Алатката за управување со твојата дозвола за користење на колачиња е привремено недостапна. Затоа, може да недостасуваат некои функционалности за кои се бара да добивање согласност за користење колачиња.
Отворен, силен и дизајниран за перформанси. Со широкиот преден дел, големите тркала, издолжената хауба и многу детали инспирирани од моторспортот, BMW Z4 M40i Roadster докажува дека уште на прв поглед го забрзува пулсот. На патот, тој го разоткрива својот спортски карактер насекаде: роудстер кој го претвора нагонот за слобода во чисто уживање во возењето.
ДИЗАЈН НА BMW Z4 M40i ROADSTER.
Откријте ги вашите граници.
ДИЗАЈН НА НАДВОРЕШНОСТА И ВНАТРЕШНОСТА НА BMW Z4 M40i ROADSTER.
Побудува ентузијазам.
- Надворешност
- Внатрешност
BMW бубрежна маска со мрежест дизајн.
На динамичниот изглед преидонесува мрежестиот дизајн на BMW бубрежната маска која варира во зависност од моторот. Основниот модел има црна мрежаста решетка со висок сјај, а кај Sport Line и M Sport пакетот се изработени од матиран алуминиум, секој со хромирана бубрежна рамка. BMW бубрежната маска на топ моделот M40i во целост е Cerium Grey.
Air Breather.
Заедно со воздушната завеса во предниот браник, отворите за воздух сместени зад лакот на предните тркала значително ја намалува турбуленцијата на воздухот во отворот за тркала и целно го насочува протокот на воздух – со што се намалува отпорот. Воедно, го истакнува атлетскиот карактер на возилото како декоративен елемент.
M Aerodynamics пакет.
M Aerodynamic пакетот со специфичен М преден спојлер, заден спојлер и странични прагови во боја на каросеријата и дводелна влошка за дифузор во Dark Shadow металик боја пренесуваат чиста динамика и спортски карактер. Компонентите не само што го изоструваат изгледот, туку и ги оптимизираат динамичките својства на возилото.
Издувни цевки во слободна форма.
Заоблените хромирани издувни цевки со висок сјај на десната и на левата страна на задниот дел го засилуваат спортскиот изглед на возилото.
M Sport седишта.
M Sport седиштата со интегрирани потпирачи за глава, длабок простор за седење и високи странични и потпирачи за грб обезбедуваат подобрена поддршка за возачот и совозачот, дури и во брзите свиоци. Покрај тоа, возачкото седиште и, во зависност од опремата, совозачкото седиште може да се нагодат на вашите индивидуални димензии на телото благодарение на интегрираното нагодување на ширината на потпирачот за грб.
M кожен управувач.
M кожниот управувач, вклучително и мултифункционалните копчиња и ознаката М, има спортски дизајн со три крака. Обрачот на управувачот е изработен од 'Walknappa' црна кожа со заоблени места за потпирање на палците предизвикува чувство на спортско, директно управување и така обезбедува динамично искуство на возењето.
ВОЗНА ДИНАМИКА НА BMW Z4 M40i ROADSTER.
Откријте ги вашите граници.
M TwinPower Turbo 6-цилиндичен реден бензински мотор.
Врвен спортист кој предизвикува чисто уживање во возењето: 6-цилиндричниот реден бензински мотор M TwinPower Turbo се одликува со супериорна испорака на моќ и впечатлив карактеристичен М звук на моторот. Со Double-VANOS, Valvetronic, високопрецизно вбризгување и TwinScroll турбополнач, обезбедува одлична моќ.
Адаптивна M суспензија.
Адаптивната M суспензија спуштена за 10 милиметри може електронски да се нагоди во било кој момент за да одговара на патот и на условите за возење. Возачите исто така можат да ги нагодат особините на суспензијата преку Driving Experience Control за да го активираат саканиот стил на возење во било кој момент – од удобно до исклучително спортско со изразено агилно управување.
M Sport диференцијал.
M sport диференцијалот ја оптимизира влечната сила и стабилноста во возењето при промена на коловозната лента или забрзување во свиоците, при возење низ свиоци со големи брзини или на разни површини на патот. Влечната сила се оптимизира со помош на електронски управуван уред кој ја намалува разликата во брзината на вртењето на тркалата.
Steptronic Sport менувач.
8-степениот Steptronic Sport менувач со Launch Control овозможува спортска промена на степенот на пренос и автоматски и рачно преку палката на менувачот – за удобно крстарење или динамичен стил на возење.Во SPORT или SPORT+ режим и со палка на менувачот во лева S/M положба, менувачот е конфигуриран за максимални перформанси.
Варијабилно спортско управување.
Варијабилното спортско управување со Servotronic креира директен и агилен одговор на управувачот и обезбедува помал физички напор за вртење на тркалата. На различни агли на вртење на управувачот тој реагира со различни односи на управување. Ова ја подобрува управливоста при динамично возење и го намалува напорот потребен за управување при паркирање или скршнување.
M Sport сопирачки.
M Sport сопирачките напред имаат фиксни шепи со четири клипа, а одзади пливачки шепи со еден клип во сина боја со М ознака и големи дискови на сопирачките за извонредни перформанси при сопирањето.
BMW INTELLIGENT PERSONAL ASSISTANT.
СИСТЕМИ ЗА АСИСТЕНЦИЈА НА ВОЗАЧОТ BMW Z4 M40i ROADSTER.
Дигитални услуги и интелигентни системи за помош на возачот.
BMW оперативен систем 7.
