BMW M235i xDrive Gran Coupé F44 2020 Black Sapphire metallic тричетвртински поглед од напред
Потрошувачка на гориво, комбинирано7,8–7,1 лит./100 км
Тип на мотори и горивоБензин

THE 2

BMW M

BMW M235i xDRIVE GRAN COUPÉ.

Потрошувачка на гориво, комбинирано7,8–7,1 лит./100 км
Тип на мотори и горивоБензин
THE 2BMW M235i xDRIVE GRAN COUPÉ.

Екстровертниот атлетизам на BMW M235i xDrive Gran Coupé доминира од секоја перспектива: благодарение мускулната линија на рамената, нежно наведнатата линија на покривот и моќниот заден дел. Совршено прилагодените компоненти за динамичен стил на возење и исклучително моќниот мотор му помагаат на овој врвен спортист да постави нови стандарди во својот сегмент. Во внатрешноста доминираат ексклузивните М карактеристики и најсовремените технологии како што е системот за гласовна контрола BMW Intelligent Personal Assistant. За нови цели – и без граници.

Дознајте повеќе

ДИЗАЈН НА НАДВОРЕШНОСТА И ВНАТРЕШНОСТА НА BMW M235i xDRIVE GRAN COUPÉ

Внатре - спортски, надвор - атлетски: BMW M235i xDrive Gran Coupé ја прикажува својата бескомпромисна динамика со секој детаљ. Не само благодарение на аеродинамичниот M пакет, туку и на ексклузивните М карактеристики во Cerium Grey. Особените карактеристики како што е бубрежната решетка на BMW во мрежест дизајн, отворите во слободна форма на системот за издувни гасови или задниот М спојлер ја надополнуваат мускулната форма и контурите на спортското купе, додека карактеристики како што се спортските М седишта или М педали го заокружуваат внатрешниот амбиент за максимални перформанси.
BMW бубрежна решетка со мрежест дизајн BMW M235i xDrive Gran Coupé F44 Black Sapphire metallic поглед од блиску

BMW бубрежна решетка со мрежест дизајн

BMW бубрежна решетка со мрежест дизајн е комплетно довршена во Cerium Grey боја и има детално дизајнирана решетка од внатре. Оваа мрежеста структура, инспирирана од трките, дава длабочина и вредност на предната страна и поставува висококвалитетен и динамичен акцент на деталите. 

M Aerodynamics пакет BMW M235i xDrive Gran Coupé F44 Black Sapphire metallic однапред

M Aerodynamics пакет.

M Aerodynamics пакетот со M специфичен преден долен дел на браникот, заден долен дел од браникот и странични отвори искажува чиста динамика, нагласувајќи ги атлетските карактеристики на возилото. Украсните делови се обоени во бојата на каросеријата и имаат додатоци од Dark Shadow боја со висок сјај. На BMW M235i, додатоците се изработени во црна боја со висок сјај. 

M заден спојлер BMW M235i xDrive Gran Coupé F44 Black Sapphire metallic поглед одзади

М заден спојлер.

M задниот спојлер ја нагласува атлетската силуета на возилото и го намалува несаканото аеродинамично подигање. Произведувајќи потисна сила на задната оска, нуди поголема стабилност во возењето. 

M специфичен издувен систем BMW M235i xDrive Gran Coupé F44 Black Sapphire metallic поглед одзади

M специфичен издувен систем.

Со својот минимален против-притисок, М специфичниот издувен систем од двете страни го поддржува силниот развој на моќта на моторот. Неговиот препознатлив звук може да се контролира преку интегрираниот механизам на издувен вентил и го наглсува спортскиот изглед на автомобилот. Рабовите на издувните цевки се со слободен облик во Cerium Grey боја и ја одредуваат визуелната карактеристика.

M спортски седишта BMW M235i xDrive Gran Coupé F44 внатрешност

M спортски седишта.

M спортските седишта со интегриран наслон за главата, длабока површина за седење и високи странични наслони и наслони за грбот им нудат на возачот и совозачот подобра потпора, дури и при брзи минувања низ свиоците. Освен тоа, седиштето може да се приспособи на вашата индивидуална големина на телото благодарение на интегрираниот систем за одредување на ширината на наслоните.

