Алатката за управување со твојата дозвола за користење на колачиња е привремено недостапна. Затоа, може да недостасуваат некои функционалности за кои се бара да добивање согласност за користење колачиња.
BMW X7 M60i xDrive
Новиот BMW X7 M60i xDrive импресионира со високите перформанси, карактеристичен дизајн на M автомобил и врвна функционалност.
- M TwinPower Turbo V8-цилиндарски бензински мотор испорачува сила од 390 kW (530 КС)*.
- Бројни надворешни и внатрешни дизајнерски елементи со карактеристичен M-стил.
- Возачот и неговите патници ќе уживаат во беспрекорната пространост и комфор во трите реда седишта во спортско-елегантниот амбиент.
*Сите вредности се прелиминарни.
BMW X7 M60i xDRIVE: ПЕРФОРМАНСИ.
Погонска единица, суспензија и перформанси.
BMW X7 M60i xDrive.
- M TwinPower Turbo V8-цилиндарски бензински мотор со 530 КС*
- 8-степен Steptronic Sport менувач
- 2-осна воздушна суспензија со М-спецификација
- 390 kW (530 КС), 750 Nm, 0-100 км/ч за 4.7 сек*
BMW X7 M60i xDRIVE – КАРЕКТЕРИСТИКИ НА ПРОИЗВОДОТ.
ВОЗНА ДИНАМИКА И ОДЛИКИ НА ДИЗАЈНОТ НА BMW X7 M60i xDRIVE.
- Динамика
- Надворешност
- Внатрешност
M TwinPower Turbo V8-цилиндарски бензински мотор.
M TwinPower Turbo V8-цилиндарски бензински мотор ги комбинира иновациите како што се двојни турбополначи со електрични вентили за испуштање, попречна грана за издувни гасови и уште помоќна електроника на моторот со проверени BMW системи. Сето тоа обезбедува импресивни карактеристики во перформанси во комбинација со високата ефикасност и ниските емисии.
M-спецификација на суспензија.
M-спецификација на 2-осовинско воздушно потпирање овозможува особено удобно возење и висока динамика при возењето. Итегралното активно управување на задните тркала кои го споделуваат управувањето дополнително ја зголемува агилноста и маневрирањето.
M Sport диференцијал.
M Sport диференцијалот ја оптимизира тракцијата и стабилноста при возењето при менување на лента или при забрзување на излез од свиок, влегување во свиок при поголема брзина или на разни видови подлоги. Тракцијата е оптимизирана со помош на електронски управуван уред кој ја намалува разликата во брзината на вртење помеѓу задните тркала.
Дизајн на преден дел.
Новата интерпретација на двојни фарови со функција на поделени светла искажува дека BMW X7 M60i xDrive припаѓа на луксузната класа на BMW. Бубрежната решетка со M лого и надворешните ретровизори со M дизајн и двојни шипки непогрешливо сигнализираат за неговата М карактеристична динамика.
Поглед отстрана.
Со своите динамички контури и нагласените површини во црна боја со висок сјај, BMW X7 M60i xDrive изгледа авторитативно спортски од поглед отстрана. Ексклузивното M лого веднаш до отворите за воздух исто така го потенцираат неговиот спортски карактер од оваа перспектива.
Дизајн на задниот дел.
Благодарение на неговата широчина, карактеристичните двојни издувни цевки и ексклузивниот логотип на моделот, задниот дел на возилото непогрешливо ги открива извонредните перформанси на BMW X7 M60i xDrive.
M кожен управувач.
M кожен управувач со трокрак дизајн, со мултифункционални копчиња, M ознака и интегрирано воздушно перниче за возачот. Засилениот раб на управувачот преслечен е во ‘Walknappa’ црна кожа, со штепови во M боите и обликувани потпирачи за палците, отсликува спортско и директно чувство на управување – не само благодарение на интегрираните лопатки за менување на брзините.
BMW заоблен дисплеј и M-специфична светлосна лента.
BMW заоблениот дисплеј комбинира 12.3 инчен дисплеј за кластерот на инструменти и 14.9 инчен контролен дисплеј осетлив на допир и овозможува целосен преглед на сите поважни информации. Новета светлосна лента, односно Light Bar, се протега под украсната лајсна и инспирира со својата призматична структура и екслкузивниот M-специфичен стил.
7 седишта.
BMW X7 M60i xDrive стандардно има седум седишта. Како опција е достапна верзија опремена со 6 седишта. И благодарение на двете индивидуално подвижни и прилагодливи поединечни седишта во вториот ред, вашите задни патници уживаат поголемо ниво на удобност.
