bmw

КОНСУЛТАНТ ЗА ПРОДАЖБА НА АВТОМОБИЛИ

Опис на работно место:

  • Врши анализа на потребите на посетителите, го конфигурира производот кој одговара на барањата и подготвува понуда за најсоодветниот модел на автомобил
  • Директно влијае врз зголемување на продажбата, преку задоволување на потребите и креирање уникатно искуство за секој потенцијален клиент
  • Ги познава темелно производите и карактеристиките на BMW и МINI автомобилите, преговара со потенцијалните клиенти и е одговорен за остварената продажба
  • Врши тест возења и демонстрација на карактеристиките на автомобилите
  • Стекнува нови клиенти, гради пријателства и се грижи за растот на потенцијалните и лојалноста на постоечките клиенти
  • Ги подржува маркетинг активностите и соработува со членовите на тимот за да се постигнат продажните цели
  • Ја евидентира продажбата и залихите, врши административни процедури и се грижи за релевантната документација потребна за да се обработи успешна продажба
  • Ја координира испораката/предавањето на возилото

 

Потребни квалификации:

  • Одлични комуникациски, презентациски и продажни вештини, со афинитети кон автомобилите
  • Интерперсонални вештини; аналитички вештини, фокусираност кон резултати, дисциплинираност и способност за решавање на проблеми
  • Динамичност, флексибилност и подготвеност за учење
  • Со средна/висока стручна спрема
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Напредно владеење на англиски јазик
  • Познавање на оперативно работење (MS Office)
  • Со или без работно искуство
  • Возачка дозвола Б категорија

 

Доколку сте заинтересирани, можете да ја испратите вашата биографија (CV) на е-mail адресата: hr@m-car.mk со наслов: Консултант за продажба на автомобили, најдоцна до 15.03.2024.

Дознајте повеќе