен поттик за слобода.
BMW Серија 4 Кабриолет G23 Sanremo зелена металик боја 2020 тричетвртински страничен кадар од паркирање на паркинг
BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 Sanremo зелена металик боја преден кадар во возење
BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 Sanremo зелена металик боја, мек подвижен покрив од птичја перспектива
BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 внатрешност со волан, инструмент табла и контролен екран
BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 Sanremo зелена металик боја внатрешна централна конзола и седишта
BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 Sanremo зелена металик боја внатрешност со отворен покрив
BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 Sanremo зелена металик боја тричетвртински заден кадар со задни светла
BMW Серија 4 Кабриолет G23 Sanremo зелена металик боја 2020 тричетвртински страничен кадар од паркирање на паркинг

Впечатливиот преден дел на BMW Серија 4 Кабриолет.

Предниот дел допира до патот. Заедно со впечатливата BMW двојна полукружна маска и големите отвори за воздух, тесните двојни предни светла го формираат непогрешливиот лик на BMW Серија 4 Кабриолетот.

BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 Sanremo зелена металик боја преден кадар во возење
BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 Sanremo зелена металик боја, мек подвижен покрив од птичја перспектива

Мек подвижен покрив на BMW Серија 4 Кабриолет.

Елегантниот покрив на BMW Серија 4 Кабриолет ги комбинира удобноста на цврстиот покрив со класичниот спортски изглед на текстилен покрив. Новосоздадениот покрив на кабриолетот инспирира со неговиот рамен дизајн, мала тежина и оптимално ниво на удобност во однос на акустиката и климата. Со иновативните технички детали, мекиот подвижен покрив на BMW Серија 4 Кабриолет претставува важен чекор во развојот на модерните покриви за кабриолети од ткаенини.

BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 внатрешност со волан, инструмент табла и контролен екран

Елегантна инструмент табла на BMW Серија 4 Кабриолет.

Новата иконографија го претставува екранот на инструмент таблата со уште поголема прецизност. Движејќи се во насока на стрелките на часовникот, тахометарот овозможува дополнителен корисен простор за приказ во центарот.

BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 Sanremo зелена металик боја внатрешна централна конзола и седишта

Динамично обликуваната централна конзола на BMW Серија 4 Кабриолет.

Сите копчиња се јасно структурирани во централната конзола, карактеристичната накосеност ја поткрепува спортската аспирација на внатрешноста.

BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 Sanremo зелена металик боја внатрешност со отворен покрив

Елегантниот дизајн на внатрешноста на BMW Серија 4 Кабриолет.

Внатрешноста на BMW Серија 4 Кабриолет пренесува спортска ексклузивност со секој детаљ. Едноставните и јасно исцртани облици го дефинираат модерниот дизајн и создаваат поврзан впечаток на динамика и ориентација кон возачот.

BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 Sanremo зелена металик боја тричетвртински заден кадар со задни светла

Експресивен финиш на BMW Серија 4 Кабриолет.

Задниот дел на BMW Серија 4 Кабриолет цврсто стои на патот и пресекува широка хоризонтално нагласена фигура. Тесните задни светла го акцентираат овој впечаток. Моќно дизајнираниот браник го комплетира спортскиот изглед на патот.

МОДЕЛИ И ОПЦИИ ЗА ОПРЕМА НА НОВИОТ BMW СЕРИЈА 4 КА

BMW Серија 4 Кабриолет

Во верзијата со основна опрема, BMW Серија 4 Кабриолет инспирира со екстравагантниот дизајн и функционалните особини што ги засилуваат удобноста и безбедноста.

BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 220d основна опрема Bluestone металик боја тричетвртински преден кадар

Во верзијата со основна опрема, BMW Серија 4 Кабриолет инспирира со екстравагантниот дизајн и функционалните особини што ги засилуваат удобноста и безбедноста.

  • Основна опрема

Модел M Sport

M Sport моделот му дава на возилото уште поспортски сјај. Покрај изострениот изглед на надворешноста и внатрешноста, M Sport моделот гарантира поголемо задоволство при возењето. M Sport диференцијалот, M Sport сопирачката и М аеродинамичниот пакет значително ја оптимизираат динамиката на возење.

BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 модел M Sport Sanremo зелена металик боја тричетвртински преден кадар

M Sport моделот му дава на возилото уште поспортски сјај. Покрај изострениот изглед на надворешноста и внатрешноста, M Sport моделот гарантира поголемо задоволство при возењето. M Sport диференцијалот, M Sport сопирачката и М аеродинамичниот пакет значително ја оптимизираат динамиката на возење.

