BMW серија 8 Gran Coupé, дизајн, информирај се, податоци, опрема

THE 8

BMW СЕРИЈА 8 GRAN COUPÉ

Истражете ги многубројните привлечни карактеристики и технички иновации на BMW 8 серија Gran Coupé. Инспирирајте се од уникатниот дизајн, иновативните динамични карактеристики како и ултра модерните системи за помош на возачот и дигиталните услуги. Накратко: ќе најдете сѐ што вреди да се знае за овој луксузен спортски автомобил, што е неспоредлив во поглед на спортскиот изглед, иновациите и пространоста – и го издига чистото задоволство при возењето на сосема ново ниво.

Дознајте повеќе
THE 8BMW СЕРИЈА 8 GRAN COUPÉ

ЕКСПРЕСИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

ОПЦИИ НА ОПРЕМА ЗА BMW СЕРИЈА 8 GRAN COUPÉ

BMW серија 8 Gran Coupé

Присуството се сретнува со елеганцијата: опцијата ‘Impulsive Heat’ дава особено духовит изглед со спектакуларен завршен лак во Aventurine Red металик боја и спортски фелни од 20 инча и од лесен алуминиум. Во внатрешноста, проширените ‘Merino’ кожни навлаки во блескава Ivory White боја додава елегантна нота на ексклузивниот амбиент. Впечатливата надворешност и префинетата внатрешност создаваат фасцинантна интеракција, која на овој BMW серија 8 Gran Coupé му додава посебен допир.

BMW серија 8 Gran Coupé, основен модел

Присуството се сретнува со елеганцијата: опцијата ‘Impulsive Heat’ дава особено духовит изглед со спектакуларен завршен лак во Aventurine Red металик боја и спортски фелни од 20 инча и од лесен алуминиум. Во внатрешноста, проширените ‘Merino’ кожни навлаки во блескава Ivory White боја додава елегантна нота на ексклузивниот амбиент. Впечатливата надворешност и префинетата внатрешност создаваат фасцинантна интеракција, која на овој BMW серија 8 Gran Coupé му додава посебен допир.

  • Надворешност

  • Внатрешност

М Sport пакет

Црн, силен, спортски: опремата ‘Dark Seduction’ со завршен лак во Sapphire Black металик боја и леснометалните фелни од 20 инча во М стил и Jet Black црна боја оставаат темелен динамичен впечаток. Овој BMW серија 8 Gran Coupé додава дополнителни спортски акценти со црните дизајн елементи од BMW Individual Shadow Line со висок сјај и проширени опции како бубрежна решетка, отвори за воздух и рабови на издувна цевка. Контрастот со BMW Individual проширените ‘Merino’ кожни навлаки во раскошната двобојна Fiona Red/Black внатрешност дополнително го зајакнуваат впечатокот на неограничен атлетицизам.

BMW серија 8 Gran Coupé, М Sport пакет

Црн, силен, спортски: опремата ‘Dark Seduction’ со завршен лак во Sapphire Black металик боја и леснометалните фелни од 20 инча во М стил и Jet Black црна боја оставаат темелен динамичен впечаток. Овој BMW серија 8 Gran Coupé додава дополнителни спортски акценти со црните дизајн елементи од BMW Individual Shadow Line со висок сјај и проширени опции како бубрежна решетка, отвори за воздух и рабови на издувна цевка. Контрастот со BMW Individual проширените ‘Merino’ кожни навлаки во раскошната двобојна Fiona Red/Black внатрешност дополнително го зајакнуваат впечатокот на неограничен атлетицизам.

  • Надворешност

  • Внатрешност

ДИЗАЈН

ДИЗАЈН НА НАДВОРЕШНОСТ И ВНАТРЕШНОСТ НА BMW СЕРИЈА 8 GRAN COUPÉ

Уникатниот дизајн поставува нови стандарди – и тоа во многубројни конфигурации. Истражете ги ексклузивните опции на опрема за надворешноста и внатрешноста на BMW серија 8 Gran Coupé. За што и да се одлуччите, спортскиот и луксузен карактер на овој спортски автомобил импресионира со секој детал и во секоја верзија.

