Алатката за управување со твојата дозвола за користење на колачиња е привремено недостапна. Затоа, може да недостасуваат некои функционалности за кои се бара да добивање согласност за користење колачиња.
THE M5
BMW СЕРИЈА 5 SEDAN M АВТОМОБИЛИ: МОДЕЛИ И ОПРЕМА
BMW M5 Competition, BMW M5 и BMW M550i xDrive Sedan – модели, опрема, детали и иновативни технологии.
BMW Серија 5 Sedan M Автомобилите се импресивно спортски лимузини со високи перформанси, со модерен и моќен изглед. Пронајдете ги сите факти тука за индивидуалните модели заедно со детали за карактеристиките на опремата и за карактеристичниот дизајн на М. Дополнително ќе откриете како моќните М мотори работат заедно со технологиите инспирирани од мотоспортските трки за да обезбедат врвни достигнувања во динамиката на возење. Опсегот на иновативни системи за помош на возачот и дигиталните услуги прикажува подеднакво напредно ниво на развој и е целосно фокусиран на удобност и безбедност.
СПОРЕДБА ПОМЕЃУ М АВТОМОБИЛИТЕ КАЈ BMW СЕРИЈА 5 SEDAN.
Спортските факти на прв поглед: погон, шасија, суспензија и перформанси.
BMW M5 Competition.
- Високо-перформансен BMW M TwinPower Turbo 8-цилиндричен бензински мотор со 625 КС
- M xDrive со Активен M диференцијал и 8-степена M Steptronic автоматска трансмисија со Drivelogic
- Ексклузивни М дизајн карактеристики и опрема
- 460 kW (625 КС), 750 Nm, 0–100 km/h за 3.3 sec
BMW M5.
- Високо-перформансен BMW M TwinPower Turbo 8-цилиндричен бензински мотор со 600 КС
- M xDrive со Активен М диференцијал
- 8-степена М Steptronic автоматска трансмисија со Drivelogic
- 441 kW (600 КС), 750 Nm, 0–100 km/h за 3.4 sec
BMW M550i xDrive Sedan.
- BMW M TwinPower Turbo 8-цилиндричен бензински мотор со 530 КС
- 8-степена Steptronic Sport автоматска трансмисија
- BMW xDrive
- 390 kW (530 КС), 750 Nm, 0–100 km/h за 3.8 sec
- BMW M5 Competition.
- BMW M5.
- BMW M550i xDrive Sedan.
BMW M5 COMPETITION И BMW M5: ПЕРФОРМАНСИ.
Преглед на технологиите на моторните единици и шасијата на BMW M5 Competition и BMW M5 инспирирани од мотоспортот.
Извонредните перформанси и динамика на BMW M5 Competition и BMW M5 се базираат на збир на високо развиени погонски системи и технологии на суспензија, инспирирани од мотоспортот. Без разлика дали патувате кон деловен состанок, на викенд патување по рурални патишта или бркајќи го Вашето најдобро лично време на тркачката патека, извонредната прецизност и агилност постојано ја дефинираат типичната М сензација при возењето.
BMW M TwinPower Turbo 8-цилиндричен бензински мотор.
M xDrive.
8-степена M Steptronic автоматска трансмисија со Drivelogic.
M MODE копче.
M Setup.
M Servotronic.
M Carbon керамички сопирачки.
M Sport издувен систем.
BMW M5 COMPETITION: ДИЗАЈН КАРАКТЕРИСТИКИ.
М карактеристични дизајн елементи во ентериерот и екстериерот на BMW M5 Competition.
Динамични, впечатливи детали во ревидираниот дизајн на BMW M5 Competition се однесуваат кон неговите гени во мотоспортот. Почнувајќи од предната страна со новата М бурежна решетка, рестилизирани предни светла и надвисок со нов дизајн, специфичните М карактеристики во Black high-gloss, го подвлекуваат карактерот на возилото со високи перформанси - од отворите М, преку надворешните М ретровизори, преку задниот М спојлер. Задните светла во ново руво и обновениот заден надвисок создаваат моќно финале. Во ентериерот, М акцентитте како што се мултифункционалните М спортски седишта, карактеристичната М инструмент табла или кожниот М спортски управувач со црвени лопатки за менување на брзините, го истакнуваат спортскиот карактер на пилотската кабина насочена кон возачот.