  • Надворешност

  • Внатрешност

BMW Серија 4 Кабриолет Individual Brilliant White бела металик боја G23 2020 тричетвртински преден кадар во мирување
BMW Серија 4 Кабриолет Individual Frozen Deep Grey темносива металик боја G23 2020 тричетвртински преден кадар во мирување
BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 BMW Individual Aventurin црвена металик боја тричетвртински преден кадар во мирување
BMW Individual лајсна од 'Merino' Tartufo кожа BMW Серија 4 Кабриолет Individual G23 2020 внатрешност
BMW Individual лајсна од 'Merino' Fiona црвена/црна кожа BMW Серија 4 Кабриолет Individual G23 2020 внатрешност
BMW Individual лајсна од 'Merino' Ivory бела кожа BMW Серија 4 Кабриолет Individual G23 2020 внатрешна кабина
BMW Individual внатрешни лајсни 'Carbon Fibre’ со акценти на лајсна во Pearl Chrome боја BMW Серија 4 Кабриолет Individual G23 2020 внатрешност
BMW Individual завршетоци на внатрешни лајсни од алуминиум ткаенина со висок сјај со акценти на лајсна во Pearl Chrome боја BMW Серија 4 Кабриолет Individual G23 2020 внатрешност
BMW Individual внатрешни лајсни во 'Fineline' црна боја со сребрен ефект и гранулација со акценти на лајсна во Pearl Chrome боја BMW Серија 4 Кабриолет Individual G23 2020 внатрешност

BMW INDIVIDUAL ЗА BMW СЕРИЈА 4 КАБРИОЛЕТ.

Естетскиот дизајн на BMW Серија 4 Кабриолет го претставува чистото возачко задоволство пи возењето со отворен покрив. Исклучителните BMW Individual опции за опрема, уште повеќе го истакнуваат елегантниот карактер на возилото. Одберете од брилијантните BMW Individual бои како што се темносивата Frozen Deep Grey, црвената Aventurin Red и белата Brilliant White металик бои што се илустрирани овде. Во опсегот се вклучени и BMW Individual тапацирите од целосна кожа достапни во Tartufo, Fiona црвена/црна и Ivory бела боја. Висококвалитетните BMW Individual внатрешни лајсни каки тие што се илустрирани овде од алуминиумска решетка со висок сјај со акцент на лајсната во Pearl Chrome, лајсната од мазно дрво „Fineline“ црна со сребрен ефект со гранулација или „Carbon Fibre“ му даваат индивидуални обележја на спортската и елегантна внатрешност на BMW Серија 4 Кабриолетот.

ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ НА BMW СЕРИЈА 4 КАБРИОЛЕТ.

Компоненти на погонски склоп и шасија на BMW Серија 4 Кабриолет.

Спортското држење на патот, оптималното управување и високата агилност: кога станува збор за перформансите и динамиката на возење, BMW Серија 4 Кабриолет нуди возбудливи задоволства во возењето. Со моќните TwinPower Turbo мотори и совршено соодветните компоненти на потпирањето, овој извонреден кабриолет е подготвен за секој предизвик.

BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 Sanremo зелена металик боја тричетвртински страничен кадар во движење
BMW TwinPower Turbo 4-цилиндричен бензински мотор BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020

BMW TwinPower Turbo 4-цилиндричен бензински мотор.

Новата генерација BMW TwinPower Turbo 2,0-литарски 4-цилиндричен бензински мотор гарантира максимално задоволство при возењето. Познат е по агилната моќност и извонредната реакција дури и при ниски брзини, и истовремено е ефикасен во однос на потрошувачката и има ниска емисија на гасови.
Steptronic Sport трансмисија на BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 внатрешност и волан

Steptronic Sport трансмисија.

8-брзинската Steptronic Sport трансмисија нуди неверојатно спортско менување брзини. Без оглед дали е автоматски или рачно со користење на менувачот или педалите за менување брзини – за удобно лесно возење или неверојатно динамично возење. Во SPORT режим и со менувачот во S/M позиција на левата страна, менувањето брзини е конфигурирано за максимални перформанси.
xDrive лого BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020

xDrive.