BMW серија 8 Gran Coupé, дизајн
BMW серија 8 Gran Coupé, дизајн на Ц-столб со перка

Дизајн на Ц-столб со перка

Дизајнот на Ц-столбот со перка и новото, модерно толкување на BMW Hofmeister kink на страничниот прозорец значително придонесуват на флуидната силуета на возилото. Дизајнот на перката во делот каде што покривот преминува на задниот дел потсетува на дизајнот на рачно изработените класици. Истовремено, големата површина на столбот укажува на статус и присуство.
BMW серија 8 Gran Coupé, панорамски стаклен покрив

Панорамски стаклен покрив

Кога е отворен, електричниот панорамски стаклен покрив со функции на лизгање и подигање обезбедува големо количество на свеж воздух, додека пак создава светла, јасна атмосфера во внатрешноста кога е затворен. Може да се отвори и затвори со допир на копче или со клучот од возилото. Опремен е со заштитник од сончеви зраци и дефлектор на ветер. Истовремено нуди непрекинат стаклен изглед од предниот до задниот прозорец.
BMW серија 8 Gran Coupé, BMW Laserlight

BMW Laserlight

Во ласерскиот режим на долги светла, BMW Laserlight осветлува во домен од 600 м, речиси двапати подалеку отколку традиционалните предни светла. Подобрата видливост во темница значително ја зголемува безбедноста. Сините акценти и буквите “BMW Laser” во предните светла исто така ги нагласуваат технолошките стандарди и спортскиот изглед на возилото.
BMW серија 8 Gran Coupé, Active Air Stream бубрежна решетка

Active Air Stream бубрежна решетка

Аctive Air Stream бубрежната решетка ги отвора и затвора вентилите за воздух во решетката на ладилникот според потребите за ладење на моторот, сопирачките и климатизацијата. Истовремено, подвижните прачки на системот го намалуваат воздушниот отпор кога се затворени и со тоа ја подобруваат аеродинамиката.
BMW серија 8 Gran Coupé, М Sport преден капак.

М Sport преден капак

М Sport предниот капак со рамка за спојлер го зајакнува спортскиот, динамичен впечаток и ја подобрува аеродинамиката на возилото. Протокот на воздух е насочен кон надворешните страни на предните тркала преку отворите. Таквата воздухшна завеса спречува турбуленции во лежиштата на трклата и следствено го намалува воздушниот отпор.
BMW серија 8 Gran Coupé, Freeform издувни цевки

Freeform издувни цевки

Рабовите на издувната цевка на двете страни во Cerium Grey боја даваат впечатлив и ексклуизвен акцент на задницата на возилото. Бојата е спортска колку и луксузна.
BMW серија 8 Gran Coupé, 4+1 седишта

4+1 седишта

Надворешните седишта на задната клупа имаат карактер на индивидуални засебни седишта со интегриран наслон. Дополнителното средно седиште овозможува патување на пократки растојанија со пет лица. Задната клупа нормално има три места за безбедносни појаси за сите три седишта.
BMW серија 8 Gran Coupé, амбиентално осветлување

Амбиентално осветлување

Преку многубројните LED светла, амбиенталното осветлување создава пријатна светлина во внатрешноста и посебно чувство на простор во темница. Боите, јачината и нијансите можат засебно да се прилагодат. Опремата опфаќа и контурно и гранично осветлување како и светилки водилки на централната конзола.
BMW серија 8 Gran Coupé, мултифункционални седишта за возачот и предниот сопатник

Мултифункционални седишта за возачот и предниот сопатник

Мултифункционалните седишта за возачот и сопатникот на предното седиште нудат сеопфатни можности за прилагодување и исклучителна удобност и безбедност. На овој начин, седиштата можат оптимално да се прилагодат на личните потреби со електрично прилагодување на ширината на наслонот за грб, варијабилната поддршка за долниот дел од ‘рбетот и рачно подесување на длабочината на седиштето.
BMW серија 8 Gran Coupé, Crafted Clarity стаклени елементи

Crafted Clarity стаклени елементи

Ексклузивните ‘CraftedClarity’ стаклени елементи опфаќаат рачно изработени стаклени детали на менувачот, контролата на волумен, iDrive контролерот и копчето start/stop со што се зајакнува видливоста и контролата во внатрешноста.
BMW серија 8 Gran Coupé, Bowers & Wilkins Diamons Surround Sound System