- Екстериер
- Ентериер
М бубрежна решетка.
M странични отвори.
M надворешни ретровизори.
М заден спојлер.
М карактеристични двојни издувни цевки.
Заден браник во Black high-gloss.
M мултифункционални спортски седишта.
М кожен спортски управувач.
Start/Stop копче.
М копче за избор на брзини.
M карактеристичен инструмент панел.
Лајсни на прагови со “M5 Competition” ознака.
ДИЗАЈН КАРАКТЕРИСТИКИ НА BMW M5.
Карактеристичен спортски талент ја исполнува модерната елеганција. На надворешноста, BMW M5 комбинира јасни линии со моќни пропорции за да создаде целокупна динамична слика. Украсен со хромирани елементи, како рамката на рестилизираната М бубрежна решетка, страничните М-отвори или ознаката М5, украсите на задната цевка поставени како оптички акценти. Силната поддршка доаѓа од опционалните 20" М алуминиумски наплатоци во Bicolour styling и M сопирачките достапни во Red или Black high-gloss. Спортскиот и модерен изглед продолжува и во внатрешноста. За возачот и патниците е простран врвен амбиент, импресивно најавен од осветлените лајсни на праговите со натпис М5. Во исто време, кабината ориентирана кон возачот со специфични М карактеристики како што е кожниот М спортски управувач, ергономски обликуваните M Sport седишта или специфичната М инструмен табла привлекува внимание кон атлетството на BMW M5. Голем контролен дисплеј со висока резолуција од 12,3", заедно со исклучителните обложувачи во ентериерот во Aluminium Carbon изведба, го заокружува модерниот карактер на ентериерот.
BMW INDIVIDUAL ЗА BMW M5.
BMW M5 е спортски седан кој комбинира високи перформанси, елеганција и модерност на импресивен начин. Интеракцијата помеѓу ексклузивните опции за опрема на BMW Individual дополнително го нагласува единствениот карактер на возилото. Изберете некоја од брилијантните бои на BMW Individual палетата, како што се металик боите илустрирани овде: „Aventurin Red“, „Alvit Grey“, „Frozen Bluestone“ и „Tanzanite Blue“. Во ентериерот, седиштата M Sport со најдобра кожа “Merino” го дефинираат спортскиот и луксузен амбиент. Меѓу опциите за целосна кожа за внатрешноста од BMW Individual се „Merino“ Smoke White / Black и „Merino“ Tartufo / Black. Висококвалитетните BMW Individual внатрешни лајсни како што се прикажани овде во: Piano finish Black, Plum Brown high-gloss или Fine-wood, комбинирано со BMW Individual кровната облога во Anthracite за да се заокружи фасцинантниот ентериер на BMW M5.
ДИЗАЈН И ВОЗНА ДИНАМИКА НА BMW M550i xDRIVE SEDAN.
Дизајн опции, технологии на погонска единица и шасија кај BMW M550i xDrive Седан - на прв поглед.
BMW M550i xDrive нуди инспиративна комбинација на импулсивен спортски карактер и удобна секојдневна употреба. Избраните погонски компоненти и компонентите на динамиката на возење, како што е изборната М адаптивна суспензија заедно со моќниот BMW M TwinPower Turbo V8 мотор со 530 КС (390 kW) гарантираат високо ниво на динамика на возење, притоа обезбедувајќи оптимална стабилност за време на возењето. На надворешноста, ексклузивните елементи во Cerium Grey даваат дополнителен карактер, додека опремата како што е М Аеродинамчниот пакет, М Sport сопирачките во Red или М Sport мултифункционалните седишта за возачот и совозачот го подвлекуваат спортскиот карактер на возилото.