Интелигентниот BMW xDrive погонски систем на сите четири тркала рамномерно и променливо ја распределува погонската моќ на предните и задните тркала за дополнително прилепување, динамика на возење и безбедност во секоја ситуација на возење. За уште подобра агилност, електронски контролираната распределба на моќта, на пример го балансира наглото или недоволното свртување во кривините.
BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 страничен преден дел

Прилепување.

Стандардното прилепување нуди високо ниво на прецизност, агилност и удобност при прилепувањето. Ова е овозможено од двојната пружинска предна оска изработена од алуминиум и прецизно дизајнираната петокрака задна оска, заедно со беспрекорното усогласување на сите компоненти.
Адаптивно M потпирање на BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020

Адаптивно M потпирање.

Адаптивното M потпирање може електронски да се приспособи во секое време за да одговара на условите на патот и возењето. Може и да ги приспособите карактеристиките на потпирањето преку Контролата за искуство при возење (Driving Experience Control) за да го активирате вашиот претпочитан стил на возење во даденото време – од удобен до особено атлетски со забележливо агилно управување.
BMW TwinPower Turbo 4-цилиндричен дизел мотор BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020

BMW TwinPower Turbo 4-цилиндричен дизел мотор.

Новата генерација BMW TwinPower Turbo 2,0-литарски 4-цилиндрични дизел мотори демонстрираат агилна моќност во комбинација со извонредна реакција дури и при ниски брзини на моторот. Технологијата на турбо полнење со променлива геометрија на турбините и CommonRail директно вбризгување гарантира дека овие мотори имаат исклучително ефикасна потрошувачка на гориво и ниски емисии.
Поглед од птичја перспектива на мекиот подвижен покрив на BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 во Sanremo зелена металик боја

КОМПАКТЕН МЕК ПОДВИЖЕН ПОКРИВ НА BMW СЕРИЈА 4 КАБРИОЛЕТ

Новодизајнираниот покрив на BMW Серија 4 Кабриолет поставува нови стандарди, како визуелно така и технички. На иновативен начин, ги комбинира функцијата и удобноста на цврстиот покрив со класичниот спортски дизајн на покривот од ткаенина. Истовремено, прецизно изработениот мек покрив инспирира однатре и однадвор со својот висококвалитетен изглед. Од надворешна страна, иновативната технологија на покривот на превиткување создава совршен лак без визуелни прекини, со што совршено го акцентира елегантниот страничен дел на возилото. Покрај рамниот дизајн, мекиот подвижен покрив на BMW Серија 4 Кабриолет, исто така, импресионира со нискиот центар на гравитација и намалената тежина. Дополнително, значително ги намалува звуците во внатрешноста и обезбедува извонредна изолација од студот – и, дури и кога возилото е во движење, електричниот подвижен покрив може да се отвори и затвори при брзини до 50hm/h.

ИНОВАТИВНИ ТЕХНОЛОГИИ НА BMW СЕРИЈА 4 КАБРИОЛЕТ.

Дигитални услуги и системи за помош на возачот на BMW Серија 4 Кабриолет.

BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 системи за помош на возачот и дигитални услуги
Driving Assistant Professional внатрешност на BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 контролен екран

Driving Assistant Professional.

Driving Assistant Professional нуди оптимална удобност и безбедност во критични или монотони ситуации во сообраќајот. Освен содржината на асистентот при возење, вклучува и асистент за управување и контрола на лента со проширени функции, асистент за запирање во итни случаи и асистент за одржување лента со активна заштита од страничен удар.
Интеграција на паметен телефон внатрешност на BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 контролен екран

Интеграција на паметен телефон.

Зошто да се откажете од карактеристиките на вашиот паметен телефон во вашиот BMW автомобил кога може да продолжите да го користите како и вообичаено? Со интеграцијата на паметниот телефон, вашето возило ги поддржува Apple CarPlay® и Android Auto преку безжнична врска меѓу вашиот телефон и возилото. Ова ви овозможува практично да ги користите познатите функции и различните апликации во возилото.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ НА BMW СЕРИЈА 4 КАБРИОЛЕТ.

BMW 430i и други мотори за BMW Серија 4 Кабриолет.