Bowers & Wilkins Diamons Surround Sound System

Bowers & Wilkins Diamond аудио систем со три diamon tweeter карактеристики што нудат извонреден студиски квалитет на звукот на секое седиште во возилото. 16 внимателно позиционирани звучници гарантираат волшебно звучно искуство. Звучниците се осветлени, со што визуелно се нагласува неверојатниот звучен квалитет на системот.
BMW серија 8 Gran Coupé, климатизација со 4-зонска контрола

Климатизација со 4-зонска контрола

Автоматската климатизација со 4-зонска контрола овозможува индивидуална климатска удобност на сите четири седишта. Климата за предните седишта може да се регулира преку контролната единица со целосно варијабилен TFT екран направен од тврдо стакло на инструмент таблата. Задните патници ја прилагодуваат својата посакувана клима преку контролниот елемент под отворите за воздух на крајот од централната конзола.

ПЕРФОРМАНС

ПОГОНСКИ СКЛОП И ШАСИЈА ВО BMW СЕРИЈА 8 GRAN COUPÉ

BMW серија 8 Gran Coupé фасцинира со импресивна агилност и неприкосновена динамика. Од моќниот би-турбо бензински мотори преку адаптивната М суспензија и интегралното активно управување преку xDrive, интелигентниот погонски систем на четири тркала – оптимално координираната интеракција на многубројните иновативните компоненти од погонскиот склоп и шасијата со врвна прецизност, тракција и возна стабилност нудат максимално задоволство при возењето.

BMW серија 8 Gran Coupé, BMW TwinPower Turbo 8-цилиндарски бензински мотор

BMW TwinPower Turbo 8-цилиндарски бензински мотор

BMW TwinPower Turbo 8-цилиндарскиот бензински мотор комбинира два турбо полначи со Valvetronic целосно варијабилна контрола на вентили и директно вбризгување High-Precision Injection. Максимално се постигнува 390 kW (530 КС) со максимален обртен момент од 750 Nm. Двата турбо полначи се компактно сместени меѓу цилиндрите.
BMW серија 8 Gran Coupé, BMW xDrive

BMW xDrive

Интелигентниот BMW xDrive погонски систем на четири тркала лесно и варијабилно ја распределува погонската сила на предните и задните тркала за максимална тракција, возна динамика и безбедност во секоја ситуација. Иновативното вмрежување со сите контролни функции на странична динамика на возилото овозможуваат премостување од ориентација кон тракција до максимална спортска возна динамика.
BMW серија 8 Gran Coupé, BMW TwinPower Turbo линиски 6-цилиндарски бензински мотор

BMW TwinPower Turbo линиски 6-цилиндарски бензински мотор

Наметливата моќ, мазното работење и возбудливиот звук се заштитните знаци на новата генерација на BMW TwinPower Turbo линискиот 6-цилиндарски бензински мотор. Со Double-VANOS, Valvetronic, High-Precision Injection и TwinScroll турбо полначи, произведува 250 kW (340 КС) и доставува импресивен максимален обртен момент од 500 Nm.
BMW серија 8 Gran Coupé, адаптивна М Professional суспензија

Адаптивна М Professional суспензија

Адаптивна М Professional суспензија додава активна стабилизација на адаптивната М суспензија и интегралното активно управување. Резултатот: врвна возна стабилност и динамика.
BMW 8 Series Gran Coupé, М спортски диференцијал

М спортски диференцијал

М спортскиот диференцијал ја оптимизира тракцијата и возната стабилност при промена на сообраќајни ленти или намалување брзини кај свиоци при големи брзини или на различни површини. Тракцијата се оптимизира со помош на електронски управуван апарат што ја намалува разликата во брзината на револуции меѓу задните тркала.
BMW 8 Series Gran Coupé, интегрално активно управување

Интегрално активно управување

Интегралното активно управување комбинира поддршка што варира врз основа на аголот на управување на предната оска, и задните тркала што придонесуваат кон управувањето. На помали брзини се нуди повисока можност за маневрирање и агилност вртејќи ги задните тркала наспроти предните. На повисоки брзини, задните тракала се вртат во паралелна позиција на предните и со тоа се зголемува стабилноста и удобноста.
BMW 8 Series Gran Coupé, спортски издувен систем