M ремени BMW M235i xDrive Gran Coupé F44 внатрешност

М ремени.

М спортските ремени со затегнувачи и ограничувачот на силата на ременот можат да се истакнат со инзвонредните штепови во класичните М бои и да го нагласат извонредниот квалитет и спортски амбиент во внатрешноста на возилото.

M кожен управувач BMW M235i xDrive Gran Coupé F44 кокпит

M кожен управувач.

М кожниот управувач со повеќенаменски копчиња, М ознака и интегрирано воздушно перниче на страната на возачот претставен е во дизајн со три крака. Обрачот на управувачот преслечен во 'Walknappa' Black кожа со црни шавови и обликувани наслони за палците, нуди директно, атлетско искуство при управувањето.

Внатрешни лајсни 'Illuminated Brooklyn’ BMW M235i xDrive Gran Coupé F44 внатрешност

Внатрешни лајсни 'Illuminated Brooklyn’.

Внатрешните лајсни 'Illuminated Brooklyn’ со 'Triangle' акцент на инструмент таблата и облогите на вратата даваат на внатрешноста прогресивен амбиент со високо чувство за вредност. Треперливата шема на доработката со дискретното осветлена завршница креира привлечна и удобна атмосфера при возењето.

ВОЗНА ДИНАМИКА НА BMW M235i xDRIVE GRAN COUPÉ.

Со M спортскиот управувач, 8-степениот Steptronic менувач и M Sport суспензијата, BMW M 235i xDrive Gran Coupé за завзема брзата лента во својот сегмент. Во комбинација со моќниот и екстремно ефикасниот TwinPower Turbo 4-цилиндричен бензински мотор, со леснотија се издвојува од останатите и нуди извонредна самоувереност на секоја пат.
M Sport суспензија BMW M235i xDrive Gran Coupé F44

M Sport суспензија.

М Sport суспензијата го спушта возилото за отприлика десет милиметри. Исто така има пократки пружини и поцврсти подесувања на амортизерите, како и потврди стабилизатори. Во комбинација заедно, тие резултираат со уште подиректен дизајн на суспензијата, кој овозможува изразено спортски стил на возење.

M Sport сопирачки BMW M235i xDrive Gran Coupé F44 Black Sapphire metallic

M Sport сопирачки.

М Sport сопирачките напред имаат фиксни клешти со четири клипа и назад пловечки клешти со еден клип, во сина боја со М ознака и големи дискови за извонредни перформанси при сопирање.

M TwinPower Turbo 4-цилинричен бензински мотор BMW M235i xDrive Gran Coupé F44

BMW M235i xDrive.

Врвен спортист кој нуди вистинско ужување во возењето: M TwinPower Turbo 4-цилиндричен бензински мотор во BMW M235i исклучително е моќен бидејќи е опремен со нови клипови, поголем турбополнач, оптимизирано насочување на всисниот воздух, пакетот за ладење со високи перформанси и вентилски-управуван М издувен систем.

M Sports управувач BMW M235i xDrive Gran Coupé F44 кокпит

M Sports управувач.

M Sports управувачот со Servotronic нуди директен и агилен одговор на управувањето и го намалува напорот при управување. Вашето возило може попрецизно да се насочува, нудејќи изразено атлетски карактеристики при управувањњето, особено кривулести патишта.

M Performance пакет BMW M235i xDrive Gran Coupé F44 Black Sapphire metallic тричетвртински страничен поглед

M PERFORMANCE ПАКЕТ.

M Performance пакетот дополнително го зголемува спортскиот потенцијал на возилото и обезбедува максимални перформанси при забрзување. Покрај тоа, намалувањето на тежината значително ја зголемува динамиката на возење. Препознатливите дизајнерски елементи во црна боја и 18 инчите М  кованите тркала од лесна легура го прават M Performance пакетот видлив однадвор.

СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ И КОМФОРНИ ФУНКЦИИ ВО BMW M235i xDRIVE GRAN COUPÉ.