Моќност на моторот во kW (кс) на 1/min:

180 (245)/4.500–6.500

Забрзување 0–100 km/h во s:

6,4

Потрошувачка на гориво комбинирано во l/100 km:

7,7–6,9

CO2 комбинирани емисии во g/km:

176–158

BMW Серија 4 Кабриолет 430i G23 2020 приказ на податоци

BMW БРОШУРА АПЛИКАЦИЈА

BMW брошура апликација за паметен телефон

Доживејте го светот на BMW интерактивно на вашиот паметен телефон или таблет. Апликацијата за BMW брошура ги содржи дигиталните брошури за сите актуелни BMW модели. Уживајте во деталните информации за производот, брилијантните фотографии, спектакуларните видеа и фасцинантните приказни за настанувањето на вашиот избран BMW. И, се разбира, таму ќе најдете и детали за дизајнот, опции за опремата, услугите и технологиите на новиот BMW Серија 4 Кабриолет.

УСЛУГИ И ПОМОШ ЗА НОВИОТ BMW СЕРИЈА 4 КАБРИОЛЕТ.

ДАЛИ БИ САКАЛЕ ЛИЧНА КОНСУЛТАЦИЈА?

Ако имате прашања, ви требаат дополнителни информации или би сакале конкретни понуди за BMW Серија 4 Кабриолетот ве молиме контактирајте партнер на BMW близу вас. Нашите компетентни вработени во BMW со задоволство ќе ви дадат индивидуални совети преку телефон или во салонот.

ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ ЗА BMW СЕРИЈА 4 КАБРИОЛЕТ.

Откријте специјална опрема и практични додатоци за BMW Серија 4 Кабриолет.

Со BMW Серија 4 Кабриолет, задоволството при возењето е гарантирано. Оригиналните BMW додатоци постојат за да ги исполнат вашите посебни желби. Нудиме широк избор на индивидуални додатоци и дополнувања што совршено одговараат на BMW Серија 4 Кабриолетот во квалитет, дизајн и перформанси и ви нудат максимална додадена вредност – што и да посакате.

BMW Серија 4 Кабриолет G23 Sanremo зелена металик боја 2020 тричетвртински заден кадар со BMW заден носач за велосипеди Pro. 2.0
BMW Advanced Car Eye 2.0 BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 Оригинални BMW додатоци

BMW Advanced Car Eye 2.0.

BMW Advanced Car Eye 2.0. е високосензитивна full-HD камера што снима настани пред и зад автомобилот, дури и кога е паркиран. Во случај на нарушувања и неочекувани движења надвор од автомобилот, камерата автоматски ја снима ситуацијата за да ги документира можните несреќи и (обиди за) провали.
BMW заден носач за велосипеди Pro. 2.0 BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 Оригинални BMW додатоци

BMW заден носач за велосипеди Pro. 2.0.

BMW задниот носач за велосипеди Pro. 2.0 е лесен, но издржлив со носивост до 60 kg. Неверојатно лесен за ракување, може да транспортира два велосипеда или е-велосипеда (може да се прошири за да се сместат три велосипеди). Неговата функција за закосување овозможува лесен пристап до багажникот во секое време.
18-инчно M Performance тркало од лесна легура со двојни краци во 796 M Jet Black матирана боја BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020

18-инчно M Performance тркало од лесна легура со двојни краци во 796 M Jet Black матирана боја, комплет летни гуми

Висококвалитетните 18-инчни M Performance тркала од лесна легура со двојни краци во 796 M стил се Jet Black црна матирана боја со M лого. TPMS летен комплет тркала со ранфлет гуми, со големина на тркало 7.5J x 18 со големина на гуми 225/45 R18 95Y RSC напред и 8.5J x 18 со 255/40 R18 99Y RSC назад.
BMW подлога за багажник BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 внатрешност Оригинални BMW додатоци

BMW подлога за багажник.

Трајната и водоотпорна BMW подлога за багажник што спречува лизгање и има подигнати рабови на сите страни и убав дизајн го штити багажникот од нечистотии и влага. Дизајнирана во црна боја и опремена со висококвалитетна облога од нерѓосувачки челик, вградената подлога совршено се вклопува во внатрешноста на багажникот.
BMW патосници за секакви временски услови предни BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 внатрешност Оригинални BMW додатоци

BMW патосници за секакви временски услови предни.

Совршено вградените, долготрајни BMW патосници за секакви временски услови со подигнат раб и елегантен дизајн го штитат предниот простор за нозе од влага и нечистотии. Тие се црни и имаат облога од нерѓосувачки челик.
BMW LED проектори на врата BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 Оригинални BMW додатоци

BMW LED проектори.