СПОРТСКИ ИМПРЕСИИ НА X7 M60i xDRIVE.
КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАДВОРЕШНИОТ ДИЗАЈН НА BMW X7 M60i xDRIVE.
ИЗРАЗЕН ПРЕДЕН ДЕЛ СО МОЌНИ И ПРЕПОЗНАТЛИВИ ОТВОРИ ЗА ВОЗДУХ.
ИЗВОНРЕДНО ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДИЗАЈН НА ПОВРШИНИТЕ И ВИДЛИВА ПРОСТРАНОСТ.
СПОРТСКИ И МОДЕРЕН ИЗГЛЕД НА ЗАДНИОТ ДЕЛ.
M КАПАЧИЊА ЗА РЕТРОВИЗОРИТЕ ОД КАРБОНСКИ ВЛАКНА.**
М МУЛТИФУНКЦИОНАЛНИ СЕДИШТА.
Преден дел BMW X7 M60i xDrive G07 LCI Frozen Marina Bay Blue во мирување одблизу
BMW X7 M60i xDrive G07 LCI Frozen Marina Bay Blue во мирување поглед одгоре
BMW X7 M60i xDrive G07 LCI Frozen Marina Bay Blue поглед одзади во возење
BMW X7 M60i xDrive G07 LCI M капачиња за ретровизорите од карбонски влакна
BMW X7 M60i xDrive G07 LCI M мултифункционални седишта
ИЗРАЗЕН ПРЕДЕН ДЕЛ СО МОЌНИ И ПРЕПОЗНАТЛИВИ ОТВОРИ ЗА ВОЗДУХ.
ИЗВОНРЕДНО ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДИЗАЈН НА ПОВРШИНИТЕ И ВИДЛИВА ПРОСТРАНОСТ.
СПОРТСКИ И МОДЕРЕН ИЗГЛЕД НА ЗАДНИОТ ДЕЛ.
M КАПАЧИЊА ЗА РЕТРОВИЗОРИТЕ ОД КАРБОНСКИ ВЛАКНА.**
М МУЛТИФУНКЦИОНАЛНИ СЕДИШТА.
ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН НА НОВИОТ BMW X7 M60i xDRIVE.
ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН НА НОВИОТ BMW X7 M60i xDRIVE.
BMW X7 M60i xDRIVE: КОКПИТ И ТЕХНОЛОГИИ.
M-СПЕЦИФИЧНИ ИНСТРУМЕНТИ, ИНТУИТИВЕН КОНЦЕПТ НА РАКУВАЊЕ, ДИГИТАЛНИ УСЛУГИ И СИСТЕМ ЗА ИНТЕЛИГЕНТНА АСИСТЕНЦИЈА ВОЗАЧОТ КАЈ BMW X7 M60i xDRIVE.
- M-специфични инструменти и концепт на ракување
- Поврзување и дигитални услуги
- Помош на возачот
Кокпит.
M-специфичната табла со инструменти и светлосната лента (Light Bar) со M логотип секогаш видливо ги обезбедуваат важните информации за да можете за уживате во ексклузивното, модерно и дигитално искуство при возење додека сте во кокпитот.
BMW Live Cockpit Professional.
Стигнете до вашата дестинација уште поудобно и побезбедно: BMW Live Cockpit Professional додава повеќе корисни функции на BMW Live Cockpit Plus. Head-up дисплејот проектира информации релевантни за возење директно во вашето видно поле. Проширениот приказ сликовито ги прикажува упатствата дадени од системот за навигација во видео-слика во живо од реалната средина.
BMW iDrive.
Благодарение на BMW iDrive и конфигурабилниот оперативен систем на BMW 8, уживате во целосно интуитивно корисничко искуство. Лесно и природно комуницирајте со вашиот нов BMW X7 M60i xDrive со допир, глас, мултифункционален управувач или преку Intelligent Personal Assistant.
Smartphone integration.
Зошто да се лишувате од можностите на вашиот паметен телефон во вашето BMW кога можете да продолжите да го користите како и обично? Smartphone integration го поврзува вашиот паметен телефон безжично со вашето возило преку Apple CarPlay и Android Auto. Ова ви овозможува практично да користите функции и различни апликации директно преку контролниот дисплеј.
Comfort Access.
Comfort Access овозможува отворање на сите врати на возилото и багажниот простор, без користење на клучот. Кога се приближувате, поздравот за добредојде се активира дури и пред да се отклучат вратите автоматски. Можете дополнително да го поставите BMW Digital Key на паметен телефон − доколку е компатибилен − или да го користите Key Card за пристап и стартување на возилото.