BMW M235i xDrive Gran Coupé е опремен со технички прогресивен дисплеј до најситни детали. Иновативните системи за помош како што е асистентот за возење наназад ви помагаат во текот на патувањето додека BMW интелигентниот личен асистент ја подига комуникацијата меѓу возачот и возилото на повисоко ниво, а дигиталниот клуч нуди поголема удобност овозможувајќи заклучување и отклучување на вратите преку паметен телефон.
Сигурносен пакет Driving Assistant BMW M235i xDrive Gran Coupé F44 ентериер

Driving Assistant.

Сигурносниот систем Driving Assistant вклучува систем со камери за предупредување на судар со функција на сопирање, помош при ограничувања на брзината вклучително и информации за ограничување на брзината со индикатор за забрането претекнување со приказ и предупредување за напуштање на коловозната лента. Дополнително, опремата со радар вклучува предупредување за сообраќај со вкрстување одзади, предупредување за промена на лентата и предупредување за судар одзади.

Parking Assistant BMW M235i xDrive Gran Coupé F44 ентериер

Parking Assistant.

Parking Assistant го прави паркирањето на возилото полесно. камерата за возење наназад нуди појасен преглед зад возилото. Active Park Distance Control нуди зголемена заштита од штетувања настанати при паркирање. Parking Assistant автоматски го паркита возилото, паралелно и или напречно на улицата, и ги напушта паралелно паркиранитеместа. Асистентот за возење наназад ви помага при возење наназад, на пример во тесни улици.

Активен темпомат со Stop&Go функција BMW M235i xDrive Gran Coupé F44

Активен темпомат.

Активниот темпомат со Stop&Go функција ја одржува брзината во распон од 30 до 160 км/час со однапред дефинирана оддалеченост до возилата напред, вклучително и сопирање и повторно поаѓање во појди-застани сообраќај. Speed Limit Assist овозможува преземање на ограничувањата за брзина во темпоматот. Предупредувањето за челен судар со интервенција за сопирање реагира на возила кои мируваат, пешаци и велосипедисти.

BMW Live Cockpit Professional BMW M235i Gran Coupé F44 ентериер

BMW Live Cockpit Professional.

BMW Live Cockpit Professional со функција за навигација вклучува два висококвалитетни дисплеја кои се состојат од 10.25 инчен контролен дисплеј со висока резолуција кој може да се управува со допир и целосно дигитална инструмент табла со 10.25 инчен дисплеј. BMW оперативен систем 7 исто така може да се управува преку iDrive контролорот. 

Интеграција на паметен телефон BMW M235i xDrive Gran Coupé F44

Интеграција на паметен телефон.

Зашто да останете без карактеристиките на вашиот паметен телефон во вашето BMW гога можете да продолжите да го користите како и обично? За интеграцијата на паметен телефон, вашето возило ги поддржува Apple CarPlay и Android Auto за безжична врска помеѓу паметниот телефон и возилото. Ова ви овозможува практично да ги користите познатите финкции и разните апликации во возилото.

BMW Серија 4 M Автомобил G82 G22 Дигитален клуч

BMW Дигитален клуч.

BMW Дигиталниот клуч (Digital Key) го претвора вашиот компатибилен паметен телефон во клуч за возилото. За да го отклучите, едноставно доближете го паметниот телефон до кваката на вратата; пред да го стартувате вашиот BMW, оставете го на подлогата за паметни телефони. Дополнително, може да им испратите Дигитален клуч на максимум 5 пријатели, и дури и да ја ограничите максималната брзина – идеално за возачи почетници.

[1]
 BMW Дигиталниот клуч (Digital Key) е компатибилен само со одбрани паметни телефони. Список со компатибилни паметни телефони е достапен на bmw.com/digitalkey. За користење на BMW Дигиталниот клуч, потребна е опремата за Teleservices.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ НА BMW M235i xDRIVE GRAN COUPÉ

BMW M235i xDrive.