Иновативните BMW LED проектори на врата автоматски се активираат кога се отвораат вратите и проектираат слика на земјата до возилото преку неколку заменливи слајдови. Достапни се неколку мотиви од кои може да се избере за да се осветли влезниот простор во индивидуален стил.

BMW SERVICES FOR THE BMW 4 SERIES CONVERTIBLE.

Service offers and packages for the BMW 4 Series Convertible.

BMW sets the standards in service and is always there for you and your BMW 4 Series Convertible. With Breakdown and Accident Assistance, our experts are available to you around the clock for emergencies – 365 days a year. Thanks to the innovative BMW Teleservices, your BMW 4 Series Convertible automatically notifies your BMW Service Partner of maintenance needs and malfunctions, so they can contact you independently. With BMW Service Inclusive, these and all other services are financially covered for the time period of your choice. Secure more time for the important things in your life: With the wide range of services offered by BMW, you are always on the safe side.

BMW Service Inclusive man driving a BMW

BMW Service Inclusive.

Just let go and concentrate on what really matters – enjoying the drive with your BMW 4 Series Convertible. With BMW Service Inclusive, you can do just that. With a single one-off payment, you get all included services and maintenance tasks for a period of your choice.
Find out more
BMW Teleservices woman with smartphone next to BMW door

BMW Teleservices.

With the innovative Teleservices of BMW ConnectedDrive your BMW 4 Series Convertible helps you to keep a clear head: when maintenance is needed or in case of a malfunction it provides your preferred BMW Service Partner with all relevant vehicle data. Your Service Partner will then contact you to arrange an appointment. So you can rely on a fast and straightforward service and don’t have to think of everything yourself. The only requirement: you have registered your BMW 4 Series Convertible online in the BMW ConnectedDrive Portal and have selected a Service Partner. Discover now how BMW Teleservices can bring more convenience to your life.
Find out more
BMW Roadside Assistance woman standing in the open door of her BMW

BMW Roadside Assistance.

The free BMW Roadside Assistance service is available to all BMW drivers around the clock, 365 days a year. A single call – and our experts are at your service, either on the phone or on the scene if required.
Find out more

BMW M PERFORMANCE ДЕЛОВИ ЗА BMW СЕРИЈА 4 КАБРИОЛЕТ.

Спортска опрема за BMW Серија 4 Кабриолет.

BMW Серија 4 Кабриолет се издвојува од толпата со својот концизен дизајн: Висококвалитетните додатоци од BMW M Performance делови го нагласуваат динамичниот карактер на овој прогресивен кабриолет.

BMW Серија 4 Кабриолет G23 бел 2020 тричетвртински преден кадар модел
M Performance преден разделник од јаглеродни влакна BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020

M Performance преден разделник од јаглеродни влакна.

Впечатлива изјава: M Performance предниот разделник изработен од јаглеродни влакна го истакнува мажествениот изглед на возилото на високо ексклузивен начин. Уникатен мотоспорт изглед за сите што одбиваат компромис.
M Performance полукружна маска, од јаглеродни влакна BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 бел

M Performance полукружна маска, од јаглеродни влакна.

Покажете го вашиот стил: рамката на M Performance предната маска е направена од рачно изработени првокласни јаглеродни влакна, а декоративните ребра се состојат од екстра цврста пластика. Визуелен акцент на предниот дел на возилото за особено елегантен, спортски и индивидуален изглед.
20-инчно M Performance ковано тркало со Y-краци во 795 стил M Jet Black црна матирана боја BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 бел

20-инчно M Performance ковано тркало со Y-краци во 795 стил M Jet Black црна матирана боја комплет летни тркала.

Висококвалитетните 20-инчни M Performance ковани тркала со Y-краци во 795 M стил се дизајнирани во Jet Black црна матирана боја со M лого и порабен M Performance шрифт. TPMS летен комплет тркала со ранфлет гуми, со големина на тркало 8J x 20 и големина на гума 225/35 R20 90Y XL RSC напред и 8.5J x 20 со големина на гума 255/30 R20 92Y XL RSC назад.
M Performance 18-инчен систем за сопирање BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020 бел

M Performance 18-инчен систем за сопирање.

За кратки растојанија на сопирање – дури и под голем топлински стрес. 18-инчниот M Performance систем за сопирање вклучува вентилирани лесни спортски дискови за сопирачки. Опремен е со четириклипни алуминиумски фиксирани стеги напред и едноклипни алумиумски подвижни стеги назад. Во M Performance црвена боја. Со М лого во боја.
M Performance издолжување на страничниот праг од јаглеродни влакна BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020

M Performance издолжување на страничниот праг од јаглеродни влакна.