Спортски издувен систем

Стандардниот спортски издувен систем нуди моќен и спортски звук што може да се прилагоди на ситуацијата и желбите на возачот. Ова го претвора возењето во емотивно искуство за ушите, особено во текот на спортското возење.
BMW 8 Series Gran Coupé, BMW sDrive

sDrive погонски склоп

Во споредба со погонот на четири тркала, погонот на задните тркала нуди не само значително намалување на тежината, туку и пред сѐ, непречена, прецизна реакција при управувањето со особено сензитивна реакција. Ова прави возилото да се чини полесно и поагилно. Помалата тежина и триење во споредба со погонот на четири тркала ја подобрува потрошувачката на гориво и ги намалува емисиите на CO2.

ИНОВАЦИЈА

ИНТЕЛИГЕНТНИ ТЕХНОЛОГИИ ВО BMW СЕРИЈА 8 GRAN COUPÉ

Инспиративен спортски изглед и иновативен луксуз воопшто не се контрадикторни поими. Затоа BMW серија 8 Gran Coupé e опремено со серија пионерски технологии што се неспоредливи дури и во луксузната класа. Уживајте во ултра модерните контролни опции преку iDrive, со гестови или преку екранот на допир и добијте поддршка од делумно автономните системи за помош на возачот во потешки ситуации во текот на возењето. На овој начин секое патување станува побезбедно, поудобно и поопуштено.

BMW 8 Series Gran Coupé, иновации
BMW 8 Series Gran Coupé, BMW Live Cockpit Professional

BMW Live Cockpit Professional

BMW Live Cockpit Professional со навигациска функција опфаќа високо квалитетна мрежа на екрани што се состои од контролен екран со висока резолуција од 10.25 инча кој работи на допир и целосно дигитален екран на интрумент таблата од 12.3 инча.
BMW 8 Series Gran Coupé, Driving Assistant Professional

Driving Assistant Professional

Driving Assistant Professional нуди оптимална удобност и максимална безбедност во текот на многу критични или монотони ситуации во текот на возењето со помошните системи при управувањето и оние за возење во рамки на сообраќајната лента како и поддршка за тесни места, запирање во итни случаи, предупредување за локални непогоди, помошник за возење во својата сообраќајна лента и активна заштита од страничен удар како и други безбедносни функции.
BMW 8 Series Gran Coupé, Parking Assistant Plus

Parking Assistant Plus

Parking Assistant Plus го олеснува паркирањето и маневрирањето со возилото. Меѓу другото нуди Surround View систем со поглед одозгора, панорамски поглед, 3Д поглед од далечина како и помош при странично паркирање, активна контрола на паркирање од далечина, функција за итно запирање, помош при паркирање со линеарен водич и помош при возење наназад.
BMW 8 Series Gran Coupé технички податоци

BMW 8 SERIES GRAN COUPÉ ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ

Потрошувачка на гориво и емисии на CO2

BMW M850i xDrive Gran Coupé:
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирана): 10.0–9.9
Емисија на CO2 во g/km (комбинирана): 229–226

Податоците за потрошувачката на гориво, емисиите на CO2 и потрошувачката на енергија се одредени во согласност со пропишаната постапка на мерење VO (EU) 715/2007 во верзијата што се применува во моментот на одобрување на типот. Податоците се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија, а прикажаниот досег ја зема предвид опционалната опрема и различните големини на тркалата и гумите на избраниот модел.

Дополнителни податоци околу официјалната потрошувачка на гориво и официјалните конкретни емисии на CO2 за новите патнички автомобили можат да се најдат во „Водичот за економичноста на потрошувачката на гориво и емисии на CO2“ што е достапен бесплатно на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany и на https://www.dat.de/co2.

Вредностите веќе се темелат на новата WLTP регулатива и се преведени назад во NEDC-еквивалентни вредности за да се осигури споредба меѓу возилата. За даноците поврзани со возилото или други трошоци врз основа на (барем меѓу другото) емисиите на CO2, вредностите на CO2 можат да се разликуваат од вредностите наведени тука.

Дознајте повеќе