- Динамика при возење
- Дизајн
BMW M TwinPower Turbo 8-цилиндричен бензински мотор.
Адаптивна суспензија М Professional.
М Аеродинамичен пакет.
M Sport сопирачки.
M Sport диференцијал.
BMW Laser светла.
Трапезоидни издуви.
BMW Individual high-gloss Shadow Line.
Спортски седишта за возач и совозач.
BMW СЕРИЈА 5 SEDAN М АВТОМОБИЛИ: ПОВРЗАНОСТ И ПОМОШ ЗА ВОЗАЧОТ.
Иновативни технологии и системи за помош на возачот за максимална удобност и безбедност.
Без оглед на тоа дали ви треба интелигентен асистент за да ги прочитате Вашите e-mail пораки кога патувате или сакате да ги контролирате забавните и деловните функции во Вашето возило со допир на големиот екран, BMW Серија 5 Sedan M Автомобили ви нуди широк сет на иновативни карактеристики и системи за помош за да го направат Вашето патување уште побезбедно и поудобно. Следните опции Ви овозможуваат да ги истражите избраните карактеристики на опремата од областа на забава, деловно работење, помош на возачот и поврзување.
- Забавни и деловни карактеристики
- Поврзување и помош на возачот
BMW Live Cockpit Professional.
Smartphone integration.
Bowers & Wilkins Diamond surround sound system.
Reversing Assistant.
Driving Assistant Professional.
FUEL CONSUMPTION AND CO2 EMISSIONS.
BMW M5 Competition:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 10.6–10.5
CO2 emissions in g/km (combined): 242–239
BMW M5:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 10.6–10.5
CO2 emissions in g/km (combined): 242–239
BMW M550i xDrive Sedan:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 10.0–9.7
CO2 emissions in g/km (combined): 229–221
The information on fuel consumption, CO2 emissions and energy consumption has been determined in accordance with the prescribed measurement procedure VO (EU) 715/2007 in the version applicable at the time of type approval. The figures refer to a vehicle with basic configuration in Germany and the range shown considers optional equipment and the different size of wheels and tires available on the selected model.
Further information about the official fuel consumption and the official specific CO2 emissions for new passenger automobiles can be found in the 'New Passenger Vehicle Fuel Consumption and CO2 Emission Guidelines', which are available free of charge at all sales outlets and from DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany and on https://www.dat.de/co2
The values are already based on the new WLTP regulation and are translated back into NEDC-equivalent values in order to ensure the comparison between the vehicles. For vehicle related taxes or other duties based (at least inter alia) on CO2-emissions the CO2 values may differ to the values stated here.
Потрошувачка на гориво и емисија на CO2.
BMW M5 Competition:
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 10.6–10.5
Емисија на CO2 во g/km (комбинирано): 242–239BMW M5:
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 10.6–10.5
Емисија на CO2 во g/km (комбинирано): 242–239BMW M550i xDrive Sedan:
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 10.0–9.7
Емисија на CO2 во g/km (комбинирано): 229–221Информациите за потрошувачката на гориво, емисиите на СО2 и потрошувачката на енергија се утврдени во согласност со пропишаната постапка за мерење VO (EU) 715/2007 во верзијата што се применува за време на одобрувањето на типот. Бројките се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија и прикажаниот опсег ја разгледува опционалната опрема и различната големина на тркалата и гумите достапни на избраниот модел.
Дополнителни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични емисии на СО2 за нови патнички автомобили може да се најдат во „Упатствата за потрошувачка на гориво за нови патнички возила и Упатства за емисија на СО2“, кои се достапни бесплатно на сите продажни места и од ДАТ Дојче автомобил Треуханд GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Остфилдерн, Германија и на https://www.dat.de/co2
Вредностите се веќе засновани на новата регулатива за WLTP и се преточени во NEDC-еквивалентни вредности со цел да се обезбеди споредба помеѓу возилата. За даноците или другите давачки поврзани со возилата засновани на емисии на СО2, вредностите на СО2 може да се разликуваат од вредностите наведени овде.