Инспирирачки визуелен изглед: M Performance издолжувањето на страничниот праг е направено од првокласни јаглеродни влакна и рачно изработено со прецизност. Оптички ги издолжува пропорциите на возилото, давајќи му уште подинамичен изглед. За крајно атлетски и елегантен изглед.
M Performance волан BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020

M Performance волан.

Возбудливи факти: благодарение на просторот за стисок обвиен во Alcantara кожа, M Performance воланот овозможува одлично чувство и стисок – за поспортско чувство при управувањето. Неговиот впечатлив дизајн и централна лента од црвена кожа го акцентираат неговиот тркачки стил.
M Performance внатрешни лајсни од јаглеродни влакна BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020

M Performance внатрешни лајсни од јаглеродни влакна.

Забележлив ентузијазам: M Performance внатрешните лајсни се направени од јаглерод со гранулација. Специјалниот метод на обработка не само што им дава на лајсните особено впечатлив изглед – туку лајсните импресионираат со нивното уникатно чувство при допир. За индивидуална тркачка атмосфера во внатрешноста на возилото.
M Performance патосници BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020

M Performance патосници.

Првокласен изглед, извонреден допир: M Performance патосниците му даваат индивидуално атлетско чувство на просторот за нозе, давајќи му на целото возило подинамичен изглед. Со вшиен M Performance шрифт. Првокласниот дизајн е заокружен со бордура со изглед на кожа и декоративна опшивка во контрастни бои и лента во M бои.
M Performance завршетоци на праговите на вратите од јаглеродни влакна BMW Серија 4 Кабриолет G23 2020

M Performance завршетоци на праговите на вратите од јаглеродни влакна.

За особено елегантно влегување: M Performance завршетоците на праговите на вратите завршуваат со лајсна од високовалитетнни јаглеродни влакна и го зајакнуваат спортскиот и ексклузивен изглед на возилото. Тие се прецизно скроени по мерка за дизајнот на возилото и се тестирани според строгите BMW критериуми за квалитет. Со M Performance ознака.

Fuel consumption and CO2 emissions of the BMW 4 Series Convertible.

BMW 430i Convertible:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 6.4–6.0
CO2 emissions in g/km (combined): 147–138


The information on fuel consumption, CO2 emissions and energy consumption has been determined in accordance with the prescribed measurement procedure VO (EU) 715/2007 in the version applicable at the time of type approval. The figures refer to a vehicle with basic configuration in Germany and the range shown considers optional equipment and the different size of wheels and tires available on the selected model.

 

Further information about the official fuel consumption and the official specific CO2 emissions for new passenger automobiles can be found in the 'New Passenger Vehicle Fuel Consumption and CO2 Emission Guidelines', which are available free of charge at all sales outlets and from DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany and on https://www.dat.de/co2

 

The values are already based on the new WLTP regulation and are translated back into NEDC-equivalent values in order to ensure the comparison between the vehicles. For vehicle related taxes or other duties based (at least inter alia) on CO2-emissions the CO2 values may differ to the values stated here.

 

Дознајте повеќе

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии на BMW Серија 4 Кабриолет.

  • BMW 430i кабриолет:
    Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 6,4-6,0
    CO2 емисии во g/km (комбинирано): 147-138

    Информациите за потрошувачката на гориво, СО2 емисиите и потрошувачката на енергија се пресметуваат врз основа на пропишаната постапка за мерење VO (EU) 715/2007 во важечката верзија во времето на одобрување на моделот. Податоците се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија, а опсегот ги зема предвид опционалната опрема и различната големина на тркала и гуми за избраниот модел.

    Повеќе информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични СО2 емисии за новите патнички возила може да се најдат во „Прирачникот за потрошувачка на гориво, и СО2 емисии кај нови патнички возила“, кој е достапен бесплатно на сите продажни места, кај DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Германија и на https://www.dat.de/co2

    Податоците веќе се пресметани врз основа на новата WLTP регулатива, а за споредба направена  е и повратна пресметка во вредностите на NEDC. За овие возила може да важат други вредности од овие што се тука наведени при пресметката на даноци и други давачки поврзани со возилото, кои се засноваат (меѓу другото и) на СО2 емисии.