Driving Assistant Professional.
Вистински сеопфатен: Driving Assistant Professional не само што ја одржува саканата брзина и растојанието со возилото напред, туку и го одржува вашето BMW на вистинскиот пат со интервенции во управувањето. Ова го ублажува напорот, особено на подолги патувања. Другите функции ви помагаат да избегнете судири и надминување на ограничената брзина.
Parking Assistant
Parking Assistant ви го олеснува паркирањето и маневрирањето на тесни места. Камерата за помош при возење во рикверц, сензорите за растојание и функцијата за итно сопирање го спречуваат оштетувањето при паркирање. Покрај тоа, вашиот BMW препознава соодветни места за паркирање додека возите и автоматски се паркира доколку е потребно. Практично: Помошникот за возење во рикверц, на пример, ви помага во тесните патчиња.
BMW Drive Recorder.
BMW Drive Recorder ви овозможува да снимате видео од околината на возилото и да го прикажете видеото на централниот контролен дисплеј или да го преземете преку мемориско стапче, исто така, на вашиот уред. Важните информации за возилото како што се брзината и положбата на GPS се складираат синхронизирано со видеото. BMW Drive Recorder има две подфункции, снимач на настани и снимач на несреќи.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ НА BMW X7 M60i xDRIVE.
BMW X7 M60i xDrive.
Можност на моторот во kW (КС): | 390 (530) |
Забрзување од 0 до 100 км/ч во сек.: | 4,7 |
Потрошувачка на гориво (комбинирано) во л/100 км: | 12,9-12,1 |
Емисија на CO2 (комбинирано) во г/км: | 292–274 |
ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ ЗА НОВИОТ BMW X7 M60i xDRIVE.
Со оригиналните додатоци на BMW, го приспособувате вашето BMW на вашите лични желби: производите се совршено усогласени со BMW X7 M60i xDrive во однос на квалитетот, дизајнот и перформансите.
21-инчни BMW тркала од лесна легура со Y краци 752 Jet Black, комплетно зимско тркало со RDCi.
Висококвалитетно 21" BMW тркало од лесна легура со Y-краци 752 во Jet Black боја. Комплетно зимско тркало TPMS со пневматик за отпуштање, големина на тркалото 9,5J x 21. Не е во комбинација со синџири за снег.
BMW покривeн багажник 520 црн/титаниум сребрен.
Црниот/титаниумско сребрен покривен багажник што може да се заклучува, достапен од двете страни со капацитет од 520 литри, компатибилен со сите BMW системи на покривни багажници.
BMW закачалка за облека за Travel & Comfort System.
Закачалката за облека може да се прикачи во основниот носач или во опционата опрема Travel & Comfort и може да се користи и надвор од автомобилот.
ФИНАНСИРАЊЕ И ЛИЗИНГ ЗА BMW X7 M60i xDRIVE.
Потрошувачка на гориво и емисии на CO2.
BMW X7 M60i xDrive*:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 12,9-12,1
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 303-278* Сите бројки се прелиминарни вредности.
Официјалните бројки за потрошувачката на гориво, емисиите на CO2, потрошувачката на електрична енергија и електричниот опсег беа утврдени во согласност со пропишаната процедура за мерење и се во согласност со Регулативата (ЕУ) 715/2007. Бројките на распонот во WLTP ја земаат предвид секоја дополнителна опрема. За новоодобрените возила од 01.01.2021, официјалните спецификации се достапни само согласно WLTP. Дополнителни информации за методите за мерење NEDC и WLTP може да се најдат на www.bmw.de/wltp
** Опремата е достапна дополнително
Потрошувачка на гориво и емисии на CO2.
BMW X7 M60i xDrive*:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 12,9-12,1
Емисија на CO2 во г/км (комбинирано): 292-274
* Сите бројки се прелиминарни вредности.
Официјалните бројки за потрошувачката на гориво, емисиите на CO2, потрошувачката на електрична енергија и електричниот опсег беа утврдени во согласност со пропишаната процедура за мерење и се во согласност со Регулативата (ЕУ) 715/2007. Бројките на распонот во WLTP ја земаат предвид секоја дополнителна опрема. За новоодобрените возила од 01.01.2021, официјалните спецификации се достапни само согласно WLTP. Дополнителни информации за методите за мерење NEDC и WLTP може да се најдат на www.bmw.de/wltp
** Опремата е достапна дополнително