Моќност на моторот во kW (кс) : 

225 (306)

Забрзување 0–100 km/h во s: 

4,9

Потрошувачка на гориво комбинирано во l/100 km: 

7,8-7,1

CO2 комбинирани емисии во g/km: 

177-162

BMW Серија 2 Gran Coupé F44 скица со технички податоци 2021

BMW УСЛУГИ.

УСЛУГИ И АСИСТЕНЦИЈА ЗА BMW M235i xDRIVE GRAN COUPÉ.

Вработен во BMW советува клиент

ДАЛИ САКАТЕ ЛИЧЕН КОНСУЛТАНТ?

Доколку имате било какви прашања, барате дополнителни информации или сакате специфична понуда за BMW M235i xDrive Gran Coupé, ве молиме контактирајте го BMW партнерот во вашата земја. Нашите стручни лица со големо задоволство ќе ви дадат индивидуални совети преку телефон или на лице место.

FUEL CONSUMPTION AND CO2 EMISSIONS.

BMW M235i xDrive Gran Coupé:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 7.8–7.1
CO2 emissions in g/km (combined): 177–162

 

Official figures for fuel consumption, CO2 emissions, electricity consumption and electric range were determined in accordance with the prescribed measurement procedure and comply with Regulation (EU) 715/2007 as amended. WLTP figures take into account any optional equipment in the case of ranges. For vehicles newly type-approved since 01.01.2021, the official specifications exist only according to WLTP. Further information on the NEDC and WLTP measurement methods can be found at www.bmw.de/wltp

 

* Only available with optional M Performance package.

Дознајте повеќе

FUEL CONSUMPTION AND CO2 EMISSIONS.

BMW M235i xDRIVE:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 7.6-7.4
CO2 emissions in g/km (combined): 173-169

 

The values of fuel consumptions, CO2 emissions and energy consumptions shown were determined according to the European Regulation (EC) 715/2007 in the version applicable at the time of type approval. The figures refer to a vehicle with basic configuration in Germany and the range shown considers optional equipment and the different size of wheels and tires available on the selected model.

 

The CO2 efficiency specifications are determined according to Directive 1999/94/EC and the European Regulation in its current version applicable. The values shown are based on the fuel consumption, CO2 values and energy consumptions according to the NEDC cycle for the classification.

 

For further information about the official fuel consumption and the specific CO2 emission of new passenger cars can be taken out of the „handbook of fuel consumption, the CO2 emission and power consumption of new passenger cars“, which is available at all selling points and at https://www.dat.de/angebote/verlagsprodukte/leitfaden-kraftstoffverbrauch.html.

Дознајте повеќе

Потрошувачка на гориво и емисија на CO2.

  • BMW M235i xDrive Gran Coupé:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 7,8–7,1
    Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 177–162

    Официјалните податоци за потрошувачката на гориво, емисијата на CO2, потрошувачката на електрична енергија се одредени со прописите за мерење и во согласност со регулативата (EU) 715/2007 која се применува при хомологација на возилото. WLTP бројките (според тестот за Светска хомологација на лесни возила) ги земаат во предвид секоја дополнителна опрема. За ново одобрените возила од 01.01.2021, официјалните спецификации се достапни само согласно WLTP. Дополнителни информации за NEDC и WLTP методите на мерење можете да побарате на www.bmw.de/wltp

    * Достапно само со дополнителниот пакет M Performance.
     

Потрошувачка на гориво и емисија на CO2.

BMW M235i xDrive Gran Coupé:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 7,8–7,1
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 177–162

Официјалните податоци за потрошувачката на гориво, емисијата на CO2, потрошувачката на електрична енергија се одредени со прописите за мерење и во согласност со регулативата (EU) 715/2007 која се применува при хомологација на возилото. WLTP бројките (според тестот за Светска хомологација на лесни возила) ги земаат во предвид секоја дополнителна опрема. За ново одобрените возила од 01.01.2021, официјалните спецификации се достапни само согласно WLTP. Дополнителни информации за NEDC и WLTP методите на мерење можете да побарате на www.bmw.de/wltp

* Достапно само со дополнителниот пакет M Performance.

Дознајте повеќе