Иновативниот концепт на управување преку BMW оперативниот систем 7 овозможува уште полесно управување со функциите на возилото при патување, на пример со говор, преку екранот со допир и преку iDrive контролерот – многу интуитивно. За таа цел, функционалноста на контролерот е надградена. Па така, сега менијата од апликациите можат директно да се избираат.
BMW Intelligent Personal Assistant.
Зарем не би било неверојатно ако вашето BMW е и ваш личен експерт за возила? Комуницирајте со вашето возило користејќи го BMW интелигентниот персонален асистент. Изговарајте вообичаени команди за да управувате со многубројни функции на возилото. Исто така, асистентот може да образложи различни теми за вашето возило и да ви помогне уште подобро да го запознаете вашето BMW.
Connected Music.
Слушајте ја вашата омилена музика каде и да сте. Класична на автопат, џез за време на шпицот и поп кога крстосувате. Connected Music со Spotify значи дека можете директно да слушате безброј милиони песни без никакви ограничувања преку BMW музичкиот партнер Spotify, користејќи SIM картичка инсталирана во вашето возило.
BMW Дигитален клуч.
BMW Дигиталниот клуч (Digital Key) го претвора вашиот компатибилен паметен телефон* во клуч за возилото. За да го отклучите, едноставно доближете го паметниот телефон до кваката на вратата; пред да го стартувате вашиот BMW, оставете го на подлогата за паметни телефони. Дополнително, може да им испратите Дигитален клуч на максимум 5 пријатели, и дури и да ја ограничите максималната брзина – идеално за возачи почетници.
* BMW Дигиталниот клуч (Digital Key) е компатибилен само со одбрани паметни телефони. Список со компатибилни паметни телефони е достапен на bmw.com/digitalkey. За користење на BMW Дигиталниот клуч, потребна е опремата за Teleservices.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ BMW Z4 M40i ROADSTER.
BMW Z4 M40i Roadster.
Моќност на моторот (КС) при 1/мин: | 250 (340) / 5.000–6.500 |
Заврзување од 0 до 100 км/ч во сек.: | 4,5 |
Потрошувачка на гориво, комбинирано, во л/100 км: | 8,0–7,8 |
Емисија на CO2, комбинирано, во гр/км: | 182–177 |
ЦЕНИ, ФИНАНСИРАЊЕ И ЛИЗИНГ ЗА BMW Z4 M40i ROADSTER.
BMW ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ ЗА BMW Z4 M40i ROADSTER.
Брзо и флексибилно дојдете до финансиски услуги по ваша мера од BMW Financial Services. Без разлика дали се работи за финансирање или лизинг, секоја наша понуда е индивидуално приспособена на вашите потреби и желби. Дознајте повеќе за атрактивните финансиски решенија или вистинската понуда за лизинг за вашиот нов BMW Z4 M40i Roadster.
BMW УСЛУГИ.
УСЛУГА И АСИСТЕНЦИЈА ЗА BMW Z4 M40i ROADSTER.
BMW Service Inclusive
#whateverhappens: Сестрано безгрижно патување: овој пакет нуди 100% транспарентност и практична едноставност во планирањето. Можете да одберете дали ќе случите договор на 4 или 6 години – или договор на 3 години како корисник на лизинг. Пакетот ги содржи следниве услуги:
- Услуга за проверка на возилото
- Замена на микрофилтер
- Замена на течност во сопирачки
BMW Teleservices.
Со иновативната опција за Teleservices услуги преку BMW ConnectedDrive вашето BMW ќе ви помогне да останете смирени: кога е потребно одржување или во случај на дефект, до одбраниот BMW сервисен партнер ќе се достават сите потребни податоци. Вашиот сервисен партнер ќе ве контактира за да договорите термин за прием. Така ќе можете да се потпрете на брзата и едноставна услуга и не мора сами да мислите на сè. Единствен услов: да го имате регистрирано вашето возило на порталот BMW ConnectedDrive и да одберете сервисен партнер. Откријте како BMW Teleservices може да го направи вашиот живот поудобен.
BMW Roadside Assistance.
Бесплатната услуга BMW Roadside Assistance достапна е на сите BMW возачи секојдневно, 365 дена во годината. Еден повик – и нашите експерти ви стојат на располагање, преку телефон или доколку е потребно на лице место.
Потрошувачка на гориво и емисија на CO2.
BMW Z4 M40i Roadster:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 8,0–7,8
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 182–177Официјалните податоци за потрошувачката на гориво, емисијата на CO2, потрошувачката на електрична енергија се одредени со прописите за мерење и во согласност со регулативата (EU) 715/2007 која се применува при хомологација на возилото. WLTP бројките (според тестот за Светска хомологација на лесни возила) ги земаат во предвид секоја дополнителна опрема. За ново одобрените возила од 01.01.2021, официјалните спецификации се достапни само согласно WLTP. Дополнителни информации за NEDC и WLTP методите на мерење можете да побарате на www.bmw.de/wltp
Потрошувачка на гориво и емисија на CO2.
BMW Z4 M40i Roadster:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 8,0–7,8
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 182–177
Официјалните податоци за потрошувачката на гориво, емисијата на CO2, потрошувачката на електрична енергија се одредени со прописите за мерење и во согласност со регулативата (EU) 715/2007 која се применува при хомологација на возилото. WLTP бројките (според тестот за Светска хомологација на лесни возила) ги земаат во предвид секоја дополнителна опрема. За ново одобрените возила од 01.01.2021, официјалните спецификации се достапни само согласно WLTP. Дополнителни информации за NEDC и WLTP методите на мерење можете да побарате на www.bmw.